Министерството за финансии не открива детали за тоа по која цена ќе се задолжи!

  • Креатор на темата Креатор на темата sbd777
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
Министерството за финансии не открива детали за тоа по која цена и од кои банки ќе се задолжува, иако потврдува дека веќе ги има разгледано понудите за комерцијален заем од странските банки и има изготвено информација за тоа. Сепак, министерот Трајко Славески смета дека сега не е момент да ги обелоденува овие информации, иако станува збор за заем што ќе се враќа со пари од буџетот.

„Деталите околу понудите не можеме да ги откриеме. Тоа ќе го направиме кога ќе мислиме дека јавноста треба да знае. Впрочем, затоа и таквите документи одат на разгледување и усвојување во Собрание“, изјави вчера министерот за финансии, Трајко Славески.

Тој во почетокот на месецов најави дека државата ќе се задолжува од странските банки од 50 до 100 милиони евра за финансирање на буџетската дупка. Според буџетските проекции, оваа година се планирани задолжувања од странство во висина од 116 милиони евра.

Инаку, за задолжување во оптек беа имињата на четири банки - Дојче банк, Барклис, УБС и Мерил Линч, но ни тогаш, а ни сега, не се знаат условите под кои се нудат овие комерцијални заеми. Како и да е, според банкарските кругови, доколку земјава земе комерцијални заеми, тие ќе достигнат каматни стапки до 12 отсто, од кои 10 отсто би била каматата на заемот, плус 1,99 како европска цена на капиталот или еу-либор.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3B9291D235A8634EA7277CD09B3A9787



Е сега не знам кој овде во овој случај е ненормален???!!!!

Дали е тоа Министерот госпон Трајко кој без срам изјавува дека нема да ги обелоденел податоците од кои банки и по која цена односно каматна стапка ќе се враќаат тие кредити кој тој и компанијата детска радост мислат да ги земат???

Дали воопшто Госпон Трајко е чул за законот за отворен пристап до информации кои се од јавна значајност???

Како не му е срам да каже такво нешто Дека нема да биле обелоденети условите на задолжувње кога сите тие кредити ќе се враќаат од буџетот односно од страна на сите граѓани на Република Македонија со јасно кршење на законот за отворен пристап до податоци кои се од јавен значај за сите нас.

Дали има некои институции кои можат и сакаат да работат легално и по закон или ќе се дозволуваат вакви работи какви што си дозволува Министерот за Финансии кој се понаша како тој самиот лична да си го зема кредитот за лични цели па не е обврзан да ни образложи како и под кои услови ке не задолжи во долгови кои тешко дека ќе може во догледно време да ги вратиме.

Ова е дефинитивно веќе надвор од секоја решка и би требало под итно да се поднесе интерпелација за смена на Министерот кој се прави како Министерството и финансиите на оваа држава и на овие граѓани да се негова лична сопственост па немал обврска или несакал да обелоденува нешто од што сите ние во Македонија ќе ни зависи понатамошниот живот.

Срамота и крајно лицемерие од страна на Трајко Славевски!!!!!!

:nesvest: :nesvest: :nesvest: :nesvest: :nesvest: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa: :kesa:
 
Заборавате дека живееме во Македонија.:zlo::zlo:
 
Па не е будала Трајко да ви каже во јавност од кој банки ќе се задолжува кога се знае дека скоро сите странски банки ги пуштија кредитите со по 1-2% камата,ама Тале ќе бара некоја со 10-12% за да може некој процент од каматата да стави на своја сметка.:helou:
 
Издадовме ли еврообврзница или сум сонувала?
п.с. тв ми е расипан,ако има некој што шитка поефтино нека ми пише пп.Нормално дека ќе се расипе од глупости по цел ден:smir:
 
Наздравје!


Македонија, всушност, бара 250 млн. евра
Владата надвор ќе се задолжува со 250 милиони евра наместо 200 милиони евра, како што најави првиот финансиер Трајко Славески пред неколку дена во Вашингтон. Дел од овие пари ќе бидат искористени за сервисирање на странскиот долг каде што ќе се одлеат околу 96 милиони евра, а околу 150 милиони евра ќе бидат искористени за финансирање на буџетскиот дефицит.

„Битно е дека се дефинирани потребите за обезбедување средства, а станува збор за околу 250 милиони евра за оваа година. Со дел од тие пари ќе се изврши отплата на странскиот долг, кој редовно го сервисираме. Во споредба со другите земји, се работи за минимална сума од приближно 96 милиони евра. Остатокот од околу 150 милиони евра ќе бидат искористени за финансирање на буџетскиот дефицит“, изјави вчера министерот Славески.

Според него, средствата ќе се обезбедуваат од различни извори.

„Ќе настојуваме да ги обезбедиме овие средства по најниска можна цена, секако, од аспект на расположливоста. Прво, наесен ќе можеме да се послужиме од нашите пари што ги имаме во ММФ, како специјални права за влечење, и тоа во висина од 77 милиони долари. Во разговорите со Светска банка, мислам дека ќе обезбедиме од 25 до 50 милиони долари поддршка за буџетот, со таканаречените ДПЛ-аранжмани“, објаснува Славески. Според него, СБ го омекнала претходниот став за користење на овие средства, според кого досега овие пари можеле да се користат само доколку имаме склучено аранжман со ММФ.

„Кај функционерите на СБ имаше две различни струи. Според едната, за да можеме да ги користиме парите од СБ, мораме да имаме аранжман со ММФ, а според други - не. Очигледно е дека преовлада другата страна, според која не е неопходно да се има аранжман со ММФ. Тоа значи дека може да се користат тие средства со позитивна оценка за макроекономската рамка на македонската економска политика од страна на ММФ“, објасни министерот за финансии.

Најголемиот дел од средствата што и' се потребни на државата ќе се обезбедат од комерцијалните банки, на пазарите каде што земјава се нема појавено од 2005 година, преку издавање еврообврзница.

„Доколку одиме на емисија на обврзници, се проценува дека 150 милиони се потребите на буџетот на Македонија, па цениме дека 200 милиони евра е минимална количина средства што би требало да се емитираат, од аспект на пазарот“, вели Славески, според кого се' уште не се пикирани банките каде што ќе се задолжуваме. Се претпоставува дека за оваа цел ќе се плати прилично висока камата од 9 до 10 проценти. Тој потенцира дека во тек е евалуација на понудите од повеќе банки што се пристигнати и дека има квалитетни понуди од врвните банки во светот.

Што се однесува до рочноста, оптималната би била пет години.

„Никој не издава обврзница на десет години. Во овој период пазарот, нема апетит за таков вид долгорочно задолжување, поради што мислам дека оптималната рочност е од три 3 до пет години“, додава министерот за финансии.

Владата смета дека условите за задолжување секој ден се подобруваат и доколку во светот не се случи поголем негативен настан, што би можел да ги вознемири пазарите, со секој поминат ден се подобруваат условите за настап на земјите како што е Македонија.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4E2B9D95AC3ED242BA0EA14DB0F74429
 
Ајде они се махери за краткорочно финансирање.Што мора пет,нека биде една година со камата од 20%.Богати сме ние и малку задолжени.Чим сме малку да бидеме многу,што викате?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom