Ај да оставиме на страна тоа што теолог ја напишал поемава, друга работа вие сериозно се поистоветувате со него? Сериозно? Мислам...сериозно?
Кој сме тоа ние...
Јас ја постирав и овде и кај мене на блог, не го ни знам човекот, немам ни слика видено...
Ја прочитав и ми се виде баш како за сегашните случувања соодветна.
Молчи кога хулигани тепаат мирни „протестанти“.
Молчи кога алфи те малтретираат и ти кажуваат за кого да гласаш.
Молчи кога Латас јавно се заканува со „пречекување пред влез и пукање носови“.
Молчи кога Амди Бајрам јавно се заканува дека ќе ја пали редакцијата на Дневник.
Ќе молчат сите кога ќе ти се случи тебе нешто.
И ако не го сакаш теологов еве ти го Гебелс:
Ние сакаме да ја научиме нашата младина на карактер и на правилно и вистинско однесување кон животот. Семето на тие добродетели треба да биде фрлено во човекот уште во неговата најрана возраст. Ние се стремиме, во лицето на нашата младина, да го оствариме идеалот што ни го даде водачот.
* * *
Ризикот е претпоставка за секоја голема победа. Колку нацијата е подисциплинирана, толку ризикот е помал. Еден воен одред кој маршира збиено, може да ги надмине и најтешките пречки. И спротивно - кога група луѓе дејствуваат раздвоени, секој за себе, нема да може да постигне ништо, па дури и да се цела дивизија.
* * *
Проблемите не се решаваат со премолчување. Најефикасно средство е тие директно да се регистрираат и смело да се пристапи кон нивно решавање. Само така брзо ќе се дојде до решение.