Македонско етничко потекло декларирано во 1846 год.!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Уште една потврда за Македонското потекло и македонска свест во 1846 година

gjorgija-makedonski-1846-translation.jpg

Доколку некој има дилеми каде се наоѓа ова село Радибуш:

RadibushGjerogijaMakedonski.jpg

Меѓу Крива Паланка и Куманово означено со синото балонче.
 
Се двоумев дали да бидам дрзок и на мајтап да ја терам работава,ама не сакам некому да му ја олеснам работата да ми прилепи некакви антимакедонски налепници...
Инаку ова со Ќ е занимливо.Очигледно ова е превод на оригиналниот напис каде сигурно се користи дијалект многу близок на модерниов Бугарски јазик,вклучувајќи ги и буквите кои ние не ги користиме.И сега,сите двогласки ЈА и ЈО се променети,се користи Ј,ама ова со Ќ не е променето :)
Плус,влијанието на Грчките свештеници е многу силно во тие периоди.Може да се согледа и од Рајко Жинзифов кој дури бил и крстен како Ксенофон Ѕинѕиф.Како е можно,со континуирана неспорна дефиниција за Словенството и во Цариград и во Москва и во цел свет,овој дедо Ѓорѓија да се кажува Словен од Македонија,а вие да плукате по Словените?
Колку за потсетување,на демострациите по повод промена на Знамето и влезот во Обединети Нации со привремена референца,имаше еден огромен транспарент каде пишуваше дека ние не сме Грци,Бугари или Словени...ние сме Македонци.
Исто и Царкњас го приметив,никако не се декларира за Словен,се кажува Македонец како различно од Словен.

Комплетно се согласувам дека сме ние Македонци,исто како што Бугарите си се Бугари.Ама и они и Србите прават разлика помеѓу народ и раса,нешто што ние не го правиме или не го прифаќаме како такво.Тврдиме афтохтоност,одбиваме да прифатиме еден унитарен и од никого не оспорен факт за Словените и нивните Преселби,еве читаме како и дедо Ѓорѓија се кажува Словен,Никола Груевски вели дека целата историја ни припаѓа нам,Никодим Царкњас не бил Словен...малку ме буни сето ова.

Славјански?
 
Препис од црквнословенски, основата на сите словенски јазици. Се употребувал само како богослужбен и официјален јазик на православните цркви.

Не прејудицирај за Словените, никој не плука врз нив туку кон селективната употреба со цел да се прекине континуитетот меѓу Македонците пред и по 6-от век.

Како што погоре читаш се декларираат како Македонци, а терминот Славјани од Македонија го дообјаснува значењето на поимот Македонски.
“Си го зедов прекарот Македонски, за да се знае дека сме Славјани од Македонија“.

А не претставува посебност која го негира Македонскиот идентитет и не се употребува како замена за етничката определба Македонци.

Колку за потсетување,на демострациите по повод промена на Знамето и влезот во Обединети Нации со привремена референца,имаше еден огромен транспарент каде пишуваше дека ние не сме Грци,Бугари или Словени...ние сме Македонци.
Исто и Царкњас го приметив,никако не се декларира за Словен,се кажува Македонец како различно од Словен.

Комплетно се согласувам дека сме ние Македонци,исто како што Бугарите си се Бугари.Ама и они и Србите прават разлика помеѓу народ и раса,нешто што ние не го правиме или не го прифаќаме како такво.Тврдиме афтохтоност,одбиваме да прифатиме еден унитарен и од никого не оспорен факт за Словените и нивните Преселби,еве читаме како и дедо Ѓорѓија се кажува Словен,Никола Груевски вели дека целата историја ни припаѓа нам,Никодим Царкњас не бил Словен...малку ме буни сето ова.

Славјански?
Јас не сум Славјански меѓутоа ќе одговорам и на ова.

Македонците ОДБИВААТ да се нарекуваат “Словени“, бидејќи имаме свое етничко име “Македонци“ и ќе инсистираме секогаш и секаде да бидеме детерминирани како такви.

Дали ти правиш разлика меѓу народ и раса?

Што е народ, а што раса?

Македонците се домороден елемент во регионот Македонија низ целата историја, а преселбата на “Словените“ не претставува и не смее да подразбира исчезнување, пресек, прекин на таа врска и да се употребува како аргумент за негација на Македонското потекло пред таа наводна преселба.

Ние сме Македонци, етногенетски создадени од нашата и воопшто и од балканската историја.
Зборуваме словенски јазик како писменост и ние сме наследници на целата култура и историја на се' што станувало на географско-историската територија што го носела и го носи македонското име.

Радибуш се навога од Ранковце према Герман планина или поточно три до четири км. од Ранковце, токму од Радибуш ви пишувава се гледаат трите пирамиди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom