Протест на Плоштад Слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
да, ама дел од тие големите кога ти си брцаше камчиња охрид на езеро, беше над велешта во ров......за ти кога че пораснеш да можеш индирекно да си ја нерекуваш државата ``фашистичка творба``
Се извинувам што се мешам во дијалогов, ама не можам да одолеам.
Па... не за друго, ама и ти кога си бил (или не) во план да се направиш, некој друг бил во некои други ровови, па што? Значи ли тоа дека во негова чест треба да ја пикнеш твојата главата во нечии гаќи и да ќутиш, доколку сметаш дека некои твои права се ускратени?

мислиш ли дека испишуваш и си дел од некоја нова македонска ``револуција``...???

тешко македонија со младина која е ``индиго``
А што треба за некој да помисли дека испишува некоја нова македонска револуција? Прв услов е оружје во рака?
Баш ми е гајле што мислиш ти, само јас мислам дека е подобро младината да се занимава со протести, отколку со тепачки или пу пу пу убиства и слични насилни методи, кога веќе се намерачила да се побуни против нешто. Ова е добро, па дури и далеку подобро од седење пред тв и кукање на Бумбар, како што прават тие што треба да им обезбедат некаква подобра иднина...
И не, воопшто не ми е гајле дали има некоја партија зад нив. Се` додека прават работи кои при чиста свест мислам дека се во ред, оправдани се од мене.
 
Ц ц ц.
Таа дечурлана е нашата иднина и мене ми е мило ако прави нешто свесно, без оглед што тоа не е копање нива. А и ако дечурланата е на нива, кој ќе гледа што се случува во државата, па да направи нешто во врска со тоа, доколку е лошо нали. Ако чекавме од тие на нива, ехехеее ... многу далеку ќе стигневме.:uvo:
Не ми се верува дека некој може вакви гнасотии да напише за еден ваков чекор на младите. Не ми се верува.:nesvest:

Цела македонија егзистира од тие во источна македонија, -од тие на нива. Башка најголем извоз македонија прави во прехрамбената индустрија.

Ама среќа шо та дечурланата, шо иначе основна работа во животот му е посета на градските кафулиња , среќа шо не се на нива оти ни отиде државата.

Ко се донесе законот за децентрализација, со кој се предвиде, на Струга да и се припојат и некои други “мултиетнички “ општини, што беше решавачко за денес да го имаме градоначалничето што го имаме...тогаш кај беа овие “граѓаниве , интелектуалциве “ да протестирет....или да сега е многу побитно , црква се градит.
 
Цела македонија егзистира од тие во источна македонија, -од тие на нива. Башка најголем извоз македонија прави во прехрамбената индустрија.

Ама среќа шо та дечурланата, шо иначе основна работа во животот му е посета на градските кафулиња , среќа шо не се на нива оти ни отиде државата.
Економија вс Заштита на човекови права.
Да, две различни ствари се.
 
Протест за право на протест...а кој забранил право на протест? :uvo:
 
Ако мислиш дека ти си ХЕРОЈОТ што ќе ја спасава нашава демократија брат, гадно си се зензал само тоа ќе ти кажам, а ова со протестиве и све остало мене ми е смешно најискрено, али ако мора и некој да тепа и губи време по вакви *детски приредби * и настани:vozbud:

А зашто па да не е он херојот???? Од кај знаеш дека не е он???? И нак крај краева работава со протестиве мене ми е трагична а не смешна. Пред неколку недели имаше најмирен протест на студенти против црквата на плоштад, беа физички нападнати. Најтрагичното е што многу од нас младите, кои треба да се наводно иднината не ни ја сфаќаат сериозноста на овој настан.

Цела македонија егзистира од тие во источна македонија, -од тие на нива. Башка најголем извоз македонија прави во прехрамбената индустрија.

Ама среќа шо та дечурланата, шо иначе основна работа во животот му е посета на градските кафулиња , среќа шо не се на нива оти ни отиде државата.

Очигледно станува збор за класичен искомплексиран тип. Ама само еден совет ќе ти дадам, доста губиш време на нет иди на нива чоече , мајка ми треба плата да земе.
Е сега еден посериозен осврт на тема протести.
Само ќе направам една компарација помеѓу генерациите на нашите мајки и татковци и нашата генерација.
Значи во 60те години се деси Вудсток , се дешаваа масовни студентски протести во Белград и во многу други европски градови , имало масовни движења кои имале јасна кауза. Е во тоа време драги мои младите се бореле за своите права ,се бореле за мир , правда, човекови права биле сложни и храбри.
Ајде да ја видиме сега ситуацијата......значи прво и соновно при секој обид да се организира еден најмирен протест се појавуваат лица со фрази од типот....ЗАШТО МИСЛИШ ДЕКА ТИ СИ ХЕРОЈОТ???
или ЗНАЕМЕ ДЕКА СИ ОД ВМРО!!!! А паралелно со тоа студентите се најексплоатираната класа во Македонија , немаат никаков попуст , никакви привилегии кои им припаѓаат според природата на нештата , молат за стипендии а да не збориме за односот на професорите кон нас.
Оние кои се на правен факултет нека го прашаат професорот Бајалџиев или Гелевски да ви раскажуваат за студентските протести во Белград. Е тоа било полетност , идеализам и борба за своите права .А не ова зборење у празно и серење на форум со отсуство на било каква акција.
И да се разбереме и за утре , а и воопшто за студентите јас не сум за мирен протест...јас сум за масовен протест не само во Скопје туку пошироко во регионот , да се чуе гласот на студентот.
МОжеби избегав малце од темава, а можеби и не, зашто пред некое време студенти беа тие кои излегоа на мирен протест како нивно демократско право а беа истепани и нападнати. Запрашајте се дали ќе беше така ако организатор беше некој Синдикат или некоја партија.
 
Дали самите или некој влијаел али се повеќе млади мислат дека нивниот глас никој нема да го слушне. Секако нема да го слушне на форум или пак ако од старт се предаваш дека ти неможеш ништо да направиш. Покажи зуби, излези масовно, протестирај, покажи дека ти имаш свое мислење и дека не се согласуваш со сите работи кои ти ги сервираат. Ако не се буниш ке бидеш само една овца за стрижење и лесна мета за манипулирање.
 
Иако утре сум на работа јас му најавив на мојот шеф дека ќе бидам на протест од 12.00 часот!! Незнам зашо ама некако ептен ме курчи ситуацијава .Нема многу да го тупам на форумов, го оставам тоа на некои од форумскиве експерти ,кои знаат се тоа задоволство.Јас ќе излезам да протестирам, и ќе зеам палица со мене, ако некој проба физички да ме нападне и да ме спречи да остварам едно мое основно демократско право има да му напраам extreme makeover!!!!!
 
Мене до сега никакво право неми е укинато, и нема да го поддржам протестот, има доста потешки работи кои заслужуваат протест, ова е чиста забава и нечии поени во иднина.
 
Иако утре сум на работа јас му најавив на мојот шеф дека ќе бидам на протест од 12.00 часот!! Незнам зашо ама некако ептен ме курчи ситуацијава .Нема многу да го тупам на форумов, го оставам тоа на некои од форумскиве експерти ,кои знаат се тоа задоволство.Јас ќе излезам да протестирам, и ќе зеам палица со мене, ако некој проба физички да ме нападне и да ме спречи да остварам едно мое основно демократско право има да му напраам extreme makeover!!!!!

Вие протестирате , за право на протест...А кој ви го забрани правото на протест. Полицијата, војската, или некои други државни органи, ви се случи народот пиле, значи протестот си доби неорганизиран контра протест, е тогаш доаѓа до конфликт, а очигледно тие другите добиле повеќе симпатии кај народот, и се си заврши , како шо си заврши, така да слободно да си излезиш, и палката уба изберија подебела, зш ќе паѓет и лопати и мотики и казми богами, од тие на нива..
 
Да, али полицијата не направи доволно за да овозможи мирен и цивилизиран протест. Веќе биле најавени Крстоносците и сигурно знаеле дека ке има некои р’чки. А тоа значи дека требале физички пред тоа да бидат одделени протестантите од другата група а не да се делува отпосле.
 
интервју во врска со протестите во Теа модерна

zumv0g.jpg

2ef0rhw.jpg

23iuuk5.jpg

6qcq4o.jpg
 
Вие протестирате , за право на протест...А кој ви го забрани правото на протест. Полицијата, војската, или некои други државни органи, ви се случи народот пиле, значи протестот си доби неорганизиран контра протест, е тогаш доаѓа до конфликт, а очигледно тие другите добиле повеќе симпатии кај народот, и се си заврши , како шо си заврши, така да слободно да си излезиш, и палката уба изберија подебела, зш ќе паѓет и лопати и мотики и казми богами, од тие на нива..

Прво- можеш само да сонуваш дека другата идеја добила повеќе поддршка!!! Идејата за црква на плоштад е најголема глупост.
Втора работа - полицијата не направи ништо за да ги спречи насилниците и со тоа што не обезбеди соодветни услови за одржување на мирен протест.Со тоа полицијата ми оневозможи протест, зашто полицијата се грижи за јавната брезбедности безбедноста не секој посебно...ако не се лажам така????
И трето- да претпоставиме другата идеја добила поддршка(како го утврди ова незнам) , дали тоа оправдува физичко насилство и забрана на ови наводно посалбиве да го искажат своето мислење????
Четврто- се се сведува- група на луѓе излегле да си го искажат своето мислење на мирен и цивилизиран начин-тоа право ем им било оневозможено ем биле физички нападнати . Катастрофално е ова од повеќе аспекти, како не можеш да ги видиш стварно не ми е јасно.
 
„Плоштад Слобода“ за зачувување на слободите

Коментари (3)
prazno.gif
prazno.gif
10.04.2009 13:05
tepanje-plostad3.jpg
Целодневен настан за зачувување на правото на различно мислење, животен стил, слободен собир и протест
„Плоштад Слобода“, целодневен настан за зачувување на правото на различно мислење, животен стил, на правото на слободен собир и протест, ќе се одржи в сабота во Скопје.
Акцијата ја покренуваат над 30 невладини организации од Македонија и индивидуални активисти, поттикнати од случувањата на 28. март на плоштадот Македонија, кога група граѓани кои протестираа против изградба на објект на плоштадот беа физички нападнати од друга група, поддржувачи на идејата за изградба на црква.
Ивана Дракшиќ, индивидуален учесник во акцијата, посочи дека „Плоштад Слобода“ овој пат нема за цел да протестира против изградба на објект на градскиот плоштад, туку да го искаже револтот, да го крене гласот за да се заштити правото да се зборува и мисли.
Целодневниот настан, според најавите, ќе започне точно на пладне на плоштадот Македонија, потоа протестната поворка, движејќи се ќе се упати кон Градскиот Парк, каде од 13.30 часот ќе започне дневен концерт.
Предвидено е со поворката да се движи и еден камион, од каде ќе се пушта музика, низ скопските улици.
Досега е потврден настапот на бендовите: The John, Fighting Windmills, PMG collective, Da Dzaka Nakot, Graham Young.

A1
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom