Македонија највалкана земја во Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата AL.
  • Време на започнување Време на започнување

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Македонија е рангирана на 74 место на листата еколошки најчисти земји во светот, а во европски рамки е на самото дно.

Рангирањето, како што јавува Макфакс, е врз основа на индексот на еколошки резултати (EPI), направено од универзитетите Јејл и Колумбија.
Со 74 индексни поени од можните 100, Македонија е 74-та на листата еколошки најчисти земји во светот од рангираните 149 држави.
Во европски рамки, Македонија е 37 од вкупно рангираните 40 држави. Зад Македонија се само Украина, Романија и Молдавија.
Центарот за меѓународна научна информациска мрежа на Универзитетот Колумбија и Центарот за еколошко право и политика на Универзитетот Јејл развија Индекс на еколошки резултати со цел да ги истакнат најчистите земји, и да дадат насоки за оние кои заостануваат како да ја подобрат Животната средина и здравјето на своите граѓани.
Швајцарија е на чело на светската еколошка листа со индекс 95. Следат Шведска, Норвешка и Финска.
Словенија е на 15 место, Хрватска - 20, Албанија - 25, Грција - 44, БиХ -48, Бугарија - 56, а Турција -72. Србија не е рангирана.
Меѓу неевропските држави во првите 20 се Костарика - 5, Нов Зеланд - 7 и Колумбија - 9. САД се рангирани на 39 место.
Истражувачите на индексот EPI нагласија дека информациите врз чија основа е направена ранг листата потекнуваат од локални извори и не се секогаш со идеален квалитет, особено во земјите во развој.
Рангирани се вкупно 149 држави, а другите 50 се изоставени поради нецелосни податоци.
 
За жал тоа е вистина. На каде и да се свртиме можеме да го видиме нашето неодговорно однесување кон средината во која живееме.
 
Е ќе биде, џабе што и закон против плукање имаме. Пред два месеци се шетам низ град и за 3-4 сата над дваесетина минувачи се исплукаа, викам ај денот можда се погодил плукачки :-). Ама не било тоа, утредента истата ситуација.
Знам дека тоа не е критериум ама треба и ние граѓаните да поработиме на случајот
 
Не само со плукањето, а каде се тука пластичните кеси и шишиња кои можеме да ги видиме на секој чекор.
 
Многу реален извештај,дури јас мислам дека ни попуштиле неколку места.:toe:
 
За жал точно е. Ај во градовите можеби и не е толку осетливо но во скоро секоја река/рекичка врие од ѓубре, односно пластични шишиња и ќеси. А за дивите депонии ич да не правам муабет.

Законите што се донесени се добри но никој не ги спроведуват. Сеуште сегде се даваат пластични ќесина и полицијата ко да не пишуват поќе казни за плукајне/фрлајне ѓубре на улица.

Вака и нема ништо да се смени.
 
Точно е. Џабе се законите шо ги уведоа сега, едноставно таков народ сме, неодговорен, научени да живееме во лоша средина, ке се реши ли некогаш овој проблем со екологијата :toe:
 
Хммм... Албанија 25-место? Летово 10 дена ги поминав во Албанија на одмор, и нај искрено кажано, по не чиста земја сеуште немам видено. А иначе Македонија што си е валкана, валкана си е, треба многу да се работи на тоа поле.
 
Истражувачите на индексот EPI нагласија дека информациите врз чија основа е направена ранг листата потекнуваат од локални извори и не се секогаш со идеален квалитет, особено во земјите во развој.

Колку е само веродостојно видете од овој податок. Иначе нашиве мереле во Скопје и по градовиве а другите сигурно по цела земја. Гледајте кај нас колкава е површината на шуми и планини со ненаселено место а колку е површината со населени места. Ако се смета цела површина на Македонија би требало да бидеме многу подобри во овој фактор.
 
Дали сме сега на 50. или на 70 место поред мене и не е толку битно. Битно е дека оваа листа ни потврдува дека во Македонија не е баш чисто и мислам дека скоро сите се согласуваме со тоа.

Сега е до нас сите дали ќе смениме нешто или не и поред мене секој ако почне кај себе може да дојде до подобрување на ситуацијата, значи да не фрламе ѓубре на улица или во реките итн.
 
Па капак на сето депониите ни се на најпрометните патишта.Само од Прилеп да тргнеш до Охрид има 3 или4 големи депонии.А ромското маало во Битола е приказна за себе.Патот за Охрид поминува посредина на ромското маало и се врви низ депонија.Ееееее ЕУ.Далеку е ЕУ.
 
Зад Македонија се само Украина, Романија и Молдавија.
*прво мала забелешка за насловот
Македонија највалкана земја во Европа?
Украина, Романија и Молдавија се во Европа нели, па не сме ние највалкана, туку меѓу највалканите . (ако може да се земе како мала утеха(:
Но ништо не треба да ни биде утеха, туку треба да се преземе акција. Поригорозни казни за прекршителите. Колку толку во последно време се донесоа закони во еколошката сфера, но под знак прашалник е колку тие и реално се спроведуваат. Од друга страна пак, ако се донесе некој подобар закон може да падне пред уставен, така да џабе напор и труд. :) :D
Шала на страна :) пред се' тоа зависи од нас и нашата еколошка свест, потоа поголема едукација, повеќе еколошки акции, комуналните претпријатија да си вршат дејноста како што треба и сл...

Колку е само веродостојно видете од овој податок. Иначе нашиве мереле во Скопје и по градовиве а другите сигурно по цела земја. Гледајте кај нас колкава е површината на шуми и планини со ненаселено место а колку е површината со населени места. Ако се смета цела површина на Македонија би требало да бидеме многу подобри во овој фактор.
се согласувам за ова :)
 
Еве слика од катланово денешен датум.
img2323y.jpg
0oimg2323yj
my.php
my.php
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom