Што не ми се допаѓа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата kolize
  • Време на започнување Време на започнување
Па таков им е ставот зошто не излезат да речат десната рака ја даваме името не го даваме, не мора официјално можи и неофицијално(ќе го прифатам и тоа) како што прави ВМРО ДПМНЕ :toe:.
Што прави ДПМНЕ ?
 
Што прави ВМРО ДПМНЕ ?
Си зедов за право да го допишам името на владејачката партија и да те информирам за тоа (тоа е целосното име), за да не грешиш во иднина.

Одговорот веќе ти го дадов, кажи ми кои зборови ти се непознати да ги побарам во толковниот речник на Зозе Мургоски :).
 
Па таков им е ставот зошто не излезат да речат десната рака ја даваме името не го даваме, не мора официјално можи и неофицијално(ќе го прифатам и тоа) како што прави ВМРО ДПМНЕ :toe:.


Мислиш на Република Македонија (Скопје) ? Пријателе исти сој се сите верувај ми! Денот се ближи( мада не сакам да верувам) кога ќе ни се спровне нечија идеја во вид на референдум :smir:
 
Си зедов за право да го допишам името на владејачката партија и да те информирам за тоа (тоа е целосното име), за да не грешиш во иднина.
A јас си земам за право да те информирам во иднина да не корегираш мои цитати.
Одговорот веќе ти го дадов, кажи ми кои зборови ти се непознати да ги побарам во толковниот речник на Зозе Мургоски :).
Кој е одговорот ? Свесно лажење ?
 
Ете така слепецу...како ќе гледаш што прави кога си заостанат...
Ништо не си поразличен од оние шупците со чива слика се гордееш овде на форумов.
 
И на мали деца им е јасно дека и ние и грција глумиме преговори. За име, нација, јазик, идентитет не се преговара. Имаме право како сакаме да си се нарекуваме, тоа право од Бога ни е дадено а е запишано во Универзалната декларација за човекови права при ОН. Еве едно клипче следствено натоа :toe:

 
Не ми се допаѓа кога луѓето одат во природа, распалуваат скара на ново место, се журкаат слатко со саати и на крај оставаат пирамида од ѓубре што може да биде ставено во гепек и однесено дома. Бев два дена на планина и се разочарав како кај луѓето нема осет за такви работи. Овие луѓе имаат нула одговорност за било што.
 
Ѓубре тема бре!...како може да му најдете маана на најсветото парче земја во светот ццц...материалисти тешки...
 
Се урна браната во Рапеш градена предизборно
Битола - Се урна браната на Маковска Река кај мариовското село Рапеш што беше градена предизборно. Жителите се крстат во господ што настанот се случил во текот на ноќта и помина без последици за луѓето и за стоката.

Браната во Рапеш се изгради со цел на жителите да им овозможи континуирано напојување на стоката, бидејќи овој крај е сушен во текот на летото. За овој проект Општина Новаци од касата потроши околу 3,5 милиони денари. Градоначалникот на Новаци, Лазо Котевски, вели дека од идната недела ќе се гради нова брана на трошок на изведувачот.

Жителите на Рапеш обвинуваат дека браната била направена нестручно и набрзина колку да се покажела Општината пред избори дека нешто се работи во мариовските села. Со вода била наполнета помеѓу двата изборни круга. Изградба на браната Мариовци ја чекале со децении, мислејќи дека таа ќе им ги реши проблемите со сушата. Но, наместо тоа, велат дека можело да се случи трагедија.

„Среќа што се случи ноќта, оти ако беше во текот на денот, ќе отидеа и стоката и луѓето. Оти секој ден сме тука на овој терен.

Ова е објект без темел. Тоалет не може да се гради без темел, а не ваков капитален објект. Ако вака се гради, многу е опасно не само за нас туку за сите жители од овој крај. За брана треба да се употреби соодветен материјал, глина, а не што било. Треба да има и соодветен надзор“, обвинува Зоран Трајковски, жител на Рапеш.

Тој се сомнева дека една од причините за уривањето на браната е нестручноста на тимот што ја градел. „Тука работеа неколку луѓе кои не беа стручни. Обични луѓе како мене, возачи. Попушти и почна да тоне. Уште ненаполнета, насипот не беше ист на двете страни. Дојде денот да се направи, ама не беше безбедна“, вели Трајковски. Откако браната се урнала, селаните ја алармирале Општината.

Градоначалникот Котевски вели дека за уривањето на браната одговорност имаат и жителите.

„Браната во Рапеш беше дел од стратегијата за развој на руралните општини. Според проектот што беше направен, таа требаше да биде висока четири метри и тогаш ќе издржеше. Но, по инсистирање на локалното население, бидејќи ќе немало доволно вода, ја кренавме уште два метра и покрај тоа што не се согласуваше главниот надзор. И не издржа. Тука влијаеја и временските услови. Оваа пролет имаше многу вода од дождовите и притисокот не издржа, зашто беше земјена брана набиена со камен. Одводниот канал, кој исто така беше планиран на три метри, а се крена на 4 метра придонесе да не издржи браната“, објаснува Котевски. Тој најавува дека сите трошоци за изградба на нова брана ќе ги преземе изведувачот.

„Изведувачот има одговорност да ја изгради повторно браната, почнуваме од вторник со нови параметри и со нови пресметки“, најави Котевски. (А.Б.

files


VladoBuckovski1.jpg


LjubcoGeorgievski.jpg
 
„Браната во Рапеш беше дел од стратегијата за развој на руралните општини. Според проектот што беше направен, таа требаше да биде висока четири метри и тогаш ќе издржеше. Но, по инсистирање на локалното население, бидејќи ќе немало доволно вода, ја кренавме уште два метра и покрај тоа што не се согласуваше главниот надзор. И не издржа. Тука влијаеја и временските услови. Оваа пролет имаше многу вода од дождовите и притисокот не издржа, зашто беше земјена брана набиена со камен. Одводниот канал, кој исто така беше планиран на три метри, а се крена на 4 метра придонесе да не издржи браната“, објаснува Котевски. Тој најавува дека сите трошоци за изградба на нова брана ќе ги преземе изведувачот.

„Изведувачот има одговорност да ја изгради повторно браната, почнуваме од вторник со нови параметри и со нови пресметки“, најави Котевски.
ЈЕБОТЕ КОЈА ДИЛЕЈА..:) А изгледа со слична логика и стручност и Гwујо со тајфата ги прави законите и ги
" смислува " излезните стратегии...:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom