СДСМ темпира етничка бомба во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
СДСМ, преку медиумите под своја контрола, како компензација за серијата изборни порази вклучително и последниот, турка теза дека Ѓорге Иванов бил претседател со фабричка грешка затоа што за него не гласале мнозинството албанци! (патем, најголемата албанска партија дуи го демантираше тоа) затоа, порачува СДСМ, Иванов за нас нема да биде легитимен претседател, а албанците треба да го бојкотираат. По таа аналогија дали се легитимни градоначалниците на Струга, Тетово, Гостивар, Чаир... за кои не гласаа мнозинството македонци!


СДСМ доживеа пет, последователни, изборни порази откако Никола Груевски дојде за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Загубија два пати на локални избори, два пати на парламентарни избори и, исклучително убедливо, ги загубија и претседателските избори. Наместо конечно, за интерес на сопствената партија и интерес на опозиционо расположеното гласачко тело, да седнат и побараат причини за поразите, како и да побараат луѓе и идеи за нова социјалдемократска политика... тие одат по патот на нов изборен пораз. Сите други се виновни, народот е за никаде, само шефовите на СДСМ се во право.

Сите знаат, особено во СДСМ, дека Црвенковски ја води таа партија сите овие пет години откако е претседател на државата. Тој ги донесе, ги урна и менуваше,,, и Бучковски, и Шекеринска и сегашниот ВД Заев. Затоа, тезата дека сега тој ќе се врати, и се ќе се... не држи. И до сега Црвенковски ја водеше партијата која доживеа пет изборни порази. Во овие пет години, во кои голем дел од гласачите преминаа во редот гласачи на ВМРО ДПМНЕ, или кренаа раце и не ни гласаат веќе... Од партијата беа сменети, понижувани и набркани десетици квалитетни кадри затоа што покажале амбиција да напредуваат надвор од контролата на Црвенковски. Други десетици имиња си отидоа, гледајќи дека во партијата нема иднина, и не сакаа да го заложат својот углед и авторитет за туѓи ситнополитички комбинации.

На крај спаднаа на тоа да немаат кандидат за претседател, и да мораат да го кандидираат Фрчкоски, со надеж дека со него изборите ќе пропаднат.
Да, Црвенковски е шеф на СДСМ кој ги губи изборите сите овие години. Некому е тешко тоа да го прифати, но ќе мора, дека Бранко нема моќ за трансформација во современ политичар. Она што го знае политичкиот пазар го отфрла, не го прифаќа. Останал транзиционен политичар кој нема идеја, но има шеми, подземна политика, закани и луѓе за прљави извршувања, олигархиски пари... Тешко, невозможно е, Црвенковски со сето ова да создаде победничка партија, а тој да остане на нејзино чело. Дилемата е: или СДСМ, или Црвенковски.

Примерот на Фрчкоски покажа дека враќањето во дневна политика на транзиционите политичари генерира тензии, омраза, конфликти... и порази.
Има и полошо од ова. Ако Црвенковски намерно генерирал порази, за да покаже дека без него не се може, тоа е манипулација со сопственото членство во партијата. Иљадници луѓе, за овие години на изборни порази, заради таа манипулација загубиле работа, влегле во меѓупартиски конфликти и настрадале, се доживувале стресови, финансиски колапси, се растурале фамилии... и сето тоа само затоа што некому, кому сте верувале, тоа било подземна политичка игра.
Во заложништво на сопствените непоткрепени амбиции за политичка власт Црвенковски ја држи и целата нација. Ѓорге Иванов, спротивно на надежите на Црвенковски за пропаст на претседателските избори, стана претседател. И тоа со убедлива победа од 63 посто! Со мандат чист како изворска вода. Без членска карта во ниедна партија, без хипотека на транзиционен политичар, без полнења кутии, без пукања и тепања по планините околу Тетово и Куманово... Иванов е сега она што Црвенковски отсекогаш сакал да биде, а никогаш не можел да стане.
За да се наруши оваа јасна и чиста стартна позиција на идниот претседател Иванов, Црвенковски, и медиумите блиски до него и Срѓан Керим (А1 Телевизија, Алфа ТВ, Дневник, Утрински, Вест), кои сакаа неуспех на изборите, а изборите сепак успеаја... таа група и нивните медиуми како под команда, на ист ден со иста формулација тераат теза дека Ѓорге Иванов и не е легитимен претседател, затоа што за него, според наведените, не гласале мнозинството Албанци во државава. Тоа е темпирана теза која во иднина ќе треба да му служи на Црвенковски, СДСМ и нивните медиуми кога ќе го напаѓаат претседателот Иванов. Кон ова, секако, ќе им се придружат и албанските радикали за кои ова е шанса за немири и дигање тензии кои, СДСМ, Црвенковски и групата само ќе ги регистрираат и јавно артикулираат. Црвенковски, Срѓан Керим и медиумската група под нивна контрола, ќе генерираат тежок меѓуетнички проблем за нивни ќар, а од кој ќе се чешаме сите. Тие се надеваат дека со ова ќе ја подријат власта, ќе создадат кавги помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, и ќе го забрзаат нивното преземање власт.

Со време да им кажеме дека ќе има тешки јавни конфликти, и борба против оваа нивна темпирана етничка бомба. Подобро со време да ги победиме нив, отколку на оваа нивна теза да војуваме и помеѓу себе, и против радикални Албанци. Тезата прво ја ја негираа од ДУИ. Да потсетиме, ДУИ репрезентира 60 проценти од политичкиот состав на македонските Албанци. Шефот на изборен штаб на ДУИ, Гзим Острени, изјави дека Албанците гласале како и другите во земјава, некаде повеќе некаде помалкиу, но не бојкотирале избори. Такви се изјавите и на Муса Џафери, Али Ахмети... Изјавите на Мендух Тачи и Имер Селмани се очекуваат допрво. Со Тачи е можно се, но тој е длабоко политичко, и се повеќе радикално, малцинство во Македонија. Селмани не ни може да каже дека имало бојкот на Иванов од страна на Албанците затоа што бега од етнички поделби, бараше гласови, и доби, и од Македонците. Тој што ќе каже дека има етнички бојкот врз друг, несомнено ќе го добие против себе.

Најполсе, освен што е опасна, тезата на СДСМ, Срѓан Керим и Црвенковски е и нелогична. Во Струга, Гостивар, Тетово, Дебар, Чаир... живеат многу Македонци. Во тие општини се избрани градоначалници за кои мнозинството Македонци не гласаа. Дали тоа, по логиката на Црвенковски, СДСМ, Срѓан Керим и медиумите под нивна контрола значи дека нивниот мандат нема легитимитет?! Дека Македонците треба да не ги признаваат за градоначалници.
Дали Црвенковски, СДСМ, Срѓан Керим и медиумите под нивна контрола сакаат нова етничка војна за да се вратат на власт. 2001 е година која е помината, по неа е дојдена 2002... сега е, да потсетиме, 2009 година. Ново време, нови луѓе, нови политики и политички методи. И, нов, чист Претседател!

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A52EBD4518FBA74A8615C0D58F0925EE
 
Да бе, прво беа теориите на заговор на Бранко, ќе бојкотирал избори као и ќе ја дестабилизирал Македонија, сега ова. Плачипи*ки, пуста работа
 
СДСМ, преку медиумите под своја контрола, како компензација за серијата изборни порази вклучително и последниот, турка теза дека Ѓорге Иванов бил претседател со фабричка грешка затоа што за него не гласале мнозинството албанци!

:pos2: Се разбира. Он е со фабричка грешка зошто за него не гласале Албанците. Борис беше со фабричка грешка зошто за него гласаа Албанците. Па сега пиши им памет.

Патем, што бидна со оној демек договорот Албанците ќе гласале за Иванов и после претседател Албанец? Дека се палеа на форумов на таа тема не за друго. Сеа шо прајме? (што би рекол Бране)

Нашиве платени и потплатени медиуми си туркаат тези кои се косат со основните демократски начела и принципи: одлучува мнозинството, победник е тој кој ќе освои најмногу гласови. Воопшто не е важно дали за него гласале од сите заедници, од сите возрасти, од сите вери, од двата пола, Македонците, Албанците, Клингонците... Оној кој ќе ги собере потребните гласови станува претседател. Дете од градинка ќе го свати принципот, толку е едноставен.
 
Тоа се очајнички обиди да се создаде напната атмосфера нешто што би наликувало на 2001.Фрчкоски и во текот на кампањата се обидуваше да создаде јаз мегуетнички демек албанците сакаке брз влез во НАТО па ако не се случило тоа ке се федерализирале бла бла.Ги подбуцнуваше.Е ама има една разлика мегу владењеето на ВМРО-ДПМНЕ ВО 1998-2002 и 2006-2009.Бранко сега е разотркриен му се знае манирот на делување во знак подмолности буцки креирање кризи.И секако Никола Груевски не е Љубчо Георгиевски
 
sds ako tempira "bomba" garant ovoj pat ke im pukne u faca. I toa onaka DOBRO ke im pukne!
 
hahahhaha...SDSM e u takov nokdaun so ne moze ni da iztempira edna petarda da pukne sega

inaku ova e uste edna crna propaganda od vmro-ovcite koi se do tolku seljaci i needucirani sto se plasat i od edna petarda :)
 
СДСМ, преку медиумите под своја контрола, како компензација за серијата изборни порази вклучително и последниот, турка теза дека Ѓорге Иванов бил претседател со фабричка грешка затоа што за него не гласале мнозинството албанци! (патем, најголемата албанска партија дуи го демантираше тоа) затоа, порачува СДСМ, Иванов за нас нема да биде легитимен претседател, а албанците треба да го бојкотираат. По таа аналогија дали се легитимни градоначалниците на Струга, Тетово, Гостивар, Чаир... за кои не гласаа мнозинството македонци!


СДСМ доживеа пет, последователни, изборни порази откако Никола Груевски дојде за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Загубија два пати на локални избори, два пати на парламентарни избори и, исклучително убедливо, ги загубија и претседателските избори. Наместо конечно, за интерес на сопствената партија и интерес на опозиционо расположеното гласачко тело, да седнат и побараат причини за поразите, како и да побараат луѓе и идеи за нова социјалдемократска политика... тие одат по патот на нов изборен пораз. Сите други се виновни, народот е за никаде, само шефовите на СДСМ се во право.

Сите знаат, особено во СДСМ, дека Црвенковски ја води таа партија сите овие пет години откако е претседател на државата. Тој ги донесе, ги урна и менуваше,,, и Бучковски, и Шекеринска и сегашниот ВД Заев. Затоа, тезата дека сега тој ќе се врати, и се ќе се... не држи. И до сега Црвенковски ја водеше партијата која доживеа пет изборни порази. Во овие пет години, во кои голем дел од гласачите преминаа во редот гласачи на ВМРО ДПМНЕ, или кренаа раце и не ни гласаат веќе... Од партијата беа сменети, понижувани и набркани десетици квалитетни кадри затоа што покажале амбиција да напредуваат надвор од контролата на Црвенковски. Други десетици имиња си отидоа, гледајќи дека во партијата нема иднина, и не сакаа да го заложат својот углед и авторитет за туѓи ситнополитички комбинации.

На крај спаднаа на тоа да немаат кандидат за претседател, и да мораат да го кандидираат Фрчкоски, со надеж дека со него изборите ќе пропаднат.
Да, Црвенковски е шеф на СДСМ кој ги губи изборите сите овие години. Некому е тешко тоа да го прифати, но ќе мора, дека Бранко нема моќ за трансформација во современ политичар. Она што го знае политичкиот пазар го отфрла, не го прифаќа. Останал транзиционен политичар кој нема идеја, но има шеми, подземна политика, закани и луѓе за прљави извршувања, олигархиски пари... Тешко, невозможно е, Црвенковски со сето ова да создаде победничка партија, а тој да остане на нејзино чело. Дилемата е: или СДСМ, или Црвенковски.

Примерот на Фрчкоски покажа дека враќањето во дневна политика на транзиционите политичари генерира тензии, омраза, конфликти... и порази.
Има и полошо од ова. Ако Црвенковски намерно генерирал порази, за да покаже дека без него не се може, тоа е манипулација со сопственото членство во партијата. Иљадници луѓе, за овие години на изборни порази, заради таа манипулација загубиле работа, влегле во меѓупартиски конфликти и настрадале, се доживувале стресови, финансиски колапси, се растурале фамилии... и сето тоа само затоа што некому, кому сте верувале, тоа било подземна политичка игра.
Во заложништво на сопствените непоткрепени амбиции за политичка власт Црвенковски ја држи и целата нација. Ѓорге Иванов, спротивно на надежите на Црвенковски за пропаст на претседателските избори, стана претседател. И тоа со убедлива победа од 63 посто! Со мандат чист како изворска вода. Без членска карта во ниедна партија, без хипотека на транзиционен политичар, без полнења кутии, без пукања и тепања по планините околу Тетово и Куманово... Иванов е сега она што Црвенковски отсекогаш сакал да биде, а никогаш не можел да стане.
За да се наруши оваа јасна и чиста стартна позиција на идниот претседател Иванов, Црвенковски, и медиумите блиски до него и Срѓан Керим (А1 Телевизија, Алфа ТВ, Дневник, Утрински, Вест), кои сакаа неуспех на изборите, а изборите сепак успеаја... таа група и нивните медиуми како под команда, на ист ден со иста формулација тераат теза дека Ѓорге Иванов и не е легитимен претседател, затоа што за него, според наведените, не гласале мнозинството Албанци во државава. Тоа е темпирана теза која во иднина ќе треба да му служи на Црвенковски, СДСМ и нивните медиуми кога ќе го напаѓаат претседателот Иванов. Кон ова, секако, ќе им се придружат и албанските радикали за кои ова е шанса за немири и дигање тензии кои, СДСМ, Црвенковски и групата само ќе ги регистрираат и јавно артикулираат. Црвенковски, Срѓан Керим и медиумската група под нивна контрола, ќе генерираат тежок меѓуетнички проблем за нивни ќар, а од кој ќе се чешаме сите. Тие се надеваат дека со ова ќе ја подријат власта, ќе создадат кавги помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ, и ќе го забрзаат нивното преземање власт.

Со време да им кажеме дека ќе има тешки јавни конфликти, и борба против оваа нивна темпирана етничка бомба. Подобро со време да ги победиме нив, отколку на оваа нивна теза да војуваме и помеѓу себе, и против радикални Албанци. Тезата прво ја ја негираа од ДУИ. Да потсетиме, ДУИ репрезентира 60 проценти од политичкиот состав на македонските Албанци. Шефот на изборен штаб на ДУИ, Гзим Острени, изјави дека Албанците гласале како и другите во земјава, некаде повеќе некаде помалкиу, но не бојкотирале избори. Такви се изјавите и на Муса Џафери, Али Ахмети... Изјавите на Мендух Тачи и Имер Селмани се очекуваат допрво. Со Тачи е можно се, но тој е длабоко политичко, и се повеќе радикално, малцинство во Македонија. Селмани не ни може да каже дека имало бојкот на Иванов од страна на Албанците затоа што бега од етнички поделби, бараше гласови, и доби, и од Македонците. Тој што ќе каже дека има етнички бојкот врз друг, несомнено ќе го добие против себе.

Најполсе, освен што е опасна, тезата на СДСМ, Срѓан Керим и Црвенковски е и нелогична. Во Струга, Гостивар, Тетово, Дебар, Чаир... живеат многу Македонци. Во тие општини се избрани градоначалници за кои мнозинството Македонци не гласаа. Дали тоа, по логиката на Црвенковски, СДСМ, Срѓан Керим и медиумите под нивна контрола значи дека нивниот мандат нема легитимитет?! Дека Македонците треба да не ги признаваат за градоначалници.
Дали Црвенковски, СДСМ, Срѓан Керим и медиумите под нивна контрола сакаат нова етничка војна за да се вратат на власт. 2001 е година која е помината, по неа е дојдена 2002... сега е, да потсетиме, 2009 година. Ново време, нови луѓе, нови политики и политички методи. И, нов, чист Претседател!

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A52EBD4518FBA74A8615C0D58F0925EE

На текстов во Вечер имаш доле потпис од кого е напишан. Напишан е од славниот Драган Павлович Латас. Некои го сакаат, некои го мразат, но едно не можат да негираат за него - платеник кој за својот газда би си го растурил своето семејство, камоли државата!
Сега да ти се навратам на текстот.. да ти кажам неколку работи во кои овој човек упорно греши, ама има народ што викам јас прост и неинтелигентен, па го слуша и верува..
Прво СДСМ излезе со соопштение во кое вика дека доколку цензусот е исполнет, односно тоа го повторија и неколку финкционери на јавни дебати од СДСМ, дека иако за нив Иванов е бел лист, восочна фигура и незнам уште што, тие ќе го почитуваат него како Претседател, и нема да се служат со изразите како Лицето, Господинот.. треба да имаш малку кликер во главата да го увидиш тоа.. да увидиш дека Латас манипулира со јавноста преку медиумот..
Друго.. СДСМ точно е дека доживеа пет порази од кога дојде Груевски, но Латас едно не сака да се сети, односно не сака да напомене.. ВО ЕДИНСТВЕНИОТ ДОСЕГАШЕН ДУЕЛ НА ИЗБОРИ ПОМЕЃУ БРАНКО И НИКОЛА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2004 ГОДИНА ВМРО беше поразен, исто така беше поразен и Никола, односно неговиот кандидат Кедев.. Исто така точно е дека имаше тогаш нерегуларности, но треба да си слеп да не видеш дека вкупниот број на гласачи на сите места каде имаше приговори и од ВМРО и од СДСМ беше 20.000, а Бранко стана претседател ако добро се сеќавам со околу 100.000 гласови повеќе.. не ме држете за збор..
Исто така треба да си неук и прост да не видиш дека Латас се обидува сето тоа да го скрие со изјавите дека Бранко губел веќе пет пати од Никола, иако тој тогаш беше претседател, а не лидер на опозицијата. Е сега зборовите дека тој ја контролирал, тој бил крив, тој правел ова.. се зборови за мали деца. Не е исто на ТВ да ти се појавува пред таблата од СДСМ лицата како Шеќеринска, Бучковски, Костов, Заев и да ти се појавува Бранко!
Заклучок од сето ова.. СДСМ знае дека со оние кои ги има во партијата не можи да исфрли некој лидер кој ќе се наметне, СДСМ знае дека тоа мора да биде проверено, знае тимот што победува не се менува, односно во случајов како што денес читаме фудбалерите на Челзи го бараат назад Мурињо со кого беа страв и трепет, така и СДСМ го бара назад Бранко.. не е исто кога тој е таму и кога не е..
Друго нешто.. ако СДСМ со Фрчко успеа да убеди 200.000 луѓе да гласаат за нив, тогаш јас сум 100 % сигурен дека Бранко стартува со 300.000! Јас познавам голем број на симпатизери (не членови), кои не гласаат за СДСМ откако Бранко замина за претседател, кои не гласаат ни за ВМРО.. но после враќањето на Бранко јас сум убеден дека тие повторно ќе гласаат за СДСМ..
Уште нешто да додадам.. со враќањето на Бранко во партијата не би било чудно да се вратат сите од НСДП, што значи имаме уште + некои 50.000 гласови, ако ги наговорат и ЛДП тоа веќе ти е солидна опозиција..
Друг фактор кој не треба да се занемари.. Љубе Бошковски ќе прави изгледа своја партија која од старт има некои 100.000 членови.. очекувам оние симпатизери од СДСМ кои гласаа за Љубе да се вратат назад во СДСМ, а после реториката која Љубе ја употребува кон Никола, исто така и Латас кој вика тој нема ослободителна пресуда, тешко сум убеден дека ВМРО ќе придобие значителен број на гласови од кај Љубе..
И за крај.. Латас вика СДСМ темпира етничка бомба.. но запамти нешто кои Латас го знае, а народот со тек на време ќе го увиди..
Од сега па натаму СДСМ нека никаква власт во државата!
Од сега па натаму за се што ќе се случува ќе биде крив ВМРО!
Доаѓаат времиња тешки за Македонија, има економска криза во Светот, имаме нерешен став за името, слаби ни се инвестициите.. знаеш се ова ми наликува на она пирамидално штедење во ТАТ, се плашам за таа Пирамида која е осудена на пропаст! Латас знае за се тоа, и сега незнам како не гледате дека се обидува повторно да ја обвини опозицијата за она што би требало да се случува..
Груевски побара 60 пратеници и доби, Груевски побара и претседател, побара и доби локална власт.. сега не е време за СДСМ.. сега е нивно време да покажат дали знаат и умеат или да си одат!
Дали Македонскиот народ ќе биде задоволен останува да видиме, дали Албанците ќе бидат задоволно исто така останува да видиме.. времето ќе покаже..
Само незнам јас како не станавте имуни на лица како Латас.. без разлика дали некои сте за ВМРО, СДСМ, неопределени.. доста е веќе..
ВМРО нека работи, СДСМ нека се организира, а ние останатите ќе чекаме и ќе гледаме.. па ќе судиме!
 
Абе непобијниот факт е дека СДСМ, а посебно Бранко никогаш нема да се помират со споредна улога.
И се способни да ги искористат сите средства за дојдат до целта. Во тоа е лоцирана заканата, во начинот на кој што сакаат тоа да го остварат.
 
Темпирана бомба ама да не биде ко на којотот на крајот нему да му пукне и пак гладен да си остане и пак брзата прица итрица е победникот:baeh:
А да победеше фрле со гласовите од албанците немаше да има фабричка грешка а?
па не е слеп народов, шо дека се албанци и тие имаат очи...и тие се луѓе
 
Господ нека им е напомош на СДС...
Само да не ни праат војни како што ни ги правеа предходно...
 
Глупа работа. Како може постојано да се манипулира во јавни гласила со албанците? Кој им дава право на било кој од тие партијци да даваат изјави во кои албанецот или турчинот го прават кукла од пластелин. Си имаат свои лидери албанците, свои програми. Што не си гледаат своите симпатизери. Секогаш албанецот како дел од електоратот излегува за поткусурување и ценкање. Не е фер кон тие етнички заедници. Дури ми делува многу навредливо, ценкања и трампање со гласови на сметка на некоја етничка заедница. Ќе му дадеме на албанците ова, ќе гласаат за нас, ќе му дадеме на турците она, ќе гласаат за нас... не е тоа стока, луѓе се еееј. Со свое достоинство. И кои се пак тие македонски партии (во случајот СДС) да даваат некому? Нивна е Македонија? Е после се чудиме зошто друга етничка заедница, колку и да се смени устав и рамковен и слично, пак се чувствува во подредена положба. И ќе се чудиме. Мислев само да го читам ова, да не влегувам во меѓуетнички односи, ама ми се гади вака од давање некому нешто што треба да го има по дифолт.
 
ДОСТА ТРАЧЕВИ и замарања околу чуждите комплекси. Ние како народ докажавме дека можеме да се поправиме и да одиме напред. Политичарите секогаш ќе бидат политичари, тоа им е професијата. Само колку ќе бидат чесни и успешни зависи од нив, а колку ќе добијат шанса зависи од нас!
Иднината на нашата земја не е во политичари или партии , никако не е во поединци, иднината е во рацете на НАРОДОТ. Ако ние сакаме и работиме нашата земја да стане нешто повеќе, нема цел која не е остварлива!

„Постои она во кое верувам“.
 
Пошто од СДСМ многу сакаат не бегишу јазик да причају ќе им кажам една поговорка од тој дел.

Нема правога рата док не крене брата против брата.

Господ нека им е напомош на искористени и испрани кондоми кои по 6 пат сакаат истата функција да ја имаат а веќе се дупнати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom