ДУИ подготвува кадровска чистка

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Фазли Велиу се закани дека ќе делува!

Претседателот на здружението на воени ветерани на ОНА и пратеник на ДУИ Фазли Велиу од раководството на партијата побарал смена на министрите за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и за здравство Бујар Османи. Причина за ваквото барање на Велиу било недонесувањето на закон со кој ќе се обезбедат посебни права за семејствата на поранешните припадници на ОНА. Велиу како еден од основачите на партијата и еден од идеолозите на ОНА вели дека прашањето за статусот на неговите поранешни соборци треба да се реши што побрзо, или Бајрами и Османи да бидат сменети. Велиу, инаку вујко на лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека ништо нема да го спречи здружението да ги реализира своите планови. Тој заедно со Потпретседателот на партијата Рафиз Алити, Муса Џафери и Невзат Бејта беше споменуван како еден од оние високи партиски функционери на интегративците кој ќе биде сменет на следниот Конгрес. Како сигурна беше споменувана единствено позицијата на потпретседателката Теута Арифи.
-Здружението е посилно со партијата. Доколку ДУИ тоа не го реши, ќе го реши здружението. Тогаш ние ќе почнеме да делуваме. Не од планина туку ние сме и во Скопје, Битола. Мене не можат да ме сменат бидејќи сум идеолог и еден од основачите на ДУИ, вели Велиу.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=0DE1F89C9E255043A780DEF01FDBA80E

фазли велиу заборавил дека веке ДУИ не е екс ОНА туку партија:toe:
 
-Здружението е посилно со партијата. Доколку ДУИ тоа не го реши, ќе го реши здружението. Тогаш ние ќе почнеме да делуваме. Не од планина туку ние сме и во Скопје, Битола. Мене не можат да ме сменат бидејќи сум идеолог и еден од основачите на ДУИ, вели Велиу.

Стварно не ми е јасно со кого ќе се тепа, со неговите што ќе го сменат?

Ако му се плашите, ако. Нека си остане.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom