- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Грчките националисти тргнаа против Македонците во Воден
Грчките националисти ја зедоа на заб новоформираната организација „Образовно и културно движење на Воден“, која планира да отвори приватно училиште во Воден во кое ќе се учи македонски јазик. На грчките блогови веќе осамнаа статусот на организацијата, имињата и неколку телефонски броеви и адреси на нејзините основачи, како и жестоки обвинувања дека движењето е политички мотивирано и оти планира да држи курсеви во Воден, каде што ќе се предава „нивниот мајчин бугарски јазик“. Дел основачи на движењето потврдуваат дека и на интернет-страницата на организацијата веќе пристигнале напади од страна на грчките националисти. Петре Казиев, поранешен член на раководството на Виножито, кој е еден од основачите на движењето, вели дека веќе ги добиле првите грчки реакции.
- Не само на блоговите туку и на нашиот веб-сајт пристигнуваат реакции - вели тој.
Казиев одби да коментира зашто никаде во статутот на движењето, кое всушност е регистрирано како непрофитна компанија, не стои зборот „македонски“. Во статутот пишува дека „Образовното и културно движење на Воден“ ќе се залага за промоција на културното и историско наследство преку соработка со други движења во регионот преку организирање културни настани, театарски претстави, конгреси и промоција на книги.
Ова пак беше причина грчките националистички кругови да им препорачаат на грчките судови да го забранат движењето, затоа што ја криело вистинската намера - да организира курсеви по македонски јазик, која тие ја прочитале на еден од сајтовите на македонската дијаспора. Казиев вели дека движењето за еден месец ќе почне со иницијативата за отворањето на училиштето. Наспроти тврдењето на дел од Македонците од Леринско дека малкумина ќе се осудат да ги пуштат децата да учат македонски јазик од страв дека тоа ќе имаат последици од грчките власти, Казиев вели дека курсевите ќе се организираат локално во Воден и оти нема причина да се плашат. Македонците од Грција пред неколку години доаѓаа да го учат македонскиот јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, кој еднаш годишно се одржува во Охрид.
Сепак, во последните три години, како што објаснува директорката на семинарот Емилија Црвенковска, ниту еден Македонец од Грција не се пријавил да присуствува.
- Постои страв да се пријават зашто потоа се соочуваат со проблеми, а некои од нив дури тајно одат на семинарот - вели Атанас Парисис од Виножито.
Извор Нова Македонија
И ова се случува во Европа во 21век...