- Член од
- 2 октомври 2008
- Мислења
- 1.016
- Поени од реакции
- 50
30.04.2009 17:16
Ова се крвавите траги од повредите на двајцата браќа во кои беше пукано попладнево, овде на раскрсницата близу Бит Пазар.
Еден е ранет во раката, вториот во ногата. Во нив стрелале нивни познаници. Неофицијално на пукањето му претходела расправија, поради долг не поголем од две илјади евра. Меѓу двете семејства подолго време постоела нетрпеливост.
Откако не можеле да се разберат, извадиле оружје и почнале да пукаат. Повредените завршиле во Гратската Болница, другите двајца побегнале.
„Двете повредени лица се хоспитализирани, повредите им се санирани и двајцата се контактибилни. Ќе останат во болницата на понатамошно лекување“, изјави Виктор Камиловски, директор на Градска Болница.
Инспекторите на Крим техника разговараа и со повредените. Од болницата го подигнаа извадениот куршум и облеката, за понатамошно вештачење. на раскрсницата каде беше пукано во двајцата беа подигнати повеќе чаури. Одделот за балистика во МВР, треба да утврди дали е пукано од еден или повеќе пиштоли. Полицијата ги бара напаѓачите.
извор а1