Незнам од кога е првиот клип но во неделата ја гледав оваа емисија
Odlicno video gi ima site pet dela na YOU TUBE...
za da ima po4it ona treba da e vzaimna..
i koga sum pisal tuka sum se obratil ne kum celia makedonski narod a kum tebe.
Taka 6to prvo chovek SAM izbira shto ba bide kato luchnost,pa posle chast od kolektiva.
Zatoa i ti kazav ova sto MAKEDONCITE go pisuvat na forumot e samo reakcija na akcijata koja so vekovi ja doziveveme od sosedite...
I sekako bi mozele mnogu ravboti da se smenat ako nasite sosedi se naucat da ne pocituvat takvi kakvi sto sme , takvi kakvi sto sme izbrale da bideme...
Ima mnogu Bugari koi imat korekten odnos kon MAkedoncite , za vozvrat dobivat soodveten odnos od MAkedonska strana ...
Megutoa sekoj onoj koj ke se obide da go negire toa sto sum ke dobie i soodveten odgovor...
Грците стравуваат од меѓународното право и од судски епилог
Автор: Сашо Георгиевски, наш дописник од Хрватска
Емисијата на хрватската телевизија посветена на проблемите што ги има Македонија со Грција и неодамнешната изјава на нобеловецот Марти Ахтисари дека најверојатно нема да прифати да посредува во граничниот спор меѓу Хрватска и Словенија беше повод уште еднаш да чуеме како Загреб ги толкува најновите настани чие ехо Скопје го следи со посебно внимание. Имено, Ахтисари имплицитно навести дека нема да посредува во спорот затоа што станува збор за правни прашања, а тој, едноставно, не е правник, што предизвика вистински шок во словенечките политички кругови и нескриено задоволство во хрватскиот естаблишмент. Туркањето на спорот во областа на меѓународното право и отфрлањето политичко или посредничко решение Хрватите ги доживуваат како мошне позитивен сигнал и потврда на сопствената принципиелна стратегија во одбрана од словенечката блокада.
Без оглед што уникатната позиција на Македонија во спорот со Грција е базирана на сосема поинакви политички премиси и барања, водечките хрватски политички аналитичари (меѓу кои и Давор Гјенеро) сметаат дека ни
за Скопје сè уште не е доцна да ја преиспита досегашната неконзистентна стратегија и да ја релативизира досегашната политичка медијација како дискутабилен политички модел или добитна комбинација, потенцирајќи го меѓународното право и меѓународно-судските институции како вистинска и соодветна рамка за праведен и принципиелен исход во наметнатиот спор со Грција. Се разбира, тоа не се однесува само на димензијата со името на државата и на актуелната блокада на патот кон НАТО и ЕУ, туку и на поенергично активирање на дел од меѓународно правните инструменти за заштита на фундаменталните малцински права, проблемот со недвижнини, визниот режим... Конечно, вели политикологот Весна Штерн, и новоизбраниот македонски претседател Ѓорге Иванов во својата не баш најсреќна изјава, рече дека нема намера веднаш да дејствува во спорот со Грција, туку претходно ќе се обиде да ја дефинира заедничката државна стратегија и ќе ги чека резултатите на јунските избори во Атина, што, смета таа, сепак остава простор и време за потемелни политички зафати и преиспитувања во врска со досегашниот инертен процес во политичките координати на ОН и Привремената спогодба. Во тој и таков контекст се сугерира враќање и потенцирање на меѓународно правната природа на спорот и негово легитимирање и дефинирање од страна на Унијата како исклучително билатерален спор. Така и принципот на солидарноста на членките на ЕУ не би бил автоматска гаранција дека Унијата ќе продолжи да го сторнира почетокот на преговарачкиот процес со Македонија.
Сепак, овие добронамерни хрватски антиципации и размислувања се базираат на нивниот случај и
верување дека меѓународното право конечно однесе победа над непринципиелната политичка медијација. Токму во тоа ги охрабри и Марти Ахтисари, кој се посомнева во сопствената компетентност и навести подготвеност правните спорови да ги препушти на правниците и на меѓународно правните институции.
Izvor NOVA MAKEDONIJA...