Македонец
мразам патетика во натпис
- Член од
- 12 февруари 2007
- Мислења
- 3.928
- Поени од реакции
- 3.814
ПРИВЕДЕНИ ШЕСТ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ ВРШЕЛЕ ИСКОПУВАЊА КАЈ РУДНИКОТ „АЛШАР“
Полициски службеници од полициската станица за обезбедување на државната граница „Михајлово“ при редовна полициска патрола на место викано „Мајдан“ вчера во 18,30 часот приведе четворица германски државјани на возраст од 42 до 71 година и двајца унгарски државјани на возраст од 21 и 34 години.
МВР денеска соопшти дека кај нив во рачни торби и при прегледот на возилата кои ги управувале, пронајдени се поголема количина ископани парчиња руда од рудникот „Алшар“, по што сите се приведени во полициската станица во Кавадарци.
Двајца од нив, според исказите се пензионери, а другите двајца, според нивните изјави, се доктори на науки и професори на универзитет во Германија.
Во соопштението на МВР се појаснува дека ноќта на 25/26. април ја поминале во напуштена пилана во близина на село Мајден каде се наоѓа рудникот „Алшар“. Приведените се затекнати на лице место од страна на полициската патрола како вршат ископување и собираат минерали и кристали од рудникот и ја сместуваат во возилото кое го управува едниот од нив и тоа патничко моторно возило марка „рено трафик“ (комбе) со германски регистерски таблички.
Од наведените лица денеска се одземени 12 кутии со примероци од минерали и од кристали во вкупна тежина од околу 400 килограми, што е потврдено и од раководителот на одделението за отпади и почва при Министерството за животна средина и државниот инспектор за животна средина.
______________________________________________________________
А еве како изгледа Лорандитот....и ако има некој кој се разбира од минерали и хемија да објасни која е неговата употреба,бидејќи е многу редок минерал(го има само во Македонија,Турција и Кина),а наоѓалиштата се чуваат под строга контрола!?
п.с Само ако може без шпекулации и безвезни претпоставки за неговата примена!:smir: