Завршија локалните избори

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.481
Поени од реакции
5.948
Со гласањето во петте преостанати општини завршија локалните избори во Македонија. Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ победи во Зелениково, Маврово и Ростуша, ДУИ победи во Долнени и Студеничани, а кандидатот на Српската радикална партија поддржан од ВМРО-ДПМНЕ го освои градоначалничкото место во Чучер Сандево.
Портпаролот на Државната изборна комисија вели сега се чекаат евентуалните приговори, по што ова ќе бидат официјални резултати.
„Течат роковите за поднесување приговори до ДИК за постапката на гласање и за постапката на сумирање на резултатите. Според информациите од општинските изборни комисии, во текот на вчерашниот ден, изборите се спроведуваа според законот, без никакви проблеми“, рече Зоран Таневски, портпарол на ДИК.


Со завршувањето на локалните избори може да се констатира дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и независните кандидати поддржани од нив освоија најмногу градоначалнички места, вкупно 58.
По нив следи ДУИ со 16, СДСМ со 6, и по една општина освоија ДПА, ЛДП, Демократската партија на Турците, Сојузот на Ромите и независен кандидат.
За разлика од минатите парламентарни и локални избори, сегашните поминаа во мирна атмосфера, а како главни нерегуларности од меѓународните набљудувачи се посочени семејното гласање, заплашувањето на гласачите, нерегуларното пребројување, но и неажурираниот избирачки список поради кој се јави вишок на гласачи.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=107420

Interesno DUI pobedi vo Dolneni kade albancite ne se mnozinstvo
 
Ај некоја листа, кој што освоил....
Така убаво нека напише, сега кога веќе се знае се конечно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom