Da ti znaesh sigurno podobro od rodnini i drugari. Decko ti ne znaesh sto se slucuva nadvor od aracinovo.
Najgolemiot grcki fudbalski klub vo Melbourne, Heidelberg United e podrzan od grkomani.
Можеш да си играш со политика, но неможеш врз основа на други работи да си прејудицираш.
Малце историја:
Грчката, бугарската и српската црква со антимакедонска кампања
Грчките, бугарските и српските весници беа преполни со огорчена пропаганда против Македонците и против самото нивно постоење. Во нивните напади тие негираа се што е македонско, при што беа употребувани фрази како "псевдо-Македонци", "псевдо-архиепископи", "псевдо-македонска црква"...
Австралија за православните Македонци беше и се уште е рај за религиозната слобода. Пред Втората светска војна Македонците немале нивни сопствени цркви во Австралија. За нивните духовни потреби и друштвени ритуали тие главно ги посетувале сириските, руските и грчките православни цркви.
Првата Македонска православна црква во Австралија била воспоставена по Втората светска војна од страна на група Македонци во Мелбурн, меѓу кои Ристо Алтин, Стојан Србинов, Дане Трпков, Ванчо Неделковски и Доне и Атанас Филипови.
Каменот-темелник на Македонската православна црква "Св. Ѓорѓија" бил поставен од градоначалникот на Фицрој, Елдерман Блекмен, и бил благословен од свештеникот на Сириската православна црква во Мелбурн, отец Џорџ Хајдар, на 2 август 1959 година. Црквата била осветена и официјално отворена на Илинден, 2 август 1960 година (македонскиот национален празник), од страна на неговото блаженство владиката Наум од Злетовско-струмичката митрополија од Македонија. Исто така биле присутни секретарот на митрополијата и заменикот на владиката отец Нестор Поповски, и отец Ѓорѓи Ангеловски кој станал прв свештеник во црквата.
На самото осветување, како и вечерта истиот ден, имало огромна посетеност од страна на Македонците. Македонските верници присутни на церемонијата биле среќни што можат слободно да кажат дека се Македонци и никој тоа не можел да го негира.
Ова отворање на првата македонска црква во Австралија го одбележа почетокот на организираниот социо-религиозен живот на Македонците во Австралија.
Од друга страна, црквата го обележа почетокот на силната и вонредна јавна кампања против Македонците спроведувана од страна на грчката, бугарската и српската црква во Австралија. Грчките, бугарските и српските весници беа преполни со огорчена пропаганда против Македонците и против самото нивно постоење. Во нивните напади тие негираа се што е македонско, при што беа употребувани фрази како "псевдо-Македонци", "псевдо-архиепископи", "псевдо-македонска црква", и така натаму.
Како што вели владиката Тимотеј, со благослов од Светиот македонски синод, првата црква "Св. Ѓорѓија" од Фицрој беше преселена во Епинг.
Црквата беше изградена за многу кусо време, а беше осветена во мај 1996 од страна на владиците Петар и Стефан и секретарот на Светиот македонски синод, протоѓаконот Ратомир Гроздановски.
ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ ЦРКВИ
Во февруари 1995 година дрвената конструкција на црквата "Св. Никола" во Престон беше уништена од пожар.
Пожарот, кој беше сметан за сомнителен од Арсон Сквод, ја остави македонската православна заедница во шок. Се веруваше дека пожарот бил подметнат намерно кога односите меѓу грчката и македонската заедница станаа затегнати.
Некои од членовите на Црковниот одбор веруваат дека грчкото лоби е одговорно за пожарот. Сеедно, македонската православна заедница на Престон, предводена од почесниот претседател Ѓорѓи Писевски, започна да гради нова црква од тули.
Македонците донираа пари за црквата и исто така помогнаа во работна сила. Црквата беше изградена за многу кусо време, за речиси шест месеци, и беше осветена во мај 1996 од страна на владиците Петар и Стефан и од секретарот на Светиот македонски синод, протоѓакон Ратомир Гроздановски. На денот на осветувањето беа присутни повеќе од 10.000 верници кои донираа околу 100.000 долари.
“Македонците во Викторија", книга од Ицо и Роберт Најдовски
--
На 23 октомври 2001 година се случи трагедија кога црквата "Св. Ѓорѓија и Св. Марија" изгоре.
Според полицијата во Викторија, црквата намерно била запалена и бил пронајден бензин кој бил испрскан во нејзината внатрешност. Имаше многу осомничени за овој случај, а полицијата во Викторија уапси четворица против кои и ден-денеска се води судски процес.
http://217.16.70.245/?pBroj=847&stID=8478&pR=9