igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница го укина членот 26 од Законот за основно образование од 2008 година со кој се овозможува организирање и верско образование во основните училишта.
Судот ја укина оваа одредба од Законот бидејќи е спротивна на Уставот, кој гарантира одвоеност на државата од верските заедници, објавува МИА.
Подносител на иницијативата е Либерално демократската партија.
извор
Македонската православна црква и Исламската верска заедница изненадени од одлуката на Уставниот суд повторно да ја разгледува веронауката и да ја оценува уставноста за нејзино изучување во основното образование.
Потегот на ЛДП за оспорување на веронауката пред Уставниот суд ја оценуваат како обид за навраќање кон одамна изумрена идеологија.
Со идентичен став се дека веронауката за учениците во петто одделение е смислена истата да претставува надоградување на образованието и проширување на нивните знаења и никако не може да го загрози секуларизмот.
„Веронауката е потреба затоа што не само од својата вера ќе научат децата по нешто, туку ќе научат и за другите вери. Децата ќе се запознаат себеси, но ќе ги запознаат и другите, па така ќе можат полесно да живеат заедно кога се познаваат, да не живеат во страв од незнаењето“, изјави Ратомир Гроздановски, декан на Богословскиот факултет.
Јакуп Селимовски
„Вака како што се поставува секуларизмот, практично некој сака да изврши висок степен на идеолошко-атеистичко определување на нашава општествена заедница во моменти на плурален политички систем“, изјави Јакуп Селимовски од ИВЗ.
Дел од експертската јавност смета дека најдобра варијанта би била изучувањето на историја на религии со оглед дека Македонија е мултинационална и мултиконфесионална држава, односно запознавање со главните религии, потенцирање на заедничките вредности и толеранција кон различностите.
Сепак, последниот збор го има Уставниот суд.