- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
Атина над 25 години го спроведува планот на грчките тајни служби со сите методи да се искорени употребата на македонскиот јазик во Грција, да не се дозволи враќањето на Егејците и институциите во северна Грција да се опремат со службеници што ќе бидат специјално обучени за антимакедонизам. Ова го тврди партијата на Македонците во Грција Виножито, која на својот веб-сајт го објави документот на грчките тајни служби од 1982 година, каде што се напишани конкретните чекори што ги планирала Атина за етничко чистење на Македонците во Грција.
- Сè што е напишано во овој извештај, сите сугестии на тајните служби насочени против македонизмот се имплементираат во стварноста од страна на грчката влада до денешен ден - велат од Виножито.
Во документот на кој е потпишан тогашниот шеф на тајните служби Димитрис Капеларис се планира во близината на границата кон Македонија да се формираат државни институции во кои ќе работат лица специјално обучени за антимакедонизам. Овие институции според планот на грчките тајни служби треба да соработуваат со Министерството за јавна безбедност и да бидат под супервизија на грчкото МНР. Преку планот им се забранува вработените во грчката јавна администрација, особено за оние што работат во образовните институции ,да го зборуваат „локалниот идиом“, како што го нарекуваат македонскиот јазик, и се планираат курсеви за обука на грчките професори и свештеници што ќе работат во „чувствителните“ региони во близината на границата. Грчките тајни служби планирале и преку плаќање кирија и дополнителни парични средства да се мотивираат грчките службеници од другите делови на државата да останат постојано да живеат во северна Грција.
- Факт е дека јавните службеници, меѓу кои и професорите што се вработуваат во Леринско, потпишуваат лична изјава дека ќе останат 15 години на работа, а ако купат стан добиваат бенефиции - велат од Виножито. Грчките тајни служби го предвиделе и никнувањето на повеќе невладини организации и културни здруженија што имаат задача да дејствуваат против „антихеленската пропаганда што ја шират славомакедонските организации“. Денеска во северна Грција има над 20 вакви организации, кои се формирани по примерот на „Аристотелис“ во Лерин, кое важи за најнационалистичко здружение. Во документот на тајните служби се предвидува и забраната на грчките студенти да студираат во Скопје и непризнавањето на нивните дипломи и се планира подмитување на популарните и влијателните селани со цел да помогнат во борбата против користење на „идиомот“. Во документот стриктно се забранува враќање на децата-бегалци во Грција.
- Ваквиот план на Грција што се спроведува до денешен ден го прочита и Европа и со нашата иницијатива ќе ги спречиме во шансата да продолжат да го реализираат - смета Ѓорѓи Доневски, претседател на здружението на Македонците од Егејска Македонија.
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&EditionID=380&top=1&ArticleID=23427