МАНУ бара да се направи етногенеза на Македонците

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја подржувате иницијативата на МАНУ?

  • Да

    Гласови: 27 75,0%
  • Не

    Гласови: 9 25,0%

  • Вкупно гласачи
    36
ма што се расправам до пред некое време се збореше за кирил и методиј а алкесандар у позадина сега ми поставуваат споменици во антички стил ко да сакаме порака да пратиме дека сме антички македонци а со тоа вшусност го потиснуваме доминантниот словенски аспект на нашата култура и индетитет малце е глупо до пред некое античките македонци беа дел од нашата историја и индетитет но не доминантен а сега наеднаш ние сме антички македонци вака-така

дури и мене ме збунува владата а која порака сака да ја прати вшусност со преименувања и склуптури а и целиот свет...

Извини што вака директно ќе те прашам, но да не ти е потеклото влашко или српско?
 
Кој рече само за крил и медотиј јас зборам за начинот на кој се претставуваме ....

Каде се претставуваме? На кој начин се претставуваме? Дали правиме нешто што е недозволиво и нешто што не го прават другите?
 
Се согласувам со такво истражување но строго со учество на стручњаци како спеицијалисти по античка историја медиевисти етнолози археолози лингвисти стручњаци за колективна психологија антрополози.Со тоа би требало да стави крај на двете екстремни става дека сме само словени и дека сме директни наследници на античките наследници.Здравата логика кажува дека секогаш вистината е на средина.Најголемите проблеми збрки ги направија квазиисторичарите правници електроинженери се живо се фрли на толкување.Затоа историјат треба да се остави на историчарот а тој пак да ги отфрли идеолошките сопки.Левичарската интелектуална да не плука и да не измислува термини како антиквизација. да не го дели општеството и да не гаи страв од античките корени.Дилентите да не ја комерцијазираат историјата со бомбастични наводи дека се потекнува одовде дека Адам и Ева потекнуваат од Матка.Само така ке се стави крај на сите дилеми
 
Каде се претставуваме? На кој начин се претставуваме? Дали правиме нешто што е недозволиво и нешто што не го прават другите?
ајде сеа да ти кажам на прост начин како изгледа сево ова

пред вмро и споров
Мак.индетитет се состоеше од овие компоненти и како не гледаше цел свет
1.словени (доминантен дел )
2.антички македонци

сеа

1. антички македонци сме
.
.
.
n место словени се дел(а кај некои не ни дошле од зад карпатите тоа е само друго име за македонци -братот )

Јас и пола свет :wtf?

сеа кога се претставуваш кој си и што си се претставуваш низ времето исто и во континуитет така? или грешам ?
 
Ало, не знам дали имаш завршено 4 одделение, гледам не разликуваш временски историски периоди, но антички Македонци не можеме да бидеме, зошто ние не живееме во антиката. Ние можеме да бидеме само директни потомци на античките (древни) Македонци. :toe: Истава ваква грешка ја направи и Нано Ружин, кој ми остави впечаток на многу неук и неинтелегентен човек :kesa:
 
:tapp:
колку пати треба да ти кажам да читаш убаво?
глеј у кој контекст е ставено првин па потоа
 
ма што се расправам до пред некое време се збореше за кирил и методиј а алкесандар у позадина сега ми поставуваат споменици во антички стил ко да сакаме порака да пратиме дека сме антички македонци а со тоа вшусност го потиснуваме доминантниот словенски аспект на нашата култура и индетитет малце е глупо до пред некое античките македонци беа дел од нашата историја и индетитет но не доминантен а сега наеднаш ние сме антички македонци вака-така
Тебе изгледа ти ја наполниле главата дека сме исклучиво Словени па затоа ти пречат скулптури од подалечното наше минато. Ако имаше барем малку свест дека имаме ншто античко Македонско во нас (како што велиш ) немаше да ти пречат споменици на наши луѓе од антиката. На крај кажи освен Кирил и Методиј и можеби Самоил кои се нашите херои Македонски Словени на кои треба да им се крене споменик.
Можеш и да одговориш кој вели дека сме антички Македонци? Ние сме Македонци. Ако сакаш биди како Бугарите кои нивните азиски корени ги премолчуваат . Подлабокото знаењето на нашата историја може само да го зацврсти Македонскиот идентитет никако да го поколеба. Ако ти не го почитуваш минатото нема ни тебе да те почитуват во иднина.

Извини што вака директно ќе те прашам, но да не ти е потеклото влашко или српско?
Добро прашање.
 
:tapp:
колку пати треба да ти кажам да читаш убаво?
глеј у кој контекст е ставено првин па потоа

Многу убаво те прочитав, но не ми одговори, дали можеби потеклото ти е влашко или српско? Извини што овака директно те прашувам.
Јас на пример сум 100% Македонец и по мајка и татко.
 
Многу убаво те прочитав, но не ми одговори, дали потеклото ти е влашко или српско? Извини што овака директно те прашувам.
Јас на пример сум 100% Македонец и по мајка и татко.
ако почнам да ти кажувам ќе паднеш на гз
иначе ти реков читај убаво
 
МАНУ бара да се направи етногенеза на Македонците

Првична иницијатива за мултидисциплинарно научно истражување на етногенезата на македонскиот народ поднесе до Владата лингвистичкото одделение на МАНУ, со кое раководи академикот Катица Ќулафкова.

До крајот на годинава МАНУ ќе ги прецизира сите елементи што ќе ги опфати истражувањето, кое, според очекувањата, наредната година треба да влезе меѓу стратегиските проекти на оваа највисока институција од областа на науките и уметностите.

- Истражувањето треба да опфати стручњаци од сите научни дисциплини, кои директно или индиректно се поврзани со етногенезата на македонскиот народ. При тоа мислам на антрополози, етнолози, етнографи, фолклористи, историчари, балканолози, генетичари, лингвисти, стручњаци за топонимија и други - вели академикот Ќулавкова

До тука се' е убаво, намерата изгледа добра.

Но... мене ме изненадува причината:

Истражувањето, кое во моментов на засилување на процесите на самоидентификација во поширокиов регион се наметнува како стратегиски интерес, би дало одговори на прашањата што се активираа со процесот на т.н. антиквизација на актуелниот општествени амбиент.

Според ова намерата на ова истражување ќе биде насочена за докажување на пресек меѓу Македонскиот континуитет, а негово постоење, бидејќи очигледно некому боде очи историското минато кое се однесува на античка Македонија.

Доколку ова истражување биде изведено прописно и без скриени мотиви, доколку не биде изманипулирано научно тврдење за да им служи на нечии политички интереси во регионот, тогаш јас сум за.

Имаме ли врски со античкомакедонскиот супстрат? Од каде е нашето потекло? Кога се доселени Словените во регионов? Каков генетички потенцијал наследиле тие? Каква била овдешната топонимија пред нивното доселување? Што сè учествувало во формирањето на македонскиот идентитет?

- Обезбедувањето одговори на сите овие прашања е стратегиски интерес за Македонија и чинам дека е вистинско време тоа и да се стори. Никој не сака да го девалвира својот статус за нечија идеологија. Затоа политиката треба тоа да и го препушти на науката - вели академик Ќулавкова.

Ниту идеологијата на одредени научни кругови не треба да ја негира вистинската историска етногенеза,па од таму, јас имам доза на резервираност кон нејзините вистински мотиви.

Меѓутоа од она што го кажала во ВЕСТ, се надевам дека намерите се навистина чесни:

Академик Ќулавкова смета дека ние треба рационално и мудро да го интегрираме континуитетот/врската со античките Македонци, и за тоа да понудиме соодветна аргументација, а мислам дека имаме неколку добри аргументи. "Од друга страна, пак, никако не смееме да го негираме словенскиот карактер на македонскиот јазик и култура, оти македонскиот средновековен јазик и кодифицираното писмо од 9 и 10 век се темел на една од најзначајните европски и светски цивилизации - словенската. За мене македонскиот идентитет ги интегрира во себе двата слоја, античкиот и словенскиот. Потребни се научни, културни, образовни и медиумски политики кои ќе го афирмираат овој факт. Поделбата на Македонците на антички и словенски е многу опасна. Имам впечаток дека антимакедонските пропаганди денес се силни како ретко кога во поновата историја од Берлинскиот конгрес до денес, затоа е потребен интелектуален и политички консензус за овие прашања. Инаку, треба да се согласиме и за тоа дека античкото културно наследство не е ексклузивно право на Р. Македонија, затоа што тоа се простира на територијата на нашите соседи, па и тие имаат стекнато право", смета Ќулавкова.

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=162254&idg=9&idb=2576&rubrika=Revija
 
A што ако навистина се мистификација, а не вистина? Дали тогаш ќе ги прифатиш резултатите од такво истражување? Или пак ќе биде лага?

Ваквите истражувања не се за нас бе луѓе...џабе веземе. Во балканот каде што сите се испоебале меѓусебе, луѓето сеуште веруваат во чист етникум... и после вакви истражувања, скокаат од камени мост разочарани дека никогаш тој не бил чист македонец/албанец/бугарин/грк/шотијазнамшо.

После едните ќе фаќаат сеир ..ете ви рековме не сте антички македонци, туку новомакедонци, другите ќе викаат ете ви викавме дека сте бугари, третите јужни срби со говорна мана. Сејте си мирни, бидете си тоа што сакате, не ви треба МАНУ да ви каже како се осеќате.

Абе знаеш што е проблемот римз? што под поимот етногенеза сите мислат само да види од каде доаѓаат предците, односно во случајот кај сите балкански народи да се види само колку е е хетерогено географското потекло на предците, а факт останува само тоа дека никој нема да дознае како член на кој народ се сметасле неговите предци.
И резултат, еден куп пруичени кои не ги доразбираат работите ќе почнат да донесуваат тотално погрешни одлуки врз основа на резултати кои не се доволно кадарни односно немаат доволно занењењ за точно да ги интерпретираат.
Етничката припадност не ја одредува никој освен самите индивуи, на кој начин тие ќе си одлучат како ќе се чувствуваат етрнички е многу индивидуален и нема правило за тоа. Еден многу очигледен пример за тоа е еве да речеме дека тиери анри и турам си се сметаат за французи, а не треба да си никаков експерт за да согледаш дека предците ниту на едниот ниту на другиот немаат благе везе со франција а уште помалку знаеле дека постои франција односно знаеле француски.
Така вие сте тоа што сакате да бидете и тука неможе никој да ви каже нешто против тоа.
 
Не се согласувам, немам на кого да се докажувам, под чест ми е да се докажувам и на Грујо и на вампирите влашки од МАНУ и на Грците и на Милчин и другарите.
Не постојат Антички Словенски и какви и да се тие дообјаснувања пред “Македонци’’. Државава има само Македонци и дебили. Дебилите слободно нека идат да се докажуваат у МАНУ на тестирање.
 
ако почнам да ти кажувам ќе паднеш на гз
иначе ти реков читај убаво

OffTopic: Дали горнион одговор треба да значи дека не си етничка Македонка?

Не се согласувам, немам на кого да се докажувам, под чест ми е да се докажувам и на Грујо и на вампирите влашки од МАНУ и на Грците и на Милчин и другарите.
Не постојат Антички Словенски и какви и да се тие дообјаснувања пред “Македонци’’. Државава има само Македонци и дебили. Дебилите слободно нека идат да се докажуваат у МАНУ на тестирање.

Ako не си сватил до сега, власите, арванитите (православните албанци) и каракачаните (грчки номади ) владејат со СДС, а ти си за СДС :helou: Што ти смета МАНУ, а не ти смета кај СДС?
 
OffTopic: Дали горнион одговор треба да значи дека не си етничка Македонка?
не туку дека има веќе одговор само што ти го скокна и почна да провоцираш
а јас само уживам да ти го трошам времето
 
не туку дека има веќе одговор само што ти го скокна и почна да провоцираш
а јас само уживам да ти го трошам времето

Оти го криеш твоето етничко потекло?! Сите ние на форумов сме толерантни кон сите етникуми и го поддржуваме нивните права.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom