Љубчо Георгиевски ќе се кандидира за претседател

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
a1

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски открива дека планира да се врати во политиката и тоа на голема врата. Во разговорот за „Дојче веле“ најавува претседателска кандидатура на наредните избори по пет години.
Мотивот за политичко активирање Љубчо Георгиевски вели дека го наоѓа во политиката на власта, која според него, ја води земјата во погрешна насока. Признава дека победата на неговата поранешна партија е триумфална, но смета дека е нелогична. Власта не покажува резултати ниту на економски план, ниту на евроинтегративен, а сепак победува на избори, оценува Георгиевски.
„Оваа ирационалност произлегува од некаква замислена проекција на македонскиот гласач, дека актуелната влада му е некаков заштитник по едно единствено прашање, тоа е за името. А од друга страна СДСМ се промовира како партија која сака да направи компромис по тоа прашање, во контекст на тоа има едно потпрашање, дека актуелната влада на македонскиот гласач му е некаква заштита за спас на она што се нарекува новокомпониран идентитет кој произлегува од некаква античка Македонија“, објаснува Георгиевски за „Дојче веле“.
Без итен прием во НАТО-неизвесна иднина
Георгиевски предупредува дека иднината на Македонија е неизвесна ако земјата веднаш не влезе во НАТО. Опасноста ја гледа во отворените регионални прашања и ги споменува состојбите во Босна и Херцеговина и во Косово. Смета дека се‘ уште не е затворено ниту албанското прашање во Македонија. Затоа препорачува промена на името за решение на спорот со Грција.
Георгиевски: „Северна Македонија“ е прифатливо име
„Името Северна Македонија за мене е идеално. Ако сега го испуштиме, повторно еден ден ќе се вратиме на опција од типот „Нова Македонија“, „Република Македонија-Скопје“, „Горна Македонија“, кои според мене се помалку достоинствени и понеприфатливи отколку „Северна Македонија“. Вториот момент на кој треба да се задржиме е проблемот на идентитетот, нацијата и јазикот, ако тука ја посветиме енергијата, ако тука ги анимираме нашите пријатели кои сакаат да помогнат, мислам дека лесно можеме да дојдеме до компромис.“
Георгиевски одбива да зборува за неговите национални чувства, со оглед на контроверзите што го следат. Вели дека го иритира да се докажува како патриот кога во изминатите години зборувал и работел за Македонија како независна држава на македонската нација. Не открива ниту зошто и дали воопшто земал бугарски пасош.


definitivno povrzetego ova intervju so aktivnosta na ljube, so rezultatov na izbori i ke vi bide pojasnokoi strukturi sto pravat vo zemjava )))
 
А да се кандидираат заедно со тито петковски на годинешниот мис на Македонија, можеби ќе им се посреќи.:toe::toe:
 
Kaj si be Lupco , pamtis koga te narekuvavme patriot , vojvoda , koga pagavme na tvoite govori , secevme veni ... sega si obicen bugarin , branko isto taka predavnik , brat Lube isto taka , sega nas vojvoda e samo Gruevski .

 
Бугарските служби очигледно работат на терен скоро исто колку и АВС па се обидуваат на секој начин да го спречат брзиот продор на Србија како лидер во регионот,исфрлајќи свои доушници на Македонската политичка сцена,итоа со обиди тие да бидат во самата врхушка на Македонските државни органи.Мислам дека малку каснат со реализација на своите замисли,пред се затоа што САД се поотворено застануваат на Српска страна,која пак традиционално има врски со СДСМ во Македонија,особено со Бранковистите кој веќе наскоро треба да ја реформираат партијата.
Тајниот договор пак помеѓу Бугарија и Албанија ќе биде навреме осуетен со брзата експанзија на Србија на Балканот,како земја без која и НАТО и ЕУ ќе бидат парализирани во следниов период.Додворувањата веќе започнуваат со визната либерализација и со вакви информации:

Српската армија најдобра во регионот

Српската армија е најпрофесионалната и најдобро обучената во регионот, изјави државниот секретар во српското Министерство за одбрана Душан Спасојевиќ, повикувајќи се на најновата анализа на американската агенција за стратегиски истражувања Стратфорр. Спасојевиќ истакна дека ако во наредниот период државното раководство донесе одлука за присоединување на земјата кон НАТО, Србија "ќе има подготвена војска и ќе има одлично обучени војници".

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8503E85081FFF04BB4DAB7C4A83A58A0

Близу неговиот дом во Вирџинија-САД

Убиен агентот на ЦИА одговорен за ракетирање на кинеската амбасада

Од американската држава Вирџинија дојде вест дека е убиен Вилијам Бенет (57), поранешен агент на ЦИА кој се смета за одговорен за ракетирањето на Кинеската амбасада на 7 мај 1999 година во времена секојдневните бомбардирања на Белград. Оваа вест беше објавена само во локалните весници на 23 март годинава, ден по неговото убиство, но весникот "Форин полиси" деновиве дошол до информација од еден разузнавачки извор дека станува збор за пензионираниот полковник Бенет, кој во тоа време работел по договор за ЦИА и поради чија грешка е погодена кинеската амбасада, место наводната права мета, Сојузната дирекција за промет со стоки за посебна намена.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2AD3BA68DF6E5645A84FC923A93AA29A
 
Ќе има сериозни конкуренти во оваа трка,веројатно во Бојко Борисов и Георги Прванов:pos2:.
 
Ајдееее....само што завршија изборите овој се токми за следните....или пак има нешто што ние не знаеме.....слободен пад, багдатски автомобил итн....
 
Ајдееее....само што завршија изборите овој се токми за следните....или пак има нешто што ние не знаеме.....слободен пад, багдатски автомобил итн....

Стварно бе, шо е финтата со ова...:toe:
Вчера завршија...сега пак отекуваат со избори.
Бај Гањо...уште новиов ни прецедник не седнал у кабинет, се ребри за по пет години, он да бил...лудило.
 
Стварно бе, шо е финтата со ова...:toe:
Вчера завршија...сега пак отекуваат со избори.
Бај Гањо...уште новиов ни прецедник не седнал у кабинет, се ребри за по пет години, он да бил...лудило.

mislam deka sepak fintata e odrzuvanje tenzija kontra izbornive rezultati. i odrzuvanje na teren za da se dobie nulta pocetna tocka za promoviranje na ``spasiteli`` koja pak zadnina ima vo finalno razoblicuvanje na drzava vakva kako sto ja znaeme.
 
mislam deka sepak fintata e odrzuvanje tenzija kontra izbornive rezultati. i odrzuvanje na teren za da se dobie nulta pocetna tocka za promoviranje na ``spasiteli`` koja pak zadnina ima vo finalno razoblicuvanje na drzava vakva kako sto ja znaeme.

Па и пред избориве имаше обиди за промоции на “месии“ и “пастири“ ако добро се сеќаваш,или тогаш тоа беше во друг контекст,и од друга “фабрика“?:toe:
 
А, дали постои некој член во изборниот законик во кој Претседателот на Република Македонија мора да има само и исклучиво Македонски пасош?

Ако не, Љубчо има полно право да се кандидира. А исто така може да се кандидира и некој што, на пример, дошол од Косово и добил Македонски пасош, покрај Косовскиот (такви има доста) :nesvest:

А ако да, сите овие негови изјави се јалови.
 
Па и пред избориве имаше обиди за промоции на “месии“ и “пастири“ ако добро се сеќаваш,или тогаш тоа беше во друг контекст,и од друга “фабрика“?:toe:
da se sekjavam, ama nekako tomic go snema posle
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom