Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Националната програма за усвојување на правата на Европската унија, претставува клучен документ за процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.
“Тука е изразена динамиката на усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија, како и динамиката на јакнењето на административните капацитети, односно на прилагодувањето на националните институции за да излезат во пресрет на предизвиците кои што ги нуди членството во Европската унија“, рече Ивица Боцевски на денешната прес-конференција.
На програмата работеле повеќе работни групи, составени од претставници на сите министерства, институции и органи на државната управа. Документот е широка рамка, претходно доставена за мислење на 65 институции во рамките на системот на Македонија.
“Она што е клучно и критично врзано со Националната програма е дека таа претставува добра почетна основа за скрининг на законодавството како и добра почетна основа за отпочнување на преговорите за членство на Македонија во Европската унија“, рече Боцевски.
Програмата ја следи структурата на копенхагенските и на мадридските критериуми, информира Боцевски, а поделена е на политички критериуми, потоа економски критериуми, како и способност да се преземат обврските кои произлегуваат од членството, јакнење на административните капацитети за пристапување кон ЕУ, како и информирање и комуникација на јавноста за процесот на интегрирање на Македонија во Европската унија во вкупно 33 поглавја.
“Секој од наведените делови ја кажува тековната состојба во Македонија, односно пресек во определеното подрачје што е направено до сега, како и планираните краткорочни и среднорочни приоритетни активности во однос на административно зајакнување и во однос на усогласување со законодавството. Во делот на законите, за 2009 година има предвидено донесување на вкупно 100 закони, што значи дека во наредниот период ќе ни останат уште 67 закони, откако ќе се кломплетираат овие 100 закони и со што ќе ја исцрпиме НПА матрицата се разбира, тука станува збор за жива материја, европското законодавство е жива материја и секако ќе направиме соодветна ревизија“, вели Боцевски.
НПА претставува интегрален документ, со којшто се настојува да се постигне синтеза на сите обврски и препораки на Европската унија во еден документ.
Документот е одговор на повеќе документи, како на наодите коишто се изнесени во Извештајот за напредок на Република Македонија во 2008 година, понатаму Скицата за реализација на препораките содржани во Извештајот, обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и приоритетите наведени во одлуката на Советот за партнерството за пристапување. Дел од работните групи, како работните групи за животна средина и конторола на безбедност на храна веќе се вклучија во процес на претскрининг на законодавството на Европската комисија.
НПА прват беше презентиран во 2006 година, првата ревизија беше во 2007 година, па во 2008 година, а денешната ревизиија на документот е најнова.
Извор:http://forum.com.mk/#_tools/article/2182/view
:nesvest::nesvest::nesvest:
Без датум за ЕУ,а со СТО нови ЕУ закони