30 Day Book Challenge

Член од
9 мај 2019
Мислења
69
Поени од реакции
364
Day 28 / Author you've read the most books of: Вилијам Шекспир
Goodreads вели четиринаесет драми и сонетите (немам полагано кај Кошка-Хот :) )
Ако не се важи Шекспир тогаш веројатно e Агата Кристи.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.821
Day 29 - A book that surprised you
„Најголемиот трговец на светот“ - нејќев да ја читам, иако беше популарна едно време, мислев дека на крајот писателот ќе излезе најголемиот трговец што успеал да ми ја продаде книгата, ама не. Излезе дека има симпатична приказна.
1653211528977.png
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
4.710
Поени од реакции
30.915
Day #29...a book that surprised you

Како за „Роман на годината“ очекував далеку далеку повеќе. Крајно досадно и безлично.

1653289467484.png
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
58
Поени од реакции
313
Day #29...a book that surprised you

„Медитации“ од римскиот император и филозоф Марко Аурелиј. Безвременски филозоско-интроспективни записи на разни теми, но најглавно за разбирањето на себеси, за устројството на светот и космосот. Одушевен сум што речиси две илјади години подоцна многу од овие белешки, размисли или мисли ги имаат истото значење и тежина. Силна препорака од мене.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.327
Поени од реакции
12.452
Ден 26. Favourite non-fictional book... имам едно така масивно купче од стручна литература за византискиот среден век (Оболенски, Норвич, Острогорски, Ранциман) па сепак се префрлам на нешто повеќе шармантно, а тоа е Уличниот мачор Боб - Џејмс Бовен. Мачки ми се ептен слаба точка, јбг.

Ден 27. Омилена збирка од кратки раскази - буквално све што имам наидено на Оливера Ќорвезироска, но вака на врв би ги ставил Улиците што ги нема. Како вечити талкач низ скопските улици, ми има направено посебен драж.

Ден 28. Писател чии книги највеќе поседувам/прочитани... Тука се неколку во игра: Николас Спаркс со 9, Ишигуро со 8 (чинам цела негова плејада), Мураками со 8, Штајнбек (goodreads кажува 5, но гарантирам имам уште 2-3 непишани), Ремарк со 9... Се јадат кој за една, кој за две... Со македонскиве автори сум поскромен. 5-6 ваљда. Треба многу повеќе, знам.

Ден 29. Книга која ме има изненадено (позитивно). Повеќе како писател - Ларс Саби Кристенсен. По препорака од Игор во или-или, ја почнав Полубратот и останав со одзината уста. Предобар роман кој секому го препорачувам. Ако сте љубители на coming of age и музиката од 60тите тогаш и Битлси е задолжително четиво.

(Негативно) Степскиот волк - Хесе. Досаден ми беше кога го читав. Можеби во погрешно време. Ваљда, шо знам.

Ден 30. Следна книга на листата за читање - Па вака како ги заредив книгите на Агата, ваљда идната малку ќе си земам одмор и ќе се навратам на Мураками - Wind-up chronicles или Killing Commendatore. Или конечно ќе ја дозавршам Историја Византије од Острогорски. Стварно поим неам.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.405
Поени од реакции
5.662
Day 29 - A book that surprised you

„Петтемина што ги среќаваш во рајот“ - Мич Елбом

Очекував дека ќе биде некоја петпарачка лимонатка, но всушност интересна замисла и убави пораки.

1.jpg

Day 30 - The next book on your to-read pile

„На враќање“ на Фрос. Уште да најдам некој што ќе ми ја донесе од Скопје.

Корица.jpg
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
11.106
Поени од реакции
23.435
Ден #30...the next book on your to-read pile

Ќе треба се фрлам во подлабока мисла, со оглед на тоа дека прв рецензирав во Клубот, една од овие три книги ќе се чита во јуни. :noze:

IMG_20220524_135703.jpg
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.942
Поени од реакции
4.938
Day 26...а favorite non-fiction book
Dve knigi na Portugalska istorija, ne mozev da se odlucam za edna.
Vo prvata povekje e opfatena slavnata doba na Portugalija (kolonizacija),
a vtorata e istorija od pred Rimsko vreme pa se do 2000ta godina.

DE2C5FC1-876C-4548-8795-F4C8738F80E2.jpeg

Day 27...а favorite collection of short stories


Seherezada / 1001 nokj, posto ne mi teknuva nesto podobro :D

Day 28 / Author you've read the most books of - Brian Tracy

6EB47B20-72E8-4427-BF0B-07B25FD26826.jpeg

Day 29 - A book that surprised you
Robin Sharma - Svetecot, surferot i direktorot,
ili taka nesto otprilika:ROFLMAO:
Mislev deka kje bide drn drn jarinja you can do it motivacija,
ama ispadna dosta korisna.

Day 30...the next book on your to-read pile

FF011EE5-AE7A-4585-AE34-55BE5C3346F0.jpeg
 
Член од
19 април 2014
Мислења
308
Поени од реакции
794
Со двете раце потпишувам дека никогаш не сум видела поубава корица од онаа за „Мајсторот и Маргарита“ во издание на Табернакул. За жал, ја немам, а не ја наоѓам ни со гуглање, па одам со вториот избор.

Day 08 / A favorite book cover: „Штефица Цвек во челустите на животот“ - Дубравка Угрешиќ
Прегледај го приврзокот 330650
Корицата ја пресликува внатрешноста на страниците - шиен, кроен, patchwork роман. Најфотогеничната книга која ми се врти по дома.
Оваа? :D
FB_IMG_1655957643647.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom