Се сеќавате ли на вистинското ВМРО-ДПМНЕ

  • Креатор на темата Креатор на темата Laze_14
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 октомври 2008
Мислења
48
Поени од реакции
1
Се сеќавате ли колкава беше еуфоријата за ВМРО-ДПМНЕ во времето кога Љубчо беше лидер на партијата. Зошто велам дека тогаш беше подруго? Па ВМРО-ДПМНЕ денес коалицира со 20 други партии и добива доста гласови. На пример на изборите во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ сама партија освои повеќе гласови од денес со овие 20 и кусур партии. Тогаш ВМРО имаше водач и војвода и Љубчо беше виновен за тоа што народот беше за ВМРО. Неговите говори беа прекрасни, а насекаде одекнуваше народот извикувајки Љубчо како на митинзите така и на прославите.
Ајде ВМРОВЦИ нели барем малку ви недостасува она што беше порано. Не дека сега не е така има и сега еуфорија но порано беше многу поеуфорично ВМРО-ДПМНЕ.
 
Секоја партија си има пероди на успони и падови. Тоа било време на Љубчо, сега е на Никола, така да и сега има еуфорија. Тогаш народот беше понапален (по не изгорен од политичарите), а сега има се уште такви еуфорични фанатици, ама кај остатокот, не палат тие финти.
 
дај бе Лазе не заебавај
иди на темата за Љубе и Грујо
иди на темите за Љубчо
ќе си сознаеш причините
мене ми се смачи на секоја тема посебно да ви одговорам на вашите тапа прашања
 
Се тече, се се менува, па така и партиите се менуваат...Менуваат делување, програми, пристап...
Љубчо можеби бил добар во еден период, ама веќе не е...
Лидерите се менуваат, партиите остануваат.
Нормален процес.
 
Ок извини, ако си одговорил на овие прашања. Остатанатите теми се со врска за Љубчо, но со различна тематика. Оваа е со тема за еуфоријата на ВМРО за време на Љубчо и сакам да го прочитам и ставот на членовите на овој форум за оваа тема
 
ако тоа 14 ти значи години
се прашувам што се случи со детството на денешните деца
а ако не ти е ако си постар тогаш се прашувам како може толку да имаш тапа размислување кога на секој ВМРОВЕЦ тие одговори на тие прашања му се јасни
а и немора да бидеш вмровец за да ги знаеш
 
Помина времето кога луѓето се палеа на партии и водачи. Сеуште има фанатици, ама народот размислува потрезвено. Демократијата еволуира во земјава.
Јас искрено би сакал да еволуираме до ниво на западните демократии каде што обичниот граѓанин не знае кој е министер за внатрешни работи и слично.
 
Па...народот во 90-тите правеше култ на личности...
Сега скоро и да увиде дека тие исти личности се всушност далеку од полубогови, а во меѓувреме и практицираме демократија, па на таквите личности се гледа како на политичари, како и што треба да биде, со исклучок на некои запаленковци кои за богови ги сметаат ЉуБчо, брат им Љубе, Бранко, Али...
 
Лазе мисли на вистинското ВМРО ДПМНЕ. Она ДПМНЕ пред да се роди тој?
 
Многу убаво се сеќавам на почетоците на ВМРО-ДПМНЕ (а денешново, патем, е исто така она вистинското).

Тогаш имаше колективна еуфорија (во позитивен смисол) бидејќи мнозинството Македонци инстинктивно реагираа на идејата за независност и на четирите свети букви. Тоа беше во основата. Имаше многу позитивна енергија во воздухот, надеж.

Но, за жал, наскоро се испреплетоа разноразни кавгаџиски “дебати’’ за личности, партиски лидери и други попростачки дискурси, па почнаа делби. Како некој да сакаше да има поделба во Македонија.

Со еден збор, во времето на почетоците на ВМРО-ДПМНЕ имаше еуфорија која предавникот Љупчо и шепата платеници околу него како Доста Димовска ги искористија за свои потреби и за туѓу каузи. На крајот, Љупчо Георгиевски беше отфрлен на буништето на историјата како што впрочем му следува на секој еден предавник.
 
Лазе си бил ли ти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Си слушал и некој говор на Никола Груевски, Си ја почуствувал ли еуфоријата која владее кога го најавуваат "лидерот на ВМРО ДПМНЕ "
ВМРО-ДПМНЕ е појако од кога било до сега, љупчо си отиде и дојде нова ера, Победничка ера на ВМРО ДПМНЕ.
 
Се сеќавате ли колкава беше еуфоријата за ВМРО-ДПМНЕ во времето кога Љубчо беше лидер на партијата. Зошто велам дека тогаш беше подруго? Па ВМРО-ДПМНЕ денес коалицира со 20 други партии и добива доста гласови. На пример на изборите во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ сама партија освои повеќе гласови од денес со овие 20 и кусур партии. Тогаш ВМРО имаше водач и војвода и Љубчо беше виновен за тоа што народот беше за ВМРО. Неговите говори беа прекрасни, а насекаде одекнуваше народот извикувајки Љубчо како на митинзите така и на прославите.
Ајде ВМРОВЦИ нели барем малку ви недостасува она што беше порано. Не дека сега не е така има и сега еуфорија но порано беше многу поеуфорично ВМРО-ДПМНЕ.

Ах, бе Лазе, вистинското ДПМНЕ е на Драган Богдановски и компанија.
ЉуБчо беше од МААК
.

Ајде, ако не си трол или спамер читни малку.
 
Лаце грешка си еуфоријата кога го најавуваат сегашниот лидер е неопишлива не си бил на митинг да видиш
 
Што помалце еуфорија тоа подобро. Доста ни се политичариве па и луѓево да си вадат очи. Ако си симпатизер, иди гласај а не по плоштади по цела Македонија да идеш за да го слушаш секогаш истиот говор и да вееш со знамето. Што помалце тоа подобро...
 
Па...народот во 90-тите правеше култ на личности...
Сега скоро и да увиде дека тие исти личности се всушност далеку од полубогови, а во меѓувреме и практицираме демократија, па на таквите личности се гледа како на политичари, како и што треба да биде, со исклучок на некои запаленковци кои за богови ги сметаат ЉуБчо, брат им Љубе, Бранко, Али...

И сега прави. Никола и Бранко. Додуша овој вториов е поодамна направен, а сега е култ кај мал број на луѓе, но сепак тие луѓе го перцепираат како месија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom