Изборен предмет, факултативен, незадолжителен, доброволен.
Затоа и неможе да станува збор за нарушување на секуларноста.
Кога имаш 2 (или повеќе) изборни предмети, тоа значи дека ти се ставени на избор. Но, еден (или неколку доколку се повеќе изборни) од нив мора да избереш.
Веронауката и Историја на религиите беа 2 изборни предмети и учениците се определуваа за едниот меѓу нив.
На факултет таквите предмети ги нарекувавме “задолжителни изборни“, со оглед на фактот дека од 3 изборни предмети моравме да се одлучиме за 2.
Само како дополнување на термините, бидејќи нашите “експерти“ кои коментираат погоре или не прават разлика или се политички мотивирани да даваат такви коментари.
Доколку се определат да ја тужат Владата или Министерството за образование, само ќе ја потврдат заложбата која ја посочив претходно, дека намерата им е да се спротивставуваат на секоја една одлука на Владата, се разбира политички мотивирани.
Затоа после одлуката на Уставниот соодветно се пласираат и следниве коментари од:
Опозицијата укажува -
Македонија е неславен рекордер во Европа по оспорени владини проекти пред Уставниот суд
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107479
Значи токму тоа им е целта. Да ги оспоруваат сите владини одлуки.
Од
365 закони и владини одлуки на оваа гарнитура на премиерот Никола Груевски,
секој петти е оспорен во Уставниот суд, а секоја трета одлука укината.
Владата и ВМРО ДПМНЕ се декларираат дека ќе го реализираат решението на Уставниот суд за укинување на веронауката, вели
министерот за образование Перо Стојановски.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4214333,00.html
И сега бесплатен курс за “експертите“ на опозицијата и А1.
Постојат два видови на образование кое се занимава со верата-религијата како општествен феномен:
неконфесионално и
конфесионално верско(религиско) образование.
Конфесионалното верско образование е
систем кој ги внесува слушателите во суштината на религиозниот систем на кој му припаѓа слушателот. Таму се изучува верата, заветот, светите книги, тајните и се она кое е битно за изградба на еден верник.
Наспроти ова го имаме
неконфесионалниот модел на верско образование
кој е извор на информации и запознавање со културолошкиот, општествениот и тредиционалниот феномен на религиите во наша близина и насекаде во светот.
Овој тип на верско образование се потпира на поинаков пристап и понакви методи, а како крајна цел има сосема поинакви поенти од конфесионалното религиско образование.
Освен тоа голема е разликата и кој го предава т.е кој може да го предава едниот и другиот тип на верско образование.
Конфесионалното е во тесна врска со теолозите, а неконфесионалнот е “занает“ на историчари, социолози, филозофи и теолози.