31.5.09 оваа недела со почеток во 19Ч ќе се одржи 18 годишна конференција на УМС

Статус
Затворена за нови мислења.

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 4 Мај 1991 година со одлука на партискиот Конгрес во Прилеп. Таа претставува континуитет на историската младинска организација која ги ширела идеалите за независна и самостојна Република Македонија.

Низ годините, Унијата на млади сили прерасна во носечка сила на ВМРО-ДПМНЕ, сила која ја движи партијата напред кон нови победи и успеси. Работата и напорот на сите досегашни членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е видлива во сегашниот капацитет и подготвеност на УМС да игра значајна улога во животот на младите луѓе. Многу големи жртви, издржливост, трпеливост и пред се, љубов, верба и надеж се во темелот на најјаката младинска организација во Македонија – Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа решивме да го создадеме овој документ кој ќе претставува наш компас во понатамошниот наш политички развој.

Во овој наш документ ќе бидат вклопени принципите на нашето делување нашите визии идеи и планови за делување како и досегашните успеси на УМС на меѓународен план.

ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ е начин на живот. ВМРО е код, код запишан во гените кај секој еден од вас, кај секој еден од нас!

Четирите свети букви В М Р О се она нешто што не прави горди и силни!

Без запирање продолжуваме во остварувањето на вековните сонови и идеали.

За идеите на нашите предци и судбината на нашите деца, продолжуваме!

Ние членовите на Унијата на Млади Сили на Вмро Дпмне горди сме што сме членови на најмоќната младинска организација и со гордост продолжуваме понатаму:helou:
Покана до сите форумџии да присуствуваат на годишната конференција ќе биде преполно и феноменално:vozbud:
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Утре во 18 и 30 куќниот совет од зграда 48 ке се состане пред 2ри влез за да одлучи дали треба да се најде нова чистачка или се задоволни со истата. Куќниот совет работи веќе 15 години без прекин и симбол на унитарство и одлична комуникација. Се покануваат сите комшии од соседните згради да видат како работи еден вистински куќен совет.

Аман! Малце е веќе преку глава од секакви партиски глупости да се даваат на форумов.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Дали ќе го поканите Филип Петровски како поранешен претседател на УМС?

Или Филип да не отиде кај глупакот Љубе Бошковски?
 
Јордан Мијалков

Вмро Засекогаш
Член од
8 март 2009
Мислења
228
Поени од реакции
15
Дали ќе го поканите Филип Петровски како поранешен претседател на УМС?

Или Филип да не отиде кај глупакот Љубе Бошковски?

Мислам дека и тој ќе биде таму.Не е активен во партија меѓутоа е член(почесен)на Вмро Дпмне и директор на библиотеката од редовите на Вмро Дпмне.
Инаку нека ни е честита годишнината и нека е за многу години.

МЛАДИ ЗА КОИ НЕМА ГРАНИЦИ-УМС ВМРО ДПМНЕ:smir:
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
zosto be davite za vakvi totalno bespotrebni informacii?
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
убав помин на пиенката. само, некое прашање до пио пжс.
1.од кога сфати дека си вмровец?
2.дали имаш миленце со лавче по дома?
3.дали "С..З..Ш.." значи "СМРТ ЗА Албанци"???

п.с. ми се допаѓа она "преполно и феноменално".
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Унија на млади плакатолепачи.
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Млади за кои нема граници...освен мозочни. Блазе си им на вашите деца со ваква иднина. Гледајте што побрзо да ги регрутирате, уште како фетус изгравирајте им ВМРО у DNA-та, да не случајно помислат да не бидат ВМРО. Па децата на иднината да бидат дегенерици, наместо XY хромозоми да имаат ВМ и РО.

Ме интересира само каков ви е тој начин на живот...лепи-марширај, лижи гз-лади к*р, и така ти е обезбедена иднината....
 
Член од
24 јануари 2009
Мислења
229

pio-pzs имаш нешто да додадеш или искоментираш?

п.с. му го спушти еј :smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Млади за кои нема граници...освен мозочни. Блазе си им на вашите деца со ваква иднина. Гледајте што побрзо да ги регрутирате, уште како фетус изгравирајте им ВМРО у DNA-та, да не случајно помислат да не бидат ВМРО. Па децата на иднината да бидат дегенерици, наместо XY хромозоми да имаат ВМ и РО.

Ме интересира само каков ви е тој начин на живот...лепи-марширај, лижи гз-лади к*р, и така ти е обезбедена иднината....
Одговор од широките вмровски маси... ќе се видиме за 10 години. Ти ќе бидеш пред, јас во парламент. :baeh:

Ти ќе гаѓаш со јајца, ја ќе им го стаам на сите надвор сосе јајца. (Ова не е навреда, само реалност... за жал)
Нудл, не е лично знаеш, само ја доловувам ситуацијата...
 
noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Одговор од широките вмровски маси... ќе се видиме за 10 години. Ти ќе бидеш пред, јас во парламент. :baeh:

Ти ќе гаѓаш со јајца, ја ќе им го стаам на сите надвор сосе јајца. (Ова не е навреда, само реалност... за жал)
Нудл, не е лично знаеш, само ја доловувам ситуацијата...

Знам дека не е лично, и тоа е проблемот. Ама мене не ми е срам да признаам. Исто како што не ми е срам тоа што не сум дозволила да ме регрутираат и да ме направат нечија копија, нечиј робот и војник само за да имам место во парламент.

Одамна ми е познато дека кај нас во политика влегуваат луѓе кои немаат цел во животот. Ама кога ќе видам 16-годишни деца кои се клањаат пред некои квази-идеали, тек тогаш се прашувам што не е во ред со светов.

И ајде, слободно кренете се на анти-noodlовско востание, разбацајте тоа црвенките. Нека умрат комуњарите! Ти pio-pzs погрижи се од секој твој соработник да добијам по минимум 3 црвенки, а од тебе уште чекам да ме вееш како знаме. Ќе ве оставам да ме победите, макар и виртуелно. :smir:
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Дали ќе го поканите Филип Петровски како поранешен претседател на УМС?

И мене ме интересира не толку ова, колку што ме интересира дали ќе биде поканет и еден од основачите на УМС...Виктор Канзуров. ?
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
И мене ме интересира не толку ова, колку што ме интересира дали ќе биде поканет и еден од основачите на УМС...Виктор Канзуров. ?

Ова е вистина?
Ако е, тогаш навистина многу г.... поминале (и поминуваат) во таа вмро
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Зошто да не е вистина...? И Бичиклиски е еден од основачите заедно со Канзуров..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom