- Член од
- 29 јуни 2005
- Мислења
- 1.284
- Поени од реакции
- 14
Ти знаеш зошто е осуден Даравелски и затоа избега не сака да лежи затвор за ништо.
Даравелски,кого сакаш прашај од тие во суд што работат и се запознати ке ти кажат дека тој е осуден за:
1.Спонзорство на некој фудбалски тим од куманово од парите од царина (за такви работи за спонзортва и репрезентација)
2.За 10 запленети од царина Шкоди фелиции кои ги дал за подарок на неколку епархии кои уште се возат и на неколку општини во внатрешноста (селски) што ги држеше бмровски градоначалник и после и сдсмовските градоначалници ги возеа ама сдсм го направи крадач и “вмровци“(колку си ти вмровец се гледа,кога комуњар ќе рече дека бранко или Илија илоски краде или дека праеле шверц со цигари си се запрашал) како тебе го праат крадач.
АЛАЛ ВЕРА ЗА КУМАНОВСКА ДАЛАВЕРА
Еве шанса за антикорупционерот Михајло Маневски и за неговите колеги од Комисијата - да се прослават. Десетина крупни судски процеси во Основниот суд Куманово чекаат почеток уште од пролетта 2003 г.
Пишува: Зоран БОЖИНОВСКИ
Истрагите за тешки злоупотреби на службената положба и даночни затајувања, за милионски оштетувања на Буџетот на РМ, одамна завршија. Обвинителството и Судот во Куманово договорно ги чуваат овие случаи во нивните архиви.
СЛУЧАЈ ДОЦЕВСКИ Беше секторски директор, задолжен за финансии во Царинската управа, но и десна рака на Драган Даравелски. Киро Доцевски истовремено беше и претседател на КК Куманово, спортски клуб низ чија жиро-сметка поминаа големи суми спонзорски пари од Царината. Денес клубот не постои, веројатно затоа што милионите од "помагачите" веќе не се слеваат како тогаш кога беа моќни. По изборите во 2002 г. и бегството на Даравелски од државата, беше започната истрага за да се најдат трагите на парите од Царинската управа. СВР Куманово започна истрага која донесе и конкретни резултати: заврши со поднесување кривична пријава против Доцевски (бр. 253-4604/603, од 15. 04. 2003 г.) за "даночно затајување". Делото го сторил во повеќе наврати во 2001 и 2002 г. Како прв човек на КК Куманово, исплатил 13 милиони денари, на овој износ не платил персонален данок во износ од 8,4 милиони денари, а не уплатил на касата на државата ниту 1,46 милиони денари за данок по договор за дело. Истрагата го товари за противправна корист за КК Куманово. Клубот згасна веднаш по изборите 2002 г., така што е повеќе од логично дека овие пари само поминале низ жиро-сметката. Киро Доцевски за ова "заслужи" само неколку информативни разговори. Основното јавно обвинителство не предложи притвор, иако тоа е практика во вакви случаи. Доцевски до денес успешно ја "менаџира" улогата на крунски сведок во незапочнатиот судски процес против Драган Даравелски. "Менаџментот" доста успешно го раководи и обвинителката Валентина Стојановска, експретседателка на Унијата на жени на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово. Таа сe уште се шлепува на блиското пријателство со претседателот на Антикорупциската комисија Михајло Маневски, и како кадар на Томислав Стојановски Далавера, од деновите кога "дрмаше" со македонското правосудство.
СЛУЧАЈ ДАМЈАНОВСКИ Новица Дамјановски,

СЛУЧАЈ РАДУЛОВИЌ За криминалот во ЕСМ Куманово пишувавме и претходно. Поради бројни злоупотреби во работењето, пред Нова година од своите функции се сменети директорот Даниел Захариев и Благоја Насковски, а поради незавршените "обврски" кон своите "доверители", Насковски во моментов е на мака. Не е веќе во можност да издава енергетски согласности "под рака", а во меѓувреме имаше и непријатна предновогодишна средба со браќата Салихи за неизвршените услуги кон нив. Благоја Насковски од 1999 г. до крајот на 2002 г., како кадар на ДА и технички директор во ЕСМ Куманово, му помагаше на тогашниот директор на подружницата, Бранко Радуловиќ.

СЛУЧАЈ ЈАНУШЕВСКИ-МИЛАДИНОВСКА Обајцата беа шефови на Царинската подружница Табановце, додека директоруваше Даравелски. Против Зоран Јанушевски и Дијана Миладиновска во 2003 г. е поднесена кривична пријава за "злоупотреба на службената положба". Тие не поминале ниту ден во притвор. Според СВР Куманово, државата ја оштетиле за големи суми пари со тоа што дозволувале приватни фирми да увезуваат стока без плаќање царински давачки. Полицијата тоа го констатирала дури во 48 случаи, а државата е оштетена за 15,8 милиони денари. Во истрагата за ова сведочеле и цариниците Милчо Стоилковски, Бранкица Маневска, Зоран Цветковски, Драган Ивановски, Даниела Станковска, Власто Крстиќ, Емилија Стојчевска и Филип Даутовски. Истрагата утврдила дека увезените стоки за кои не е платена царина, биле за потребите на Искра АД Куманово (тогаш директор бил Томислав Краљевски) и за Горан Ѓорѓиевски (командант Мујо). До денес, почеток на 2006 г., нема разврска на овој случај. Зоран Јанушевски беше под истрага и за исчезнатите пари од тригодишната неуплата на такса за дезинфекција (случај "шап и лигавка").
СЛУЧАЈ МИХАЈЛОВСКИ Веројатно забележувате со каква ревност во Скопје се водат судските процеси против ексдиректорот на Фондот за здравство, Војо Михајловски. Веројатно сте забележале дека никаде не се спомнува кривичната пријава (бр 253-8982/1041 од 18. 07. 2003 г.) од СВР Куманово, поднесена против него за "злоупотреба" при набавките за Медицинскиот центар во Куманово. Пријавата е насловена како посебен извештај и е доставена до Скопското јавно обвинителство. Со набавките за Кумановскиот медицински центар, без тендер и со вештачко зголемување на цените, Михајловски овозможил Медицинска пластика АД од Тетово да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3,7 милиони денари. Тајната на криењето на оваа пријава е во тоа што при евентуалната истрага би била побарана кривична одговорност и од тогашниот директор на подружницата на Фондот во Куманово, Мирослав Стојановски. Мал проблем е податокот дека тој е сопруг на обвинителката Валентина Стојановска. Всушност, ова е клучниот момент за непроцесуирањето на ниту една кривична пријава. Уценета од ВМРО-НП (нивни кадар е) и до грло заглавена во тежок конфликт на интереси, што семејни, што партиски, обвинителката Стојановска го кочи целиот процес на борба против корупцијата и организираниот криминал во Куманово и пошироко.
ЛОГИЧЕН ЕПИЛОГ Во Република Македонија нема борба против корупцијата и организираниот криминал. Оваа јавна циркусијада, што Михајло Маневски ни ја приредува откако стапи на претседателската функција во Антикорупциската комисија, е само гола одмаздничка акција на еден пензиониран судија. Одмаздата е испровоцирана поради минатогодишната смена на неговата сопруга Филимена од функцијата судија во Апелацискиот суд во Скопје. Зачудува само молкот од заложниците на кампањата на Маневски, останатите членови на Антикорупциската комисија.
Кој им го тоа направи, дами и господа...
http://magazin.forum.com.mk/Desktop...&tabid=172&EditionID=69&ArticleID=1893&Page=1
Ima ushte edna mnogu chudna rabota, imeno kon krajot na 1994 godina Narodna Banka na Makedonija podnela krivichna prijava protiv Dalaverski za "otkradnati" 200 000 Germanski marki. Me mrzi da skeniram novinarski tekst-no ako mnogu skokash so "fakti" ke se pomacham.