Замката „Северна Македонија“ и катастрофалните последици

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Замката „Северна Македонија“ и катастрофалните последици
Автор: Ристо Никовски

Во 1993 година, набргу по приемот во ООН, тогашна ЕЗ го запре нашиот извоз и ултимативно бараше на документите да се ставаат печати со референцата! Кај извозниците, особено во Министерството за земјоделство, настана паника. Не само од таму, се вршеше силен притисок да се прифати барањето на Брисел. За среќа, МНР (тогаш МОС) почна тешка битка со Брисел, која не смееше да се загуби. Шпанецот Матутес, кој беше комесар за транспорт на ЕЗ, ни го постави ултиматумот, а се знае кој стоеше зад тоа. Следуваа голем број контакти и телефонски разговори, но тој беше дециден: ако сакате извоз во ЕЗ, морате да ги смените печатите! Залудно му се објаснуваше дека е тоа против законите, дека повлекува кривична одговорност и сл. Кога видовме дека нема излез, одевме со блеф. Му порачавме: доколку се сменат нашите печати, се крши Уставот на земјата. Тоа не може никој да го направи самоиницијативно. Затоа Ве молиме да ни испратите писмо во кое ќе наведете: „Иако сме свесни дека со бараната промена се крши Уставот на вашата земја, доколку сакате извоз во ЕЗ, печатите на извозните документи мораат да бидат со референцата од ООН!”. Напишете ни го тоа, предложивме, и ние ќе го исполниме барањето!

Матутес повеќе не се јави. Забраната на нашиот извоз беше укината! Европа знае што значи прекршување на Устав, а случајот покажува дека ако не се бориш, душата ќе ти ја земат, без да трепнат. Особено ако си слаб и ранлив, како ние. Мораш да им го погодиш и речникот што го разбираат.

Ситуацијата денес е идентична и овој поучен увод покажува дека наметнувањето на географската одредница „Северна“ не е воопшто случајно и без прецизни намери. Нормално, иако е за нив (скоро) идеална „идејата“ на Нимиц, Атина тактизираше. Сега Малјас ги отвора картите. Тоа ќе го претстават како нивна апсолутна концесија и ќе бараат пакет со невозможното. Другите ќе ги поддржуваат: референца ќе им бидат нашите „компромисери“.

Некои како да забораваат дека нашата земја никогаш официјално не ја прифати референцата и таа нас не нè обврзуваше. Грубиот обид на Матутес не беше воопшто наивен: целта беше ние да ја користиме референцата што, ипсо фацто, ќе значеше и откажување од името на државата. Со тоа, приказната ќе беше одамна завршена.

Прифаќањето на какво било „надворешно“ име ќе нè обврзува и тоа, во голема мерка, ќе ја промени нашата позиција. Ако за сите насекаде бидеме некаква „Северна Македонија“, сосема ќе биде ирелевантно што дома ќе си сметаме дека сме Македонија и Македонци. Тоа си за што те сметаат другите. Ова не е поделена држава, та и на север и на југ да живее ист народ. Тука е замката: други сакаат да станат Македонци наместо вистинските. Затоа, ако се прифати „Северна Македонија“, не треба да има дилеми дека последиците ќе ни бидат катастрофални. Неминовно ќе мора да се менува и Уставот, или ќе треба секојдневно да го прекршуваме!

Примерот со Матутес покажува дека во таков случај нашите извозни документи и печати – апсолутно нема да можат да бидат со историското и (засега!) уставно име. Кај сите, а особено во Унијата, ќе мора да се извозува под новото име, а на стоката ќе пишува - „Маде ин Нортх Мацедониа“ (произведено во Северна Македонија). Впрочем, во меѓународните регистри нема да има субјект „РМ“. Ниту код МК. Така, и пасошите ќе мораат да ни бидат со името за (по)надвор, инаку никој нема да ги прифаќа: РМ ќе ја нема во компјутерите на границите. Сè заедно, самите ќе се прекрстуваме. Спротивно на Уставот.

Уште поевидентна ќе биде ситуацијата во спортот. Во сите светски спортски федерации ние би биле регистрирани со прифатеното име за (по)надвор. Сега сме со референцата, ама не со наша согласност. Едноставно, тоа значи дека и дома ќе мораме да играме под новото име, прекршувајќи го Уставот. Неосновано, и досега нè тераа да ја носиме референцата, но без успех. Освен во неколку случаи.

И така, секојдневно и постојано ќе се среќаваме со безизлезни и крајно навредливи ситуации. Дури тогаш нема да знаеме ниту што сме, ниту од каде сме. Сè ќе ни се измеша. Тоа ќе биде мачен процес на постепено и понижувачко разнебитување на сè што е македонско. Дури тогаш ќе станат легитимни и сите аспирации спрема, измислениот од Тито и од Коминтерната, македонски народ.

Тешко на нашите вистински Македонци во Грција: што ќе бидат тие? Северни Македонци од Централна Македонија или Централни Македонци од Северна? Едно е сигурно - постепено ќе ги снема! Прво нив, потоа и нас.

Ова се само дел од последиците што ќе нè чекаат како „северномакедонци“. Ако некој смета дека тие можат да се избегнат или спречат, или се лаже или има поинакви сметки. Затоа, многу е подобро да се оди плански и на промена на Уставот додавајќи, на историското и уставно име на земјата, на пример - (Вардар) во заграда. Така може чесно да се реши проблемот. Тоа би бил разумен компромис. Инсистираат на географска одредница, еве им ја. Поточна од неа - нема. Резолуцијата на ООН (817) нотира „разлика околу името на државата“ и нејзе, на овој начин, можеме да ја надминеме. Без никакви други нелегитимни манипулации со некакви придавки, заменки, глаголи и слична граматика, кои ни ги подметнаа, а ние не ги забележавме. Народот, јазикот, културата, историјата не се дел од проблемот, иако (не случајно!) некои упорно инсистираат токму на тоа. Тие што тврдат дека „Северна“ е подобро решение - или не разбираат или за некого играат. Освен Грците, и само едни други, никој (барем јавно) не го доведува во прашање постоењето на македонскиот народ. „Северна“ - токму тоа го прави. Нимиц, и тие што стојат зад него, мораат да се придржуваат до мандатот што го добиле. Досега тоа не беше случај.

Наша задача е да се избориме за тоа.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=370&ArticleID=22867




се ОК само оваа реченица не ми се свиѓа.
Затоа, многу е подобро да се оди плански и на промена на Уставот додавајќи, на историското и уставно име на земјата, на пример - (Вардар) во заграда.

најарно ништо да не мењаме ... еден НАЈГОЛЕМ протест и да им кажеме чао на ЕУ и да им посочиме дека се уценувачи, угнетувачи и ни најмалце демократи....
 
Предлозите за сложено име со „географска одредница“ што ни се сервираат и се афирмираат како „реален“ и „прифатлив“ компромис, сепак имаат многу подлабока димензија, и кон истите (како и кон формулациите) треба исклучително внимателно да се однесуваме, бидејќи претставуваат своевиден „Тројански коњ“ за националниот идентитет.

Географското дефинирање на државата Македонија, само привидно ја одразуваат географската одредница, а всушност во себе ја интегрираат целокупната грчка позиција за негирање на правото на културно-историското наследство на античка Македонија, а со тоа и на самото име Македонија и Македонци.

Зад привидната географска одредница, како на пример Северна Македонија, всушност се кријат настојувањата на Атина територијално да ја разграничи и со тоа да ја монополизира историјата на античка Македонија (и на другите историски периоди поврзани со територијата на „историска Македонија“) , со што директно претендира да го обезбеди ексклузивното историско право на терминот Македонија и Македонци.


Бидејќи никој не се прашува што ќе биде со делот од Македонија кој се наоѓа во Грчките граници, регион кој е познат како историска Македонија и жители кои што го користат тоа локално регионално име “Македонци“ во рамките на Грчката држава.


Во таа насока, сосема јасно можат да се аплицираат постулатите на грчката политика за името, презентирани од идеологот на спорот - Евенгелос Кофос во 2005 (по признавањето на уставното име од САД). Историската димензија на името Македонци, Кофос директно ја лоцира кајпрвите сопственици на името, кои всушност го дале своето име на регионот“, а кои, според него, биле „грчко-говорен народ, кои во класичната антика ја населувале приближно територијата на денешна Егејска (Грчка) Македонија и се идентификувале како Македонци според нивниот грчки јазик“. Во таа смисла, секоја историска личност, настан и културно достигнување, во иднина Атина би го третирала и поврзувала со територијата како клучен елемент на националното наследство, повикувајќи се на формулациите во идниот договор. Со географското дефинирање на Република Македонија преточено во уставна категорија од додавката Северна (или друга географска одредница) , на Македонија всушност не само што ќе и се оспори правото на повикувањето на културно-историското наследство на античките Македонци (како и на другите историски периоди поврзани со територијата на „историска Македонија“) , туку и историското право на самата употреба на идентитетските имиња Македонија и Македонци.


Со тоа на Република Македонија всушност вештачки ќе и биде оспорено историското право на користењето на имињата Македонија и Македонци, што ќе резултира со целосно обезличување на националниот идентитет.


Меѓудругото, некаде во Октомври 2008 на Грчката телевизија МЕГА излезе овој документ со истиов предлог “Р. Северна Македонија“ каде само се потврдува ова што го пишав претходно:


8.
Takes note that "Macedonia" has importance to a long association with the heritage, culture and history of the Hellenic Republic and the Hellenic people since antiquity, the "Macedonia" is a name commonly used to refer to a region of northern Greece and that the people of such region are, within the Hellenic Republic, customarily referred to as "Macedonians"'.

9. Declares that no State or official subdivision thereof shall be referred to in international official usage at any time as "Macedonia" or "Makedonija'.



Значи тоа го бараат Грците, кон тоа целат.



И една поучна мисла од најголемиот македонски протагонист - Андонис Самарас во неговото интервју за Екатимерини:

“Аргументот дека Грција претерува зашто една ваква мала држава не е закана за Грција... е контрадикторен и опасен, да не речеме нелогичен. Ако Скопје не е закана денес, никој не може да предвиди или да гарантира... каков сооднос на силите ќе се појави во блиска или подалечна иднина на Балканот или пошироко. Државите не живеат само во сегашноста. Мораме да го памтиме минатото за да не го доживееме повторно во иднината“.

 
Замки колку сакаш, но зошто се доведовме до тоа дереџе?

Господинот Никовски е искусен дипломат ама и тој греши со додавката (Вардар).
Кој дел од програмата фали на македонскиот естаблишмент ?
Националната гордост, да се биде Македонец а не македонче.

Да имавме луѓе со национална гордост на секое жабокрекање на Грците ќе се одговараше со илјадниците аргументи кои и стоеа на располагање на државата Македонија.
Од етничкото чистење на Беломорска Македонија, промена на етничкиот карактер на таа “нивната“ Македонија со импорт на националности од Азија, забрана за користењето на името Македонија во 19 и 20 век, кршење на човековите права во 21 век итн итн .....
Издавањето на македонскиот абецедар под пристиок на лигата на народите, поради лошата положба на Македонците, извештајот на ООН за постоењето на Македонците пред некој месец итн итн.......

Ако неможе ВЛадата тогаш дајте пари на вистинските невладини организации, да се екипираат и тие отворено можат да пукаат на сите страни.

Ќе формираме панмакедонски невладин сектор каде сите овие аргументи секојдневно ќе бидат презентирани пред владите на еу и нато.
Пред владите на Кина и Русија кои се исто обвинети од вавилонската ороспија Европа дека не ги решаваат човековите права а самата Европа има нерешени права во нејзината супер демократска унијаитн итн ....

Има можности има аргументи ама зошто не измачуваат со разно разни предлози кои на крај ќе ги отфрлиме, неможам да сватам.
 
јас мислам дека следи период на перење мозок ....
убедување од сите страни дека Северна е добар предлог ...
и да не ги потценуваме тие психологии на медиуми и НВОа ... народот во Македонија во голем дел, непотценувачки дел сметам дека ќе подпадне под тие убедувања ...
а не постои тврда страна доволно јака за да ги сузбие тие убедувања ....

едит: добра изјава на Милошевски која ми дава утеха дека тие психологии и перења мозок нема да бидат поткрепени од владата ...
само да ги замолам да испаѓаат со поцврсти ставови почесто ...
 
Овој пат “баш бугаринот“ Милошоски ја разобличи грчката дипломатија:

„Овој спор не е само за името и овој спор има една скриена, а сега веќе станува и отворена агенда да наштети на националниот и јазичен идентитет на македонскиот народ“, изјави Милошоски.
Милошоски вели дека за Македонија е спорно решението кое би имало географска одредница.
„Во употребата во Грција на терминот ’Македонија‘ има доволно географија, за што сметам дека дополнителна географија не е потребна за да се прави разлика со „Република Македонија“ која е основана како држава и се наоѓа на истото место од своето основање“, рече министерот Милошоски.

„Не е поместена ниту посеверно, ниту појужно, ниту позападно, ниту поисточно, и кога сме се основале како држава во 1945 година, во тогашната Југословенска Федерација, Грција немала никакви пречки со нашето уставно име“, додаде Милошоски.

http://www.a1.com.mk/default.aspx


Затоа нема потреба од паника, доколку нашава Влада го одбива овој предлог претпоставувам не го делат “очајот“ со оние кои заговараат промена на име и предлогов го сметаа за “одлична прилика“.

Чиста 5ка за Антонио за целава изјава, полн погодок!
 
јас мислам дека следи период на перење мозок ....
убедување од сите страни дека Северна е добар предлог ...
СДСМ тоа веќе одамна го прави, а поготово интензивно за време на изборите.


Славјански е во право, и досега сто пати е речено истото ама ниедна влада воопшто не и се слуша за таква работа.
 
Би доставил некои докази за поимот ,,НА СЕВЕР ОД МАКЕДОНИЈА,,

Македонија го добила името по синот на Дионис,кој се викал Македон и кој бил назначен од Дионис за крал на Тракија и тогашната територија што се викала Ематија,по името на Ематион,крал што владеал со Ематија област во Паонија

како што наведува Јустин во книга седум во Филиповата историја.

Агријаните,за кои Аријан вели дека биле паонско племе,соседи на Трибалите,кои служеле во македонската војска како коњаница,и кои порано ги покорил кралот Филип втори Македонски.
Во поглавје 5 книга еден,,Александрова војна-Анабаза,,Аријан вели - Aлександар со војската се движел по земјата на Агријаните и Паонјаните-каде стасале гласници,кои јавиле дека Клито,Бардилов син и Глвкиј,крал на Таулантите,му биле сојузници.Гласниците кажале дека и Автаријатите ќе навалат на војската на Александар трети Македонски по пат.

Во фуснотата за Паонија стои:
,,Паонија е земја северно од Македонија,северо-западно од Илирската земја до реката Стримон-Струма,,.

Римјаните намерно го занемериле овој град за да не будат сеќавања на големите македонски кралеви.
Пела е град во Македонија во областа ,,ЕМАТИЈА,,, што Филип Македонски го избрал за престолнина. Александар трети Македонски се родил во него.
Значи, Римјаните намерно го занемериле овој град за да не будат сеќавања на големите македонски кралеви.
Први кои го разурнале главниот град на Филип биле Галите пред Римјаните, оставајќи ги урнатините на Пела на една височинка налегната кон запад и водата што ја опкружува.

Ако се вратиме на претходниот пост која е Ематија сите заедно ке ја разбереме целта на нашиот јужен сосед,а тааконечно присвојување од неа со она што значи за нас ,,ИДИНТИТЕТ,,ако се сконцетирате на постовите се разбира.
 
Предлозите за сложено име со „географска одредница“ што ни се сервираат и се афирмираат како „реален“ и „прифатлив“ компромис, сепак имаат многу подлабока димензија, и кон истите (како и кон формулациите) треба исклучително внимателно да се однесуваме, бидејќи претставуваат своевиден „Тројански коњ“ за националниот идентитет.

Географското дефинирање на државата Македонија, само привидно ја одразуваат географската одредница, а всушност во себе ја интегрираат целокупната грчка позиција за негирање на правото на културно-историското наследство на античка Македонија, а со тоа и на самото име Македонија и Македонци.

Зад привидната географска одредница, како на пример Северна Македонија, всушност се кријат настојувањата на Атина територијално да ја разграничи и со тоа да ја монополизира историјата на античка Македонија (и на другите историски периоди поврзани со територијата на „историска Македонија“) , со што директно претендира да го обезбеди ексклузивното историско право на терминот Македонија и Македонци.


Бидејќи никој не се прашува што ќе биде со делот од Македонија кој се наоѓа во Грчките граници, регион кој е познат како историска Македонија и жители кои што го користат тоа локално регионално име “Македонци“ во рамките на Грчката држава.


Во таа насока, сосема јасно можат да се аплицираат постулатите на грчката политика за името, презентирани од идеологот на спорот - Евенгелос Кофос во 2005 (по признавањето на уставното име од САД). Историската димензија на името Македонци, Кофос директно ја лоцира кајпрвите сопственици на името, кои всушност го дале своето име на регионот“, а кои, според него, биле „грчко-говорен народ, кои во класичната антика ја населувале приближно територијата на денешна Егејска (Грчка) Македонија и се идентификувале како Македонци според нивниот грчки јазик“. Во таа смисла, секоја историска личност, настан и културно достигнување, во иднина Атина би го третирала и поврзувала со територијата како клучен елемент на националното наследство, повикувајќи се на формулациите во идниот договор. Со географското дефинирање на Република Македонија преточено во уставна категорија од додавката Северна (или друга географска одредница) , на Македонија всушност не само што ќе и се оспори правото на повикувањето на културно-историското наследство на античките Македонци (како и на другите историски периоди поврзани со територијата на „историска Македонија“) , туку и историското право на самата употреба на идентитетските имиња Македонија и Македонци.


Со тоа на Република Македонија всушност вештачки ќе и биде оспорено историското право на користењето на имињата Македонија и Македонци, што ќе резултира со целосно обезличување на националниот идентитет.


Меѓудругото, некаде во Октомври 2008 на Грчката телевизија МЕГА излезе овој документ со истиов предлог “Р. Северна Македонија“ каде само се потврдува ова што го пишав претходно:


8.
Takes note that "Macedonia" has importance to a long association with the heritage, culture and history of the Hellenic Republic and the Hellenic people since antiquity, the "Macedonia" is a name commonly used to refer to a region of northern Greece and that the people of such region are, within the Hellenic Republic, customarily referred to as "Macedonians"'.

9. Declares that no State or official subdivision thereof shall be referred to in international official usage at any time as "Macedonia" or "Makedonija'.



Значи тоа го бараат Грците, кон тоа целат.



И една поучна мисла од најголемиот македонски протагонист - Андонис Самарас во неговото интервју за Екатимерини:

“Аргументот дека Грција претерува зашто една ваква мала држава не е закана за Грција... е контрадикторен и опасен, да не речеме нелогичен. Ако Скопје не е закана денес, никој не може да предвиди или да гарантира... каков сооднос на силите ќе се појави во блиска или подалечна иднина на Балканот или пошироко. Државите не живеат само во сегашноста. Мораме да го памтиме минатото за да не го доживееме повторно во иднината“.




Апсолутно го подржувам ова мислење и само така треба да се постапи и во преговорите и спрема европа. По стоти пат ќе кажам, ако сами не се почитуваме коиј сме што сме од надвор никој нема да не почитува.
 
Овој пат “баш бугаринот“ Милошоски ја разобличи грчката дипломатија:

„Овој спор не е само за името и овој спор има една скриена, а сега веќе станува и отворена агенда да наштети на националниот и јазичен идентитет на македонскиот народ“, изјави Милошоски.
Милошоски вели дека за Македонија е спорно решението кое би имало географска одредница.
„Во употребата во Грција на терминот ’Македонија‘ има доволно географија, за што сметам дека дополнителна географија не е потребна за да се прави разлика со „Република Македонија“ која е основана како држава и се наоѓа на истото место од своето основање“, рече министерот Милошоски.

„Не е поместена ниту посеверно, ниту појужно, ниту позападно, ниту поисточно, и кога сме се основале како држава во 1945 година, во тогашната Југословенска Федерација, Грција немала никакви пречки со нашето уставно име“, додаде Милошоски.

http://www.a1.com.mk/default.aspx


Затоа нема потреба од паника, доколку нашава Влада го одбива овој предлог претпоставувам не го делат “очајот“ со оние кои заговараат промена на име и предлогов го сметаа за “одлична прилика“.

Чиста 5ка за Антонио за целава изјава, полн погодок![/QUOT

Братот дали би можеле да се сконцетрирама на овој твој пост,за да пронајдиме3 одредена вистина денес секако имајки ги во предвид моите постови.поздрав
 
Би доставил некои докази за поимот ,,НА СЕВЕР ОД МАКЕДОНИЈА,,

Македонија го добила името по синот на Дионис,кој се викал Македон и кој бил назначен од Дионис за крал на Тракија и тогашната територија што се викала Ематија,по името на Ематион,крал што владеал со Ематија област во Паонија

Oвие “докази“ ти ги прати газдарицата од Атина, Бакојани?
Страм да ти е што вака перфидно и на мала врата сакаш да ни пласираш твоја и на бакојани “вистината“ дека не сме Македонци.

Кај се македонците во твоите и на бакојани “докази“. Тракици сме? Ематијци? демек “вие го добивте името по некој крал КОЈ ВИ ГО НАЗНАЧИЛЕ !?!?!?! да ви владее во Ематија и Тракија. А тоа македон ви е од чоек име?!?!

Зарад вакви предавници и продадени души ли лееа крв поколенија и гинеа не сакајќи да си го предадат или ПРОДАДАТ името. Ти малце на шала малце на будала сакаш да створиш атмосфера овде дека името и не е страшно пошто ете ние сме тракијци или емаќани а македонци ниту споменуваш дека некогаш постоеле. Па во други доскусии ни носиш ванземаљци па атландиѓани, па турски натписи. Јас мсилев ете уше еден на кој му избега чавката па не може да ја фати али испадна дека си поминал напреден курс за специјална војна и подривачки дејствија.

Уште еднаш срам да ти е.
 
.......Македонија го добила името по синот на Дионис,кој се викал Македон и кој бил назначен од Дионис за крал на Тракија и тогашната територија што се викала Ематија,по името на Ематион,крал што владеал со Ематија област во Паонија.......

Грците и историјата :pos2::pos2:
Кај имаат грците историја:vozbud: кај нив се е сведено на некаква си боговска митологија која нема никаков допир со реалноста.
Некои луѓе (народи) се уште живеат со умот во облаците.
 
Oвие “докази“ ти ги прати газдарицата од Атина, Бакојани?
Страм да ти е што вака перфидно и на мала врата сакаш да ни пласираш твоја и на бакојани “вистината“ дека не сме Македонци.

Кај се македонците во твоите и на бакојани “докази“. Тракици сме? Ематијци? демек “вие го добивте името по некој крал КОЈ ВИ ГО НАЗНАЧИЛЕ !?!?!?! да ви владее во Ематија и Тракија. А тоа македон ви е од чоек име?!?!

Зарад вакви предавници и продадени души ли лееа крв поколенија и гинеа не сакајќи да си го предадат или ПРОДАДАТ името. Ти малце на шала малце на будала сакаш да створиш атмосфера овде дека името и не е страшно пошто ете ние сме тракијци или емаќани а македонци ниту споменуваш дека некогаш постоеле. Па во други доскусии ни носиш ванземаљци па атландиѓани, па турски натписи. Јас мсилев ете уше еден на кој му избега чавката па не може да ја фати али испадна дека си поминал напреден курс за специјална војна и подривачки дејствија.

Уште еднаш срам да ти е.


Не знам зошто ве покоди вистината,и пак со дискриминација,омаловажување,деградирање,обезглавување,наметнувајки ја Дора Баколјани за поврзаност со постот.
Дали оној што го обезглавува некој потајно си ја крие својата вистина и неговата поврзаност со Баколјани,преставувајки записи за кои и самите грци го знаат сето ова но и Вавилонската Курва Европа.

Грците и историјата :pos2::pos2:
Кај имаат грците историја:vozbud: кај нив се е сведено на некаква си боговска митологија која нема никаков допир со реалноста.
Некои луѓе (народи) се уште живеат со умот во облаците.

Ткму тоа се обидувам да го докажам,дека имаат украдена историја од македонскиот народ и заедно со вавилонската курва Европа се обидуваат да докажат дека кралот Филип и Александар се нејзини кралеви.
 
Не знам зошто ве покоди вистината,и пак со дискриминација,омаловажување,деградирање,обезглавување,наметнувајки ја Дора Баколјани за поврзаност со постот.
Дали оној што го обезглавува некој потајно си ја крие својата вистина и неговата поврзаност со Баколјани,преставувајки записи за кои и самите грци го знаат сето ова но и Вавилонската Курва Европа.



Ткму тоа се обидувам да го докажам,дека имаат украдена историја од македонскиот народ и заедно со вавилонската курва Европа се обидуваат да докажат дека кралот Филип и Александар се нејзини кралеви.

ај биди појасен и изнеси твој личен став околу прашањето со името без цитирања на книги и мешање историја (знам дека е историјата е битна околу прашањево ... но мислејќи дека повеќето на форумов имаме каков таков став околу тоа а вероватно и ти ... прескокни ја и врз база на тоа шо го знаеш изнеси свој став само околу прашањето на името).
едноставно твој личен став ... кратко и јасно ...

и да не навлегуваме во бесконечни дискусии ... сепак темата е замката од смена на името и последиците.
 
Не знам зошто ве покоди вистината,
Ти немаш во твојата “историја и докази“ Македонци. Ни ги пласна Траките, Емаќаните и НАЗНАЧЕН крал да владее со нив па по тој крал тие некои си Траки и Емаќани се нарекоа Македонци.

Кујната на Бакојани гледам работи со полна пареа, не само на дипломатско ниво туку и во виртуелниот свет и на овој форум.
Само да знаеш дека македонци постоеле овде и пред тие траки и пред емаќани и немаат никаква врска ни со венети ни со пелзги ни со египќани ни со австралијанци. Вие можите со газдарицата ваша пења на уста да фатите но од Македонци нема да не направите Бугари (Траки) ниту северозападни ниту југозападни ниту славомакедонци. Затоа што за разлика од вас, кај нас е вистината.
А сега продолжи со Атинските докази кој сме и што сме.
 
ај биди појасен и изнеси твој личен став околу прашањето со името без цитирања на книги и мешање историја (знам дека е историјата е битна околу прашањево ... но мислејќи дека повеќето на форумов имаме каков таков став околу тоа а вероватно и ти ... прескокни ја и врз база на тоа шо го знаеш изнеси свој став само оклу прашањето на името).
едноставно твој личен став ... кратко и јасно ...

Кратко и јасно ,,истиот ден кога ние го прифатиме името северна Македонија,тие како од хелини се нарекоа грци,од грци ке станат македонци,имајки ги во предвид сите докази,за кои ве не сакате или така се правите да ме разберете.
И така утре сите ние ке станеме паонци,бидејки сами сме барале име северна Македонија.
Јас како пријател со Дора Баколјани сум за името кое постои 4200год а тоа е Македонија,без никакви двојни и тројни формули,а вие.

Ти немаш во твојата “историја и докази“ Македонци. Ни ги пласна Траките, Емаќаните и НАЗНАЧЕН крал да владее со нив па по тој крал тие некои си Траки и Емаќани се нарекоа Македонци.

Кујната на Бакојани гледам работи со полна пареа, не само на дипломатско ниво туку и во виртуелниот свет и на овој форум.
Само да знаеш дека македонци постоеле овде и пред тие траки и пред емаќани и немаат никаква врска ни со венети ни со пелзги ни со египќани ни со австралијанци. Вие можите со газдарицата ваша пења на уста да фатите но од Македонци нема да не направите Бугари (Траки) ниту северозападни ниту југозападни ниту славомакедонци. Затоа што за разлика од вас, кај нас е вистината.
А сега продолжи со Атинските докази кој сме и што сме.

само би те потсетил некогаш Балканот се викал Македонија,значи сите народи на Балканот денешен во тој временски период биле под палката на македонските кралеви Филип и Александар,знаци и траките биле во состав и паонците,јасонците,перхебите,трибалите,скодрите,дисарите,..................нечто слично како бившата Југославија каде и ние македонците бевме во составот како посебна република,не навлегувам дали македонскиот дух се почитувал тогаш бидејки тоа е друга тема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom