Доста веќе со фингерајки
Студентите на архитектура го кренаа првото архитектонско востание. Помеѓу два изборни круга пукна првата пушка на првата архибригада. Се крена и непропорционално голема бука за толку лошо осмислена реприза на првото новинарско востание „Овде сме, тепајте!“. Тоа е она познато спонтано востание кога новинарите, вооружени со капчиња и свирчиња, протестираа пред МВР против министерот во заминување, славниот брат Љубе, кој на воена вежба, за изборен чалам, гаѓаше со „жабица“ и рани неколку набљудувачи. И тоа востание „случајно“ се совпадна со изборите на 15 септември во 2002 година. Комичната страна на таа востаничка фингерајка е во тоа што, тогашната востаничка цел за отстрел, Бошкоски, на овие избори, за потребите на Љубомир Фрчкоски, беше произведена во стратегиски партнер на новинарите-востаници. Зборот ми е дека ние имаме долга традиција на подигање лошо организирани востанија. Затоа и мислев дека оваа образована млада генерација веќе има основни знаења за тоа како се подготвува успешна македонска пролет. Впрочем, на нивните врсници од Европа тоа прекрасно им успева, дури и кога одат на судир со полицијата, особено кога ги примаат на себе ударите, голтаат солзавец или кога ги апсат. Ем за теми што на нашите млади изгледа им се тотално неразбирливи како што се глобализацијата, светската економска криза, екологијата, окупацијата на Ирак, болоњизација на високото образование.
Востанија што се креваат лошо подготвени, со водачи што немаат чисти мотиви за тоа што сакаат да постигнат, завршуваат неуспешно како политички фингерај во режија на активистот Владе Милчин и вечниот идеолошко-партиски егзорцист Ѓунер Исмаил. Оттаму, ако востаниците-архитекти сакаат да бидат автентично урбано движење, пред кревањето на востанието, значи, пред да пукне првата архитектонска пушка, треба да го објават својот урбан манифест. Во него мора да стои причината за востанието. А ние го видовме само поводот - изградба на црква на централниот плоштад. Колку што разбирам, причината треба да е Скопје, без конкуренција, најгрдата престолнина во Европа. Но да не заборават, во оваа урбана грдотија е вграден трудот на импозантен број архитекти и урбанисти, произведени на Архитектонско–градежниот факултет во Скопје, па може слободно да се каже дека ова Скопје е нивно животно дело. Востаниците од Архитектонски ќе нè убедат дека се автентични и квалитетно поинакви ако јавно ги оценат делата на своите професори и асистенти, кои, демек, им го поддржувале востанието. Еве, нека ја тестираат нивната поддршка така што ќе организираат изложба на скопската антиархитектура, нека подигнат архитектонски ѕид на плачот со имињата на оние што го стокмија Скопје како град без никаква урбанистичка и архитектонска логика. Нека востановат награда за најлошо архитектонско решение на годината. Нека бидат креативни и во мислата и во делата, наместо заложници на задоените партиски активисти.
Боже златен! Цела недела се занимаваме со „новата“ инфантилна режија на Милчин, па се прашувам дали не е време востание да им се објави на „востаниците“ во медиумите што драматизираат минорни, а забошотуваат далекосежни настани и поведенија. На пример, ме фасцинира критериумот по кој Роберт Поповски (ЗНМ) го издвои Драган Павловиќ Латас за сејач на говор на омраза, а не го ни забележа говорот на омраза што во ова предизборје како река се излеваше од устата на Љубомир Фрчкоски. Едниот јавно кажа дека ќе му раскопа нос на Н.Н., а другиот јавно се закани дека кога „че“ дојде на власт, ќе проработат неговите кожени тефтери во кои имало многу имиња. Едниот носи индивидуална одговорност за индивидуален чин, другиов го кажува тоа од позиција на можен функционер на државна институција, кој јавно ни се заканува со идеолошки чистки. Знак на равенство тука нема.
Што е ако не говор на омраза кога во изборна кампања луѓето ги плашите со Албанците и нивното отцепување, кога ги делите луѓето на „македоноиди и граџани“ на урбани и сељаци, на луѓе и вмровчиња со влакна во носот.
Новинарскиот еснаф, кој и на овие избори срамно пропарадира како седми играч во тимот на СДСМ, тешко дека може понатаму да опстои без успешна внатрешна вредносна револуција. Едноставно, не можеме понатаму со исчашени перцепции за тоа што е демократија, што слобода на говор, што демагогија, а што недопустиво поведение во политиката. На пример, не може еднаш да пропагирате дека ќе настапи крај на светот ако не изберете претседател, а другпат да стимулирате избирачка апатија за да не изберете претседател оти, ако изберете, ќе настапи крај на светот. Под секое новинарско ниво е да зборувате за политика на едноумие на власта додека медиумски безобразно ширите партиско едноумие. Навистина беше срамно да се гледа како ТВ-соочувањата на кандидатите во првиот елиминаторен круг се претворија во симултанка на еден наспроти шестмина, и тоа со помош на водителите–новинари како седми учесник во изборниот процес, небаре избираме колективно претседателство, а не шеф на држава. Едноставно, самите сте се дисквалификувале за темата фер-избори.
Конечно, европско, професионално и одговорно новинарство не би допуштило неказнето да помине најголемиот скандал на овие избори, а тоа е обидот на Емилијан Станковиќ да лаже околу изборните резултати по првиот круг. Свесно да мамиш народ и на таа лага да поверуваат дури и учесници во изборниот процес, а новинарите мирно да ја проследат мегалагата и да не ја искоментираат најмалку со барање до СДСМ и Собранието Станковиќ експресно да биде отстранет од политиката, е тешка бламажа по сите европски, „западни“ демократски, цивилизирани критериуми. Се прашувам, што ќе се случеше ако при објавување на „големата победа“ се судреа на плоштадот партиски верници од едната и другата партија, убедени во резултатите што некој сака да им ги фалсификува!?
Е сега доаѓа и последицата. Ако на ваква ортодоксна лага еднаш сме и дале легалитет и легитимитет, со кој образ, со која професионална чест можеме утре да критикуваме некого за лажење, недоследност и неморал? Како ќе вршиме градација на лагите и недоследностите на нашите политичари? По кој критериум ќе утврдуваме кој е добар и успешен, а кој неуспешен и лош. Ако и натаму „професионално“ известуваме од јавните настапи на Емилијан, каква порака испраќаме, освен дека, како директни соучесници во политички злостор, немаме нималку почит кон населението, нашата публика. Емилијан веќе разбра дека може да продолжи да си се развива во правецот во кој тргнал – неодговорен и помпезен лажго. Но тоа не е правецот во кој ќе се одвиваат работите во Европа. Таму, деновиве, под притисок на милиони демонстранти и медиумите, се исцртува новиот профил на политичарот од кој ќе се бара да ја кажува секогаш вистината. Ние, нормално, повторно ќе бидеме на опашката.
http://novamakedonija.com.mk/Deskto...=2&fCat=1&top=1&EditionID=358&ArticleID=21806