СП Рим, 2009 (18.7 - 03.08) - спортови на вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што е бе оваа работа.Можеби Романија е мал фаворит ама што направија кладилнициве,1,20 коеф за Романија.
По мое 100 % вечерва тепа:oeoeoe:
 
Сабајлево Германија ја победи Јужна Африка 14:4 и Унгарија ја победи Канада со 15:6.
 
Tepame protiv Romanija i Amerika moja procena vaka
1.)Crna Gora
2.)Hrvatska
3.)Sbija
4.)Makedonija
5.)Madzarska

POZDRAV
 
Друже, малку не се согласувам за Унгарија да е под нас, силни се во ватерполото. Но дај Боже да ги победиме ако продолжиме понатаму од групата.
 
Што е бе оваа работа.Можеби Романија е мал фаворит ама што направија кладилнициве,1,20 коеф за Романија.
По мое 100 % вечерва тепа:oeoeoe:

Ова и мене ми е чудно. Точно е дека имаме нови играчи Македонци во тимов но се надевам дека знаат да одиграат и дека се кондиционо подготвени.

Tepame protiv Romanija i Amerika moja procena vaka
1.)Crna Gora
2.)Hrvatska
3.)Sbija
4.)Makedonija
5.)Madzarska

POZDRAV

Тука ти фалат односно пред нас би биле Унгарија 100% исто Италија како домаќин, и Германија која е прилично силна. Ако земеме 7. место па тоа ќе биде светско чудо.
 
Што е бе оваа работа.Можеби Романија е мал фаворит ама што направија кладилнициве,1,20 коеф за Романија.
По мое 100 % вечерва тепа:oeoeoe:
Ете... мене не ми е чудно, ние имаме неколку млади играчи а во тимот на Романија се вратиле некои поискусни и подобри играчи :raz: Ама јас сеуште се надевам на победа. :)
Има, ама не очекувајте нешто повеќе, на шетња се дојдени. Само Поп Ацев може да направи нешто, другиве... поголеми се шансите за дожд во Сахара. Не сакам ни имињата да им ги спомнам.
Значи после Мирјана Бошевска немаме ниту еден асален пливач на кратки базени ако не ги сметаме успесите на Маленко како младинец :raz: Поп-Ацев... :raz: Не верувам дека ќе направи некој посебен резултат, далеку је сунце :tapp: Не очекувам ништо и од останатите ако не се лажам три пливачи, две машки и едно женско :raz: Од старт ние губиме по две-три секунди поради тоа што немаме од новите модерни костими за пливање (иако се повеќе наликуваат на нуркачки костими)... Инаку Џену Грл... што чекаш ти, кога ќе настапиш на СП??? :)
 
Значи после Мирјана Бошевска немаме ниту еден асален пливач на кратки базени ако не ги сметаме успесите на Маленко како младинец :raz: Поп-Ацев... :raz: Не верувам дека ќе направи некој посебен резултат, далеку је сунце :tapp: Не очекувам ништо и од останатите ако не се лажам три пливачи, две машки и едно женско :raz: Од старт ние губиме по две-три секунди поради тоа што немаме од новите модерни костими за пливање (иако се повеќе наликуваат на нуркачки костими)... Инаку Џену Грл... што чекаш ти, кога ќе настапиш на СП??? :)

Па има еден, двајца, тројца, но вмешани се повеќе фактори. Во Рим ќе пливаат Сергеј Наумовски, Бојан Јованов, Александар Јеремиќ, Евгениј Поп Ацев и Филип Велковски. Сергеј Наумовски е многу добар пливач, минатата година беше во некоја да кажеме добра форма, имаше шанса за некое место погоре на ЛОИ, но, татиното синче Михајло кој е маратонец инаку, отиде на ЛОИ наместо него и освен претпоследното место, се сликаше и со Ана Ивановиќ. Кул нели? :) Бошевска ни го донесе 4тото место од ЕП во Берлин, за малку ќе освоеше и бронза. Штета што и` се случи таква семејна трагедија, не знам како се опорави по тоа.
Оваа земја барем во овој спорт може да се пофали со таленти. Додека се децата помали, во пионерска, кадетска конкуренција, се носат многу медали од странски митинзи. Но со зголемувањето на возраста, се зголемуваат од обврските. Тука малку се виновни и другите фактори. На пример, јас се трудам и да тренирам напорно и да го туркам школото. Барем да имав за 10 проценти повеќе разбирање од професориштана за моите обврски, ќе пливав плус саат два дневно и ќе имав поголеми успеси. Ама не, се враќа Џену Грл од балканско, освоила две титули, од некои личности добива само кисело честито и потоа следува фамозното ајде на табла :tapp:. А морам да го терам и школово паралелно, затоа што во државава, од спорт не се живее :(. Кога ми кажуваат децава од другите земји дека професорите, директор на школо ги испраќаат до аеродром кога идат на пат, е тогаш сфаќам колку сме назад.

Друг минус е неработењето на базените. Тоа треба да се среди од новиов градоначалник, само се молам да му текне да ни го допушти тоа задоволство да пливаме во топла вода на зима.

Трето, треба да се има тренинзи и надвор од вода. Кревање тегови, теретана, трчање. Треба да се има сила за да се турка водата. Кога видов Торп какви тренинзи во теретана имал, на гз паднав, ама затоа, кога пливаше тој, турбуленции имаше во водата, тие до него се жалеле дека ги „вадел“ од траекторија.

Четврто, добро спомна за костимите за капење. Тие треба да ги овозможи федерацијата, но се нема пари. Но џабе ти и костим таков кога си ти слаб. Со тој костим стотинки се добиваат, а нашиве пливачи каснат со светлосни години зад првиот.

Петто, добри тренери. Тој што ми беше тренер порано, си ги форсираше децата да му бидат најдобри, а за другите го боли. Ако направат нешто - направат, ако не, здравје. Му служевме ние другите како машини за медали, немаше разбирање ни кога бевме болни ни ништо. Овој е можам да кажам и блага варијанта на тренер. Има еден ги тепа децава, ги фрла во вода, трауми имаат од вода до крај на животот. Колку само талентирани деца има избркано од вода тој со таквиот однос, чудо едно.
Среќна сум што сега имам тренер кој ме разбира, кој знае како се постапува и има коректен однос.

Не пливам на ова СП затоа што гледам до каде сум со успесите. Можеби на Балканов имам успеси, но знам дека со Америка и Австралија поготово нема што да барам. Бев минатата година на младинското СП во Мексико, можам да замислам тука која конкуренција ќе биде. Не одам на натпревари ако знам дека таму ќе бидам турист. Истото како мене го мислат уште 2-3 пливачи кои не отидоа на СП, наспроти овие пријавениве.

Што да ви кажам друго, подобро не гледајте пливање да не се нервирате:toe:
 
Гледам некој погоре пишал ќе сме ги победеле САД оххх лелееее, ДАЈ БОЖЕ да сум грешка....
Јас лично присуствував на пријателскиот меч помеѓу САД-Србија во Stanford University, CA кој беше пред околу месец ипол(не ми текнува точно) и утакмицата заврши 13:13. Од играта можев да забележам дека Американците се стварно добри, цело време играта беше напната, а играа против Србија, еве и да речеме Србите не биле 100% подготвени или едноставно не го дале максимумот, Американците покажаа стварно добра игра, ама дај боже да ги победиме, епетн ќе бидам среќен:vozbud:
 
:pos:
Е добро де, САД не се воопшто слаби, на последните Олимписки игри се пласираа на второто место :) Не верувам дека можеме да ги изненадиме :raz:
 
Со среќа ај да изненадете малце, да се израдуваме:vozbud:
 
Го истераја до крај значи, повторно FYROM! Ццццц!!! Па незнам бе како се согласуваат да играат вака бе, гледај педериве што прават, на се` се спремни само да не пишува вака! Не ни доаѓа на нас памет...Едноставно нема да играат додека не биде државата пишана како што треба, и готово!!!
 
Добро е се држиме! Оптимиста сум дека ќе има победа!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom