Црвенковски и Георгиевски заедно против Груевски

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Црвенковски и Георгиевски заедно против Груевски и за ново име
Автор: Венцо Донев

Двата во минатото најекспонирани политички лика повторно се враќаат на политичката сцена во Македонија. Бранко Црвенковски како лидер на СДСМ и Љубчо Георгиевски како претседателски кандидат во најава и како неформален лидер на ВМРО-НП.

Претходно и двајцата најавија свое заминување од политиката. Георгиевски тоа го стори во 2003 година кога се повлече од лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ, а Црвенковски во 2004 година кога од функцијата премиер се кандидира за претседател на државата.

Според политичките аналитичари, политиката на Никола Груевски на неверојатно брз начин ги обедини Георгиевски и Црвенковски на политичката сцена.

Информацијата за заедничка средба на Црвенковски и Георгиевски со Љубе Бошковски пред претседателските избори, на која очигледно било разговарано за координиран настап на брат Љубе на изборите, помина без поголемо изненадување и деманти. Двајцата се решени брзо да го решат спорот за името со Грција и да ја зачленат Македонија и во НАТО и во ЕУ. Георгиевски ја сфатил грешката што ја направил со Американците, кога во 2001 и 2002 година јавно ги напаѓаше. Тоа најдобро може да се види во неговите колумни и интервјуа. А Црвенковски и понатаму важи за најверниот исполнител на американските очекувања.

Понуда

Прашање е што можат да понудат овие двајца политичари, кои барем досега важеа како најхаризматични лидери. Дали имаат нови идеи или сè ќе се сведе на обединување за да се собори актуелната власт?

- Тоа се ликови што сите ги паметиме од 1990 година па наваму - вели Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики и нагласува дека е тешко да се очекува Георгиевски и Црвенковски да понудат некои нови идеи, освен да се обединат околу главната цел - брзо решавање на спорот за името. На тој начин ќе ја притискаат и ќе ја критикуваат владејачката структура. Даскаловски очекува дека СДСМ како партија може да понуди економски и алтернативни програми за излез од кризата, која, според сите предвидувања, треба посериозно да ја зафати нашата земја во септември. Од ВМРО-НП тешко дека може да се очекува некаква понуда. Но тука е Георгиевски, чии потези не може да се предвидат. Тој очигледно сè уште го нема кажано последниот збор во политиката.

Големите проекти - името и членството на Македонија во НАТО и ЕУ - сè уште не се завршени. Токму ова на Црвенковски ќе му бидат главните адути за освојување на симпатиите на граѓаните за враќање на власт.

- Во овој момент илузорно е да се зборува за нив затоа што засега го нудат само своето име и политичкото искуство - вели универзитетскиот професор Ѓорги Тоновски.

Тој укажува дека тие не се анонимуси во политиката и дека имаат свои поддржувачи, но додека не понудат програма, не може да се суди и да се размислува за нив.

Бегање од политичка маргинализација

Еден од најискусните политичари во земјата, кој соработувал и со Црвенковски и со Георгиевски, Стојан Андов, истакнува дека не може да каже што ќе понудат тие, но нагласува дека и двајцата се многу искусни политичари во најдобрите години.

- Сигурно дека нема да се тргнат од политиката и да се пензионираат. Тоа е добро и корисно за државата - вели Андов.

Политичкиот аналитичар Суад Мисини тврди дека нема да има нови идеи, особено не од Георгиевски и Црвенковски. Тие ќе нудат конјуктурно разрешување на отворените прашања. Втора работа е дали тие ќе се приспособат на очекувањата на меѓународната заедница или ќе се вратат на национализмот и патриотизмот од најлош вид.

- Ништо спектакуларно нема да понудат. Ќе играат на незадоволството на граѓаните - смета Мисини. Тој за Георгиевски вели дека ќе игра на незадоволството на постарото членство, кое сега е маргинализирано, и на тоа што одлуките во партијата се носат во тесен круг луѓе. За Црвенковски останува дилемата каде ќе ја најде „свежата крв“ во партијата, која во овој момент многу му е потребна за кревање на рејтингот на СДСМ.

И двајцата имаа свои ѕвездени мигови, но и со мрачни периоди во своето владеење. Црвенковски умее да ги контролира меѓуетничките тензии, но направи лоша приватизација и економски дебаланс. Георгиевски ја покрена економијата, но во 1999 година му се случи бегалската криза, а во 2001 година војната. Останува времето да покаже дали нивното враќање е врз основа на прогресивни идеи или тоа е само обид да се отргнат од политичката маргинализација и обединети да ја соборат актуелната власт.





Љубчо Георгиевски: Се враќам за да ги кажам моите ставови

За најавеното враќање на политичката сцена и дали ќе понуди нови идеи, Љубчо Георгиевски за „Нова Македонија“ вели:

- Прво да кажам дека станува збор за две различни враќања. Враќањето на господинот Црвенковски е многу конкретно. Значи, тој влегува директно, како лидер на политичката опозиција во Македонија, со сето она што подразбира секојдневен политички ангажман. Додека, моето враќање во политиката може да го наречам хипотетично, затоа што новите претседателски избори се многу далеку. Она што можам да го наречам како мое конкретно враќање е желбата јасно и недвосмислено да ги кажувам моите ставови за некои процеси во Македонија. Тоа најмалку може да се нарече политичко враќање, бидејќи тоа подразбира политичарот постојано да размислува која изјава колку поени ќе му носи или како ќе биде прифатена од граѓаните. Она, што го доживувам како мое враќање, практично не е трка по некакви гласови, независно од тоа што јас недвосмислено ја поддржувам ВМРО-НП, туку, едноставно, враќање да се кажат ставовите и мислењата без да се прави позиција за градење рејтинзи. Сметам дека на тој начин ќе и бидам најкорисен на Македонија - вели Георгиевски.

За тоа дека сега со Црвенковски се на иста линија во однос на решавањето на проблемот со името, зачленувањето во НАТО и во Европската унија и соборувањето на актуелната власт, Георгиевски вели дека е согласен само за првите две работи.

- Кога е во прашање соборувањето на оваа власт јас ќе речам дека тоа е работа на дневната политика. Јас, конкретно, немам некаков механизам за соборување на оваа власт. Мојата политичка активност повеќе е насочена оваа власт да ги разбере некои мои пораки. Ако не ги разберат тие пораки, тоа не значи дека јас ќе тргнам да ја уривам власта. Од тој механизам на уривање на власта сум се откажал поодамна. Меѓутоа, жал ми е, и морам да кажам дека Владата прави многу грешки. И во она што се нарекува чиста политика и во она што се нарекува економска политика. На политички план, чекорите на оваа Влада ќе не чинат уште поголемо оддалечување од евроатлантската интеграција, а на економски план, оваа 2009 година ќе ја чини Македонија најмалку една милијарда евра. Дел од нив се стопени девизи, а дел се нови задолжувања. Тоа ќе биде цената на грешките.

Во јавноста се спомнува дека Георгиевски и Црвенковски имаат таен договор. - Со Црвенковски не сум се видел од 2002 година, кога му ја предадов власта, ниту па гледам причина зашто треба да се гледаме. Тоа што имаме заеднички ставови за одредени прашања е само оценка на стари политичари во Македонија. Можам да кажам дека моите ставови со актуелната власт по тие прашања драматично се разликуваат.


Извор: http://novamakedonija.com.mk/Deskto...=2&fCat=1&EditionID=377&top=1&ArticleID=23162
 
од поодамна е јасно дека старите ретроградни ``политичари`` истите оние кои не донесоја до ова дереџе и кои беа водачи на агонијата на Македонија се обединуваат.

само пред нив не е повеќе народот од 90-те...... а на сето ова уште стојан андов кога че им даде кфалификација `` политичари во најубави години`` е дури тогаш го знам епилогот од сета активност.
 
Од кога истото го збориме.
Љубе Бошковски е на истата линија со Љубчо и Бранко.

На Македонија не смее да и тргне, што ќе работат овакви типови во животот ?

Овака шиткај, име, знаме, дупе, кој што може.
 
Од кога истото го збориме.
Љубе Бошковски е на истата линија со Љубчо и Бранко.

На Македонија не смее да и тргне, што ќе работат овакви типови во животот ?

Овака шиткај, име, знаме, дупе, кој што може.


Готово...шиткањето заврши. Сега само „разумен компромис„ може да ни се случи...никакво шиткање повеќе... ова ќе биде бесплатно.:toe:
 
Нема промена на Устав ради промена на име.
Договор, Македонците со ВМРО-ДПМНЕ.
 
Не рзбирам од кои причини ЉуБчо се враќа од Бугарија...Слушам добро му одело таму...
 
Љубчо Георгиевски јавно кажа дека има многу политички противници, но само двајца крвни душмани: Бранко Црвенковски и Хари Костов. Не знам дали самиот би ја побил оваа изјава.
 
Љубчо Георгиевски јавно кажа дека има многу политички противници, но само двајца крвни душмани: Бранко Црвенковски и Хари Костов. Не знам дали самиот би ја побил оваа изјава.
Од она што го кажал ти сваќај го обратно.Секогаш е така.Никогаш нити биле нити ќе бидат крвни непријатели.А кога сме кај Хари тој треба да одговара за убиство.Но големите риби пливаат длабоко.
 
Љубчо Георгиевски јавно кажа дека има многу политички противници, но само двајца крвни душмани: Бранко Црвенковски и Хари Костов. Не знам дали самиот би ја побил оваа изјава.

Тоа е првата индикација за тоа со кој се здружил. Баш Бранко и Хари.
 
Љубе,ЉуБчо и Бране.Тројцата мускетари.
Еден за сите,сите за никаде.
Фино богами.
 
Тоа е првата индикација за тоа со кој се здружил. Баш Бранко и Хари.

Не верувам, премногу му наштетија, треба ептен да е будала да се нафати на коалиција со истите кои му упаднаа во првиот ('91) и вториот демократски избран мандат ('98). Плус целата медиумска машинерија платена од истите чијашто задача беше рушење на владата и искористување на народното незадоволство и кризната ситуација (2001) во полза на сопствено промовирање како лидер и спасител (Бранко и 15ти септември 2002).
 
Од небо се гледа коордираното делување.Мотив за заедништво им е нешто се двајцата антимакедонци.Споредета ја кампањата на СДСМ И ВМРО-НП за избориве исклучиво антидпмне.Втор мотив и двајцата се срозани од Никола Груевски.Можеби се мразат мегусебе но сега прво им е да го тргнат премногу мокниот Никола Груевски а после пак ке си се мразат/Штета што опиените од ликот на Љубчо не го сфакат тоа.
 
Нема промена на Устав ради промена на име.
Договор, Македонците со ВМРО-ДПМНЕ.



Така де нема чепкање устав ,ама затоа пак за сите земји ќе бидеш компромисен.
 
Црвенковски и Георгиевски заедно против Груевски и за ново име
Автор: Венцо Донев

Двата во минатото најекспонирани политички лика повторно се враќаат на политичката сцена во Македонија. Бранко Црвенковски како лидер на СДСМ и Љубчо Георгиевски како претседателски кандидат во најава и како неформален лидер на ВМРО-НП.

Претходно и двајцата најавија свое заминување од политиката. Георгиевски тоа го стори во 2003 година кога се повлече од лидерската функција во ВМРО-ДПМНЕ, а Црвенковски во 2004 година кога од функцијата премиер се кандидира за претседател на државата.
Кој е авторов жити мајка, кога Бранко заминал од политичката сцена?


- Сигурно дека нема да се тргнат од политиката и да се пензионираат. Тоа е добро и корисно за државата - вели Андов.

???Не знам колку ќе биде корисно и добро за државата.???
Ќе биде обратно,Двајцата се уби боже!
 
aman pak vie nisto nemoze da razberete

kade toa izjavil LJubco deka ke se zdruzi so branko i so hari???
pa dali e ova normalno ,covekot edno zbori a vie sosema drugo razbirate i plukate
DE KE VE MOLAM,PROCITAJTE USTE EDNAS DVAPATI PA I TRIPATI AKO TREBA STO IZJAVIL GEORGIEVSKI ,PA POSLE PLUKAJTE.
VAKA IZLEGUVA ,EDNO IZJAVIL ,VIE SOSEMA DESETO STE RAZBRALE,PA PROSTETE AMA TAKVO NESTO SAMO NEKOJ "NEDOVETEN "MOZE DA NAPRAVI.

izjavata e jasna deka LJubco ke si gi kazuva svoite stavovi isto kako i site nie sto si gi kazuvame svoite stavovi,pa i vie si gi kazuvate vasite stavovi.isto taka izjavi deka branko se vraka kako lider na opozicijata,ne deka on t.e .LJubco ne se videl nitu se sretnal so branko od 2002 god,a vie odma plukate deka ne samo sto se videl se dogovaral nebare i zaedno spijat 24 casa.
pa stvarno ne mi e jasno kako moze nekoi izjavi tolku loso i izprevrteno da gi razbirate i samo da treskate nesto sto nema vrska so realnosta.
eve naprimer i jas se slozuvam so politickite izjavi na LJubco,i sto sega sum vo koalicija so nego i so branko.????????
ili pak site sto vikaat deka treba da se najde resenie za imeto site se koalicioni partneri na LJubco i branko (mislam na stranskite diplomati i politicari),vo toj slucaj
spored vaseto rezoniranje izleguva deka dvajcava politicari se posilni zaedno so megunarodnata duri i od najsilniot grujo???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom