капитализам или робовладетелство

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
A

ateist

Гостин
Весник Вест Година: 6 Број:1902 Вторник 10/24/2006

...................ЕКСПЛОАТАЦИЈА ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ.....................

..........................Робови зад касата...............................

Од Синдикатот на трговија тврдат дека работната недела на вработените во супермаркетите ги надминува законските 40 часа, а за прекувремената работа не им се исплаќа ни денар

Вработените во супермаркетите работат прекувремено, но не се платени за тоа, тврдат од Синдикатот на трговијата. Екстра часовите што ги работат касиерките и продавачките никој не ги евидентира, а уште помалку ги пресметува во нивната плата.
Претседателот на овој синдикат Мирјана Хаџи Скерлева вели дека работната недела на вработените во супермаркетите ги надминува законските 40 часа. Според сознанијата на Синдикатот, вработените остануваат прекувремено да редат штандови и тоа им го сметаат како редовна работна обврска.
"Од поголемите маркети синдикално се организирани вработените во 'Тинекс' и во 'Веро'. Со 'Рамстор' сме се уште во преговори. Од она што го имам како сознание, во 'Рамстор' најмногу се почитува Законот за работните односи. Но не можам да тврдам со сигурност. Во другите маркети работниците работат подолго. Во 'Тинекс' имаме потпишано колективен договор и таму би требало да се почитува. Но ако прашате во 'Веро', таму ќе ви одговорат дека тоа е деловна тајна. Ниту вработените кажуваат колку часа работат. Не сакаат да зборуваат на таа тема, се плашат. Но откако ќе бидат избркани или, пак, преместени на друго работно место, тогаш доаѓаат во Синдикатот и се отвораат", вели Хаџи Скерлева.
Супермаркетите работат и во неделите и во деновите на празник, но од Синдикатот велат дека вработените не добиваат празнични дневници.
Според податоците на Синдикатот, платата на касиерките се движи од 6.500 до 8.000 денари.
"Нема разлика во платите на продавачките и на чистачките. Што ви кажува тоа, дека сите се и чистачки и продавачки и дека сите работат се и сешто. А често укажуваме и на лошите услови за работа на касиерките, кои работат на провев и заболуваат од сколиоза и ги разболуваат бубрезите", вели Хаџи Скерлева.
"Вест" се обиде да ги анкетира вработените во поголемите супермаркети во градот. Иако анкетата беше анонимна, никој не сакаше да разговара на таа тема. "Имам работа. Не можам да ви кажам ништо", беше најчестиот одговор што го даваа продавачките.
Хаџи Скерлева вели дека во ниту еден супермаркет нема воведено трета смена туку продавачките работат само во две смени. Некаде има поклопување на смените и се случува неколку часа да работат истовремено и двете смени.
Во "Тинекс" велат дека се придржуваат до Законот зашто продавачките работат 40 часа неделно. Но истовремено објаснуваат дека вработените работат седум часа дневно шест дена во неделата. Ако едната смена работи во недела, тогаш во текот на работната недела добиваат слободен ден, тврдат во "Тинекс".
"Супермаркетите се отвораат во 8 часот наутро, а вработените доаѓаат порано. Работат до 14.30, односно до 15 часот. Првата и втората смена се поклопува еден час за да се предадат касите. Навечер се затвора во 21,30", објаснуваат во "Тинекс".
Вест го праша и грчкиот трговски синџир "Веро" колку часа неделно работат продавачките во нивните супермаркети? Колку слободни денови имаат во неделата? Дали се плаќа прекувременото работење? Дали има празнични дневници за работа на празник? Колку изнесува платата на касиерките?
Од "Веро" не дадоа конкретен одговор на прашањата. Ни рекоа дека како член на синдикатот "Веро" ги почитува сите законски прописи на Република Македонија во делот на работните односи.
"Условите за работа во 'Веро' супермаркетите во Скопје, Тетово и во Битола се исти за сите вработени, а многу често подобри и од условите во некои наши маркети во Грција бидејќи нашите маркети во Македонија се најнови и ги задоволуваат највисоките стандарди во малопродажбата. Сите наши вработени имаат регуларни договори за работа, нивните придонеси за здравствено и за пензиско осигурување се платени на полн износ, а платата се исплаќа без доцнење", стои во соопштението од "Веро", во кое се додава и дека "Веро" е успешна компанија во Македонија и ја водат успешни луѓе, кои својата кариера ја градат со труд и посветеност.
Р.Фотиновска

***

Газдите против Синдикатот зашто ги расипувал работниците

На телефонската линија што Сојузот на синдикати на Македонија ја отвори за поплаки на работниците се јавувале и газди, тврдат синдикалците.
"Имаше закани од работодавци. Ни се јавуваа на телефонот за да ни кажат дека сме им ги расипувале работниците, дека сме ги правеле непослушни", вели претседателката на Синдикатот за трговија Мирјана Хаџи Скерлева.

***

Хелсиншки има други приоритети во Македонија

Хелсиншкиот комитет во Словенија деновиве ги предупреди надлежните институции во државата дека трговскиот синџир "Меркатор" не го плаќа прекувременото работење на вработените. Организацијата за заштита на човековите права дистрибуираше писмо "Неплатено работење на црно во 'Меркатор'" во кое го обвинува "Меркатор" дека од 2001 година досега не им ја плаќал дополнителната работа.
Во Хелсиншкиот комитет на Македонија велат дека овој проблем и кај нас заслужува внимание.
"Ова е интересно и може да се реагира, но ние немаме енергија за тоа. Секој комитет е национален и прави листа на приоритети. Нашите приоритети во Македонија се поелементарни, во рамките на големи повреди, поболни од Словенија. Јас можам да го поставам на дневен ред, но не е во приоритетите", изјави Мирјана Најчевска, претседател на Хелсиншкиот комитет во Македонија.
 
Мислам дека оваа тема е многу посуштествена од оние наметнатите квази-религиски и историски за лаици, ама што да се прави кога нема лева опција на политичкиот пазар, а можеби па на народов не му ни треба. Навикнат е нашиот народ да биде угнетуван. Ако не од некој друг како во минатото, тогаш од самиот себе, како што е во сегашноста.
 
најсуштествена и егзистенцијална ..............

цркви религии истории тоа ти е фрлање прашина у очи .....

навикнат е народот да биде угнетуван ама и да се иселува ....

па така и историите и црквите и драпешниците ниту ќе има кој да им оди ниту кој да ги чита....

ОВА ВЕЌЕ НЕЕ ДУРИ НИТУ НАЈЛИБЕРАЛНИОТ КАПИТАЛИЗАМ КАЈ НАС

ПРЕТХОДНИТЕ А ПОГОТОВО ОВАА ВЛАДА ВОВЕДЕ КЛАСИЧНО РОБОВЛАДЕТЕЛСТВО
 
Ti se se voznemiril deka kasierkite rabotele poveke od 40 casa sto da recat ovie od vladata koj rabotat 24/7 i toa javno go priznesuvaat sekoj del na Sitel i Vecer i nikoj ne reagira da gi spasi tie napateni dusicki .

Edit:A be sega zabelezav Breaking News od 2006 Oktomvri .Ali nema vrska se nema nisto mnogu promeneto seusto aktuelen e problemot.
 
Абе џони овие се рекламират дека работат 24/7 ,значи рекламен блок -купи, продај.
друга е реалноста за тие вистински што работат и никој не ги рецка ни 2%,
А што се однесува за капитатизам -робовладетелство,тоа ти е едно те исто само друго паковње капирате, нема робови ,аргати има вработени значи :sekss: до бесвест:tapp::tapp:.............
 
Друже во робовледетелството било поубаво, господарите се грижеле робот да биде најаден напиен облечен за да може да работи .... сега само земаат и ништо не даваат...
 
Друже во робовледетелството било поубаво, господарите се грижеле робот да биде најаден напиен облечен за да може да работи .... сега само земаат и ништо не даваат...
pa moze da se kaze
 
Сега откако утврдивме дека овој систем не е ни робовладетелство ни капитализам и пошто во последно време сме по имињата дај да му смислиме име на овој недефиниран систем во кој отсуствуваат сите хумани и вредносни аспекти
 
Друже во робовледетелството било поубаво, господарите се грижеле робот да биде најаден напиен облечен за да може да работи .... сега само земаат и ништо не даваат...

е да !

робовите биле скапа роба !

е сега се Капиталистичка СТОКА за широка потрошувачка .

сега бре Криминалци- Приватизери го испокрадоа Нашето и си го нарекоа Свое

ем сака да се курчи да биде газда

арнооооо амааа

ТИ ДА ГО ЧАСТИШ ....УШТЕ ДА ТИ РЕЧЕ ОДИ УКРАДИ ПА ДОНЕСИ МИ

за пари јок бате ..непрашувај ...како не ти е срам ..ти работа бараш или плата
 
Сега откако утврдивме дека овој систем не е ни робовладетелство ни капитализам и пошто во последно време сме по имињата дај да му смислиме име на овој недефиниран систем во кој отсуствуваат сите хумани и вредносни аспекти
Ајде куме кажи име!!
па јас мислам дека најмногу ке ми одговара РОБОКАП уредување...
Робовладетелсо-капиталистичко уредување.
Уредување без никакви хумани вредности :buum:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom