
Во Полска се забранува носење на маици со ликот на Ернесто Че Гевара, Тито, Ленин
На илјадници луѓе кои носат маички со познатиот револуционер Ернесто Че Гевара им се заканува казна затвор и до 3 години, ако со такво обележје се појават во Полска.
Ваквиот пресврт следи откако полското Министерство за правда презеде иницијатива за измена на кривичниот закон, според кој во земјата се забранува пропагирање на каква била тоталитарна идеологија.
Според медиумите, тоа значи дека во Полска ќе се соочите со казна и ако носите обележја со Ленин и со Тито, или пак за првомајските протести изложите знаме со срп и со чекан. Единствен начин да употребите комунистички ликови, а да не бидете казнети, е да носите обележја со кои ги исмејувате.
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=50876&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Забегаа овие полјациве.
Како да не чуле што е „демократија и европски начин на однесување“?
Како ли не им е срам да забранат, та дури и да казнуваат, „слободно“ изразување на своите граѓани.
Која ли и каква мака ги натерало да постапат вака неевропски, недемократски и националистички?
Што ли знаат тие, што не знаеме ние?
Како и да е, АЛАЛ ДА ИМ Е!!!

Поздрав:helou: