Нов неделник „Сега“ од 1 мај

  • Креатор на темата Креатор на темата DameMak
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
А1

Нов политички неделник на македонскиот медиумски пазар. Насловен е „Сега“, како последен обид на новинарите да се изборат за почитување на демократските принципи и да ја одбранат честа и слободата на новинарството.


Во услови на трула демократија, постојани притисоци и редовно замолчување на новинарите, од „Сега“ ветуваат дека ќе застанат на страната на обичниот човек, неговите реални потреби и проблеми.
Велат, дојде крајно време беше некој да го стори тоа.
„Го почнуваме нашиот проект во време на една сеопшта рецесија, рецесија на економијата и во Македонија, за жал, рецесија на духот. Поради тоа, кажуваме искрено, отворено, потребна ни е секаква поддршка, морална, пријателска, и пред се духовна“, рече Бранко Геровски, новинар и уредник на „Сега“.
Новиот политички магазин ќе го пишува екипа на млади, но искусни новинари. Ветуваат критички и непристрасен новинарски став, бидејќи само така ќе придонесат за развој на слободно и демократско општество.
„Дали демократијата и слободата во Македонија треба да умрат за да најодговорните политичари и институции започнат да ги спасуваат“, вели Благица Иванова, новинар.
„Печатените медиуми кај нас најчесто забораваат да кажат како се случил некој настан, а уште помалку зборуваат за причината за што се случил тој настан. Токму затоа „Сега“ ќе анализира и ќе ја каже приказната на веста“, изјави Владо Апостолов, новинар.
Првиот број на политичкиот неделник „Сега“ во продажба ќе се појави од 1. Мај.
Дали новинарот Бранко Геровски може да има „критички и непристрасен новинарски став“, дали новинарот Бранко Геровски може да придонесе за развој на слободно и демократско општество?
Едно време имав поголемо мислење за него - ама откако отворено почна да лобира да си го смениме името и отворено почна да ја кажува истата мантра што ја слушам од устите на лузерите од СДСх, мислам дека Бранко Геровски со неговиот неделник „Сега“ е далеку од независен слободарски и квалитетен новинар.
 
Не е никаква грешка да има што повеќе медиуми така конкуренцијата расте.

Намерите на Героски се добри но ја не верувам во тоа што го кажуват и мислам дека ова ќе биде еден неделник, кој само ќе пишува против власта значи не верувам дека ќе биде објективен и неутрален. А има веќе еден таков неделник, Глобус.

Иначе ќе видиме каков успех ќе има „Сега“, ја лично не верувам дека ќе може на Фокус, Глобус, Форум итн да им биде голема конкуренција.
 
а едно прашање излеваше едно време манифест дали го има уште...инаку овие мајски нови неделници се само обид за одвлекуванје на вниманието на народот од реалноста како и нормално новинарите да докажат дека се новинари:toe:
 
Ако од ваквите како него ја чекаме вистината ...... .. . Празна, продадена душа :kesa::kesa::kesa::kesa::kesa::duel:
 
пази па и клипов среден од тоа србоманот васко ....
кој фактор релевантен е героски за да зборуе како шо зборуе и да известува ..
кој релевантен печатен медиум ќе биде СЕГА ?!? лол
нека бркаат работа и се надевам дека никој нема да ги чита освен грците кои ќе :drk::drk: на него
 
Некако појавата на СЕГА оди во пакет со големото враќање на Богот.(БЦ)Ѓерошки мора секаде да го следи.
 
Од се срце им посакувам пропаст
 
Замислете Велија го унапреди Геровски и му дозволи да води емисија на А1 со 3 репризи :pos2: :pos2: :pos2: па уште и да има наградна игра погоди што зборува водителот :vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Леле кожа ми се ежи кога некои ќе почнат да плачат без врска. Слобода на новинарство?...Само нензам од кого? Каква слобода? Дајте стварно нека не ослободат од нарачани текстови, организирани кампањи, директно насочени за остварување на добри политички цели. Па во која држава се случува вакво нешто. Оди во Италија гледај не италијаснки канал на кабловска, во Шпанија такуѓере, во Данска исто...слобода? дај молим ве...овадека кај нас можам да гледам од Ал-Џезаира до незнам ти ја уште што по нашиве телевизии.

Впрочем да не го занасам многу...како му*да у косидба, да поминеме на сржта на структурата на медиумите кај нас. И тоа онаа најбитната финансиската структура, т.е. газдинството...

Кај нас како печатени медиуми со најголем тираж се членовите на ВАЦ Дневник, Утрински и Вест кои со своите написи се знае што старна држат, потоа иде ергелата на Вељо, Време и Шпиц, кои исто така ги знаеме што песна пеат. На дното од влијанието се Вечер и Нова Македонија кои првиот е изразено провладин, а вториов и така и така...Кај неделиците ситуацијата е еден провладин, контра сега веќе три антивладини. Се прашувам кој овде од кого бара слобода? Навистина треба да не ослободат али од самите нив, и нивните написи со кои и нанесуваат штета на својата земја.

Очигледно во овој сектор нема потреба од привлекување странски инвестиции...
 
Со среќа на неделникот "Сега", и поздрав до цела новинарска екипа :smir:
 
Покрај Геро, Благето...
Јован ќе пишува за весников :)

Причина повеќе за заборавање дека постои книжето. :)

Геро ти е како Бугарија...Што и да ја прими Бугарија - пропаѓа :)
 
Им посакувам тотален неуспех, каков што доживеаа и нивните еквиваленти во политиката пред некое време.
 
Има само еден коментар Бранко се врака и си ја носи свитата.Е сега неделници невладини се ке се рага
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom