Македонија ќе добие препорака за безвизен режим - изјави еврокомесарот Оли Рен

  • Креатор на темата Креатор на темата iPravnik
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јануари 2009
Мислења
30
Поени од реакции
4
Македонија ќе добие препорака од Европската комисија за укинување на визите - ова денеска во Брисел го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен.

„Земјата направи добар напредок во исполнувањето на условите за визна либерализација. Комисијата наскоро ќе препорача визна либерализација за земјите кои ги исполнуваат условите. Не е тајна дека Македонија е меѓу најдобрите земји кои ги исполнуваат критериумите“, изјави Рен.

Според Рен, за добивање датум за преговори потребни се дополнителни напори во реформите на администрацијата, судството и борбата против корупцијата.

„По изборите ќе ги удвоиме напорите во реформите на судството, борбата против корупцијата и администрацијата, како и зголемување на сите државни капацитети за интегрирање во ЕУ“, рече Милошоски.

По задоволително спроведените избори во Македонија, еврокомесарот за проширување оцени дека по изборите се отвора можност за конечно решавање на спорот со Грција.



„Оваа година може да се реши долгиот спор за името, сега кога властите се консолидираа, од нив имаме големи очекувања мудро да се вклучат поактивно во решавањето на спорот со Грција“, вели Рен.

„Кога зборуваме за името, сакам да потцртам дека наша цел е да се постигне балансиран и не едностран предлог кој на грчки и македонски јазик ќе биде преведено како компромис за двете страни“, рече Милошоски.

Конечната оценка од Европската комисија за визна либерализација се очекува на средината од мај, а во јуни истата препорака да ја потврди и Советот на ЕУ.

Доколку се исполнат и барањата за непартиска и непристрасна јавна администрација, независно судство и поефикасна борба против корупцијата, во октомври Комисијата ќе даде позитивен извештај за напредокот на Македонија и датум за преговори.

А1
 
Eve i od Sitel. Tie poubavo zapakuvale :P :

ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА!?


Реална е можноста до крајот на оваа година Македонија да добие датум за преговори и целосна визна либерализација- ваква порака од Брисел упати еврокомесарот за проширување Оли Рен по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.
0345F1283910EB47AD781DBF2D317E26.jpg
Честитки за успешните и мирни избори - Оли Рен изјави дека по изборите постои јасна можност за земјата да оди напред во евроинтегративниот процес. Но се уште останува исполнувањето на 8-те критериуми поставени во март минатата година како и прашањето за името. Владата има целосен легитимитет да го затвори ова прашање- вели еврокомесарот.
- Долгоочекуваниот компромис да се направи сега кога е зајакнат мандатот на владата по овие избори. Да се направат дополнителни напори и во однос на реформите на администрацијата, борбата со корупцијата и реформа на правосудството - изјави еврокомесарот Оли Рен.
Милошоски задоволен од оценките кои Македонија ги доби за локалните и претседателски избори. Од еврокомесарот побарал што побрза препорака за отпочнување преговори и визна либерализација до крајот на годината.
- На Кирил и Методија не им биле потребни визи кога ја ширеле писменоста, така не треба да им бидат потребни визи ни на македонските граѓани денеска. Среќни сме што покажавме дека Македонија има институционален капацитет за европските интеграции - изјави во Брисел министерот Милошоски.
Милошоски уште еднаш апелираше да не се злоупотребува спорот за блокада на интеграциите на Македонија. Побара европските институции да обрнат внимание на овој спор барем во мерата во која се интересираат за спорот меѓу Хрватска и Словенија.
Рен денеска се сретна со министрите за надворешни работи на овие земји за да се обиде да придонесе за побрзо решение и одблокирање на интеграциите на Хрватска. Министерот Милошоски го покани еврокомесарот Рен да ја посети Македонија до крајот на јуни за да се увери во постигнатиот напредок од март минатата година кога последен пат беше во Скопје.

slavica.arsova@sitel.com.mk
 
до крај на која тоа ЈУБИЛЕЈНА ГОДИНА...јеботе глуп народ македонски...............јеботе..
 
Оваа изјава како онаа веќе старата заебанција ми звучи "Кандидат за кандидат за европска унија".
 
Не ни треба датум за преговори за уќинување на визи, треба датум за патување без визи :helou::helou:
 
Поздравувам.
Ниедна загуба не смее да трае вечно.
Никој нема право да го осуди својот народ (меѓудругото заради неговото лично незнаење и неспособност) на вечна изолација и сиромаштија.
После дваесет (болни) години ...
резултатот е јасен, ние го изгубивме спорот со грците.

Не би се осврнувал на тоа кој,зошто и колку е крив...
најважно е лузерајот да прекине и да се застане на здрава основа од која што може да се напредува.
За оптимистите ...
битката е загубена, но не и војната!

п.с. Уште тоа Гвујо тупото да знае да прати еден доволно учен и безобразен момак у Брисел па да рапортира колку не коштале овие дваесет години изолација и да бара малку да компензираме... :helou:
 
Ќе дојде сега Шведското претседателство со ЕУ, со чија помош верувам многу повеќе ќе добиеме.
Прашањата поврзани со билатерални спорови не смеат да го кочат отпочнувањето или самиот тек на преговори за членство на земјите од западен Балкан во Европската унија (ЕУ).

Ова се наведува во извештајот насловен „Консолидирање на стабилноста и просперитетот во западен Балкан“ што денеска на пленарна седница ќе го разгледува Европскиот парламент (ЕП), пренесува Макфакс.


Одборот за надворешна политика на ЕП на крајот од март го усвои нацрт-извештајот, поднесен од шведската европарламентарка Ана Ибрисагиќ, која важи за силен лобист на евроинтеграцијата на Македонија.

Во извештајот во делот за билатералните спорови се алудира на македонско – грчките разлики околу името и хрватско - словенечките околу поморската граница.

Во нејзиниот извештај се потенцира дека пристапниот процес за земјите кои ги исполниле поставените услови не смее да биде забавен или блокиран, и оти јасната регионална перспектива на тој процес мора да се задржи.

„Мора да се вложат напори за да се избегне ситуација во која разликите во темпото на интеграција ќе резултираат со подигање нови бариери во регионот, особено во поглед на визната либерализација“, се наведува во извештајот.

http://www.makfax.com.mk/mk-mk/Details.aspx?itemID=3393


Нема да има промена на име!
 
Македонија ќе добие препорака од Европската комисија за укинување на визите - ова денеска во Брисел го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен.

Земјата направи добар напредок во исполнувањето на условите за визна либерализација. Комисијата наскоро ќе препорача визна либерализација за земјите кои ги исполнуваат условите. Не е тајна дека Македонија е меѓу најдобрите земји кои ги исполнуваат критериумите“, изјави Рен.

Според Рен, за добивање датум за преговори потребни се дополнителни напори во реформите на администрацијата, судството и борбата против корупцијата.

„По изборите ќе ги удвоиме напорите во реформите на судството, борбата против корупцијата и администрацијата, како и зголемување на сите државни капацитети за интегрирање во ЕУ“, рече Милошоски.

По задоволително спроведените избори во Македонија, еврокомесарот за проширување оцени дека по изборите се отвора можност за конечно решавање на спорот со Грција.



„Оваа година може да се реши долгиот спор за името, сега кога властите се консолидираа, од нив имаме големи очекувања мудро да се вклучат поактивно во решавањето на спорот со Грција“, вели Рен.

„Кога зборуваме за името, сакам да потцртам дека наша цел е да се постигне балансиран и не едностран предлог кој на грчки и македонски јазик ќе биде преведено како компромис за двете страни“, рече Милошоски.

Конечната оценка од Европската комисија за визна либерализација се очекува на средината од мај, а во јуни истата препорака да ја потврди и Советот на ЕУ.

Доколку се исполнат и барањата за непартиска и непристрасна јавна администрација, независно судство и поефикасна борба против корупцијата, во октомври Комисијата ќе даде позитивен извештај за напредокот на Македонија и датум за преговори.

А1


Според Рен на нам ни треба дополнително дупење у мозок т.с. у глааата.

Ебате тоа џукелите ебате!!!:nerv:
 
После дваесет (болни) години ...
резултатот е јасен, ние го изгубивме спорот со грците.

Не би се осврнувал на тоа кој,зошто и колку е крив...
најважно е лузерајот да прекине и да се застане на здрава основа од која што може да се напредува.

А како тоа ќе се прекине лузерајот со најлузерски потег? Што ќе добиеме со тоа што ќе го промениме името? Да може да одиме таму кај што не сакаме со парите што ги немаме?

За да се оправи оваа држава не ни треба ЕУ. Треба да оди во затвор се што е предавничко во оваа земја и да им се конфискува имотот на нашите успешни транзициони бизнисмени што ни ја ебаа државава.
 
Аиии еве го, сега, не сега утре, не бе ќе пропаднеме 2 месеци после Букурешт, не бе ќе не нема ако се одвоиме од Југославија, абе кадеее сами еееееј, абе изолација абе ене ги ги гледам умираат, аиии па се крена, удри ги бе, нека умрат веќе еднаш.

А овој лузерот па пишува и програма бе, уместо ко СДСМ фраерска се у глава да држи, шо ќе пише за народ.

Напишал во програмата нема промена на Устав ради промена на име, а сака да мења Устав ради веронаука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom