Нов неделник „Сега“ од 1 мај

  • Креатор на темата Креатор на темата DameMak
  • Време на започнување Време на започнување
наздравје уште еден антимакедонски медиум во Македонија
 
Па како и повеќето весници во кои блогеро беше уредник ќе биде со празни статии, полн невистини и разни плукања по власта.
 
Уште еден весник за виткање тегли, молерај, потпалување, бришење на измет од куче и друго животно итн ....

Добро е да има конкуренција, но конкуренција на мисли и идеи, а не репродукција на една иста мисла.
 
Соросоид -
мизерија гранде!

 
Али ова повициве за слобода ме потсеќаат на ослободувањата од страна на Бугарите, Србите и Грците за време на Балканските војни...кој од кој поголем ослободиоц и ујединитељ.
 
И ова ли е уште еден од весниците на Велија, од низата негови? :tapp:
 
Да не излезе и овој како Старт на времето...
Инаку...со среќа нека им е! (иако не читам таков вид неделници)
 
Дајте дечки, тука читам многу паметни коментари; треба млади луѓе да направат екипа и формираат независен весник (нека биде месечен за почеток). Се додека нема нова и свежа мисла ќе ги читаме Геровски, Латас и слични истрошени и корумпирани пискарала...
 
Нов неделник Сега!


Од вечерва за Скопје и од сабајле за останатите градови во продажба на сите продажни места може да се најде првиот број на новиот политички неделник Сега.
Насловен е „Сега“, како последен обид на новинарите да се изборат за почитување на демократските принципи и да ја одбранат честа и слободата на новинарството.
Во услови на трула демократија, постојани притисоци и редовно замолчување на новинарите, од „Сега“ ветуваат дека ќе застанат на страната на обичниот човек, неговите реални потреби и проблеми.
Велат, дојде крајно време беше некој да го стори тоа.
Новиот политички магазин ќе го пишува екипа на млади, но искусни новинари. Ветуваат критички и непристрасен новинарски став, бидејќи само така ќе придонесат за развој на слободно и демократско општество.
А1
Главен и одговорен уредник е Бранко Героски. Заменици на главниот и одговорен уредник се Ивица Антески и Владо Апостолов а уредник е Благица Иванова.

За весникот ќе пишуваат и уште неколку соработници во кои се вбројувам и јас како и политичари и јавни личности кои ќе имаат свои анализи.

Во првиот број меѓу другото:

  • Време за зрелост. Љубе Бошкоски бара отворена и слободна дебата за многу сериозни прашања
  • СДСМ пак ќе победува. Ексклузивно интервју со Бранко Црвенковски, последно како претседател и прво како лидер на опозицијата
  • Името договорено! По операцијата триумф следи операција компромис.
  • Пеколна војна за власт. Тупурковски ги анализира меѓупартиските судири во Македонија
  • Леле имаат воз! Репортажа 200 метри под земја во окното на рудникот Злетово
  • Колумна „Сексот и селото“
Неделникот Сега ќе излегува секој четврток по цена од 50 денари.
 
Нов неделник Сега!
За весникот ќе пишуваат и уште неколку соработници во кои се вбројувам и јас како и политичари и јавни личности кои ќе имаат свои анализи.

Вака, ти со твоето огромно животно искуство и прекалено перо кој сегмент од политичкиот живот во Македонија и светот ќе го опфатиш?

Не можам да дочекам до утре за да го купам, ај дај ни некоја ексклузива, вака однапред. Пример може да ни кажеш што рекол Бане?:smir:
 
Воздржан со мислење, со оглед на главниот уредник на „Сега“, затоа што тој вчера беше истиот тупак, па зошто ќе биде различен сега.:tapp:
 
а тиражот колку е...(колку што има СДС штабови...или)???

п.с Браво бе ударна вест...Б.Ц. победувал....пфф ...абе пишете нешто паметно!
 
Туку ова неделников,таблоид ќе биде?:pos2:

Голема веројатност. А уште поголема веројатност, познавајќи го менаџментот, е дека за многу кратко време ќе почне да се дели гратис со секој купен билтен во спортските кладилници :)
 
Голема веројатност. А уште поголема веројатност, познавајќи го менаџментот, е дека за многу кратко време ќе почне да се дели гратис со секој купен билтен во спортските кладилници :)

:pos2::pos2::pos2:
Да не почнат и гратис по сандачиња во згради да го делат или па не дај боже со леб и млеко :) Ако е вториов случај,ќе треба вечно на диета да бидам :pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom