30 Day Book Challenge

Член од
3 март 2020
Мислења
1.802
Поени од реакции
3.742
Ден 19 - книга чија прикаска се уште ми се врти во глава
Паоло Коелјо: Алхемичарот
20. Книга која не ич не ми се допадна но ете, ја истерав до самиот крај
Толстој: Војна и мир
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
24
Поени од реакции
145
Day 18 / A favorite sci-fi book
Немам ама имам некој нерешен проблем со концептот на научна фантастика и со дистопии штом толку не ги сакам.

Day 19 / A book whose plot you think of often: „Улиците што ги нема“ - Оливера Ќорвезироска
Одвреме-навреме, додека мерам улици, помислувам на Симеона. :love:

Day 20 / A book you hated but couldn't stop reading
Сакам да читам женски приказни и затоа ми е жал што ова мое трио е составено исклучиво од жени-авторки чиишто книги немаат никаква (уметничка) вредност.
threewomen.jpg deltaofvenus.jpg mybody.jpg
Three Women - Lisa Taddeo, секако дека не беше ни revolutionary, ни astonishing, а најмалку masterpiece. Очекував феминизам, добив површен муабет тамам како за на чешма.
Delta of Venus - Anaïs Nin, ја паметам по два-три раскази кои ме тераат на ... бљуц. Инаку не е толку лоша за да пуштите мозок на ливада.
My Body - Emily Ratajkowski, неуспешен обид да се имитира Џоан Дидион. Плус, не е потребно да се исчита за да се воочи проблематичноста на есеите ама curiosity killed the cat, jebiga.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.816
Поени од реакции
4.278
Day 16 - A favorite book romance
We don't do those things here :D Dalje

Day 17 - A favorite classic novel
Grofot od Monte Kristo :cool:

Day 18 - A favorite scifi book
We don't do those things here :D Dalje
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
4.372
Поени од реакции
29.101
Day 20 / A book you hated but couldn't stop reading

Се гледаме на врвот - Коста Петров

Секогаш давам предност за македонски автори, ама книгава е да читаш и да превртуваш очи. Да ти се лоши.Класика продавање муда за бубрези.
1652433165472.png
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.394
Поени од реакции
5.590
Day 19 - A book whose plot you think of often

„Дервишот и смртта“ - Меша Селимовиќ

Особено овој цитат:

Смртта е сознание, сигурно сознание, единствено за кое знаеме дека ќе нè стигне. Нема исклучоци ниту изненадувања, сите патишта водат до неа, сè што правиме тоа е подготовка за неа, подготовка штом првпат ќе заплачеме удирајќи со челото на подот, секогаш сме ѝ поблиску, никогаш подалеку. Па ако е сигурно сознание, зошто се чудиме кога ќе дојде. Ако е овој живот краток поминок, што трае само час или ден, зошто се бориме да го продолжиме уште еден ден или еден час. Земскиот живот е лажен, вечноста е подобра.
Day 20 - A book you hated but you couldn't stop reading

„Господар на злото“ - Донато Каризи

Оваа и „Шепнувачот“ во пакет. Овие трилер романи префалени од многумина, всушност немаат никаква литературна вредност, од нив можеби би излегле добри whodunit филмови и тоа е сè. Ги прочитав до крај само од љубопитност, а сега не се ни сеќавам на нив.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
10.796
Поени од реакции
22.004
Ден #19...book whose plot you think of often

A Dream of spring сеуште не е излезена, ама со оглед дека ги имам прочитано првите 4 книги (по 2 тома секоја книга), некаде сум до половина од првиот том од 5-тата книга, и веројатно би ме фрлила во мисла, ако заврши исто како што заврши серијата. Иако не е излезена, ќе ја земам во обзир затоа што се работи за крунисување на целиот серијал, кој е полн со прелети и ќе го искористам во оваа прилика.

За читање, дефинитивно најинтересен ми е Тирион. :noze:

RHGM5-game-thrones-armor-front-1200.jpg
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.394
Поени од реакции
5.590
Day 21 - A book that is poetic

Малото книжуле насловено „Снег“ е современа бајка која го отсликува уметничкото и духовното созревање на главниот лик - хаику поетот Јуко Акита. Прозен текст со раскошна поетичност.

sneg.jpg
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
18.744
Поени од реакции
31.795
Ден #12...а book that makes you sad
Ден #14... a book that makes you cry

Gledam postirate matematiki i pravo. Tuka nekade i jas. Ako se vrakjam ko mal i lesno koga dopiralo do mene, se sekjavam po doma ja najdov Sidney Sheldon - Besot na Angelite. Me poremeti koga umre deteto. :icon_mrgr:

51+ZK1fWWBL._AC_SY780_.jpg


Ден #13...а book that makes you laugh

Ironicno, a self help book. :icon_mrgr:

The 7 Secrets of Awakening the Highly Effective Four-Hour Giant, Today - IASIP. Deckite vladeat na sekoj front, bez konkurencija.

550x838.jpg

Ден #15...one of the first books you remember really liking

Dr ofboli, pipi dolgiot corap... Kakov skok od prvo oddelenie lektirite za vtoro. Citanje pod lambi... Posle se skaravme so lektirite, edna od privite pod moja inicijativa a ne skolska koja ja procitav u sredno bese Zaratustra od Niche. Podocna u retrospektiva sfativ deka ne sum sfatil dosta no mene me izvozi togas do kraj i mislev deka svetot mi e probien.

Ден #16...а favorite romance book

Nemam citano mnogu no megu poslednite mnooogu mi se dopadna This is how you lose the time war. Napisana od dvajca avtori, prikaznata razkazana megu pisma koi si gi ostavaat dva likovi od sprotivstaveni strani. Twistovi, frienemies, vnatresni borbi, time travel i flert koj opasno reminuva vo romansa. Mnogu zabavna kniga, preporacuvam. Me ostavi so wholesome cuvstvo. Hugo osvoila za najdobra novela.

71u+V+fclqL.jpg


Ден #17...a favorite classic novel

The Idiot - Dostoyevsky

544x840.jpg


Ден #18...a favorite scifi book

The Three Body Problem - Cixin Liu

91DUejN+hAL.jpg

Prvicno me iznervira kako zavrsi no premina vo omilena sci fi. Obidete se samo da me zamolcite da ne zboram za knigava... :pistoldz:

Ден #19...book whose plot you think of often

Nikoja in particular. Cesto se pravam pameten po doma a i vonka so Sapiens od Harari. Voved vo transhumanizam. Prepolno informacii za kade sme bile i kaj odime. Mislam deka e najidealnata kniga za u wc.

Ден #20...book you hated but couldn't stop reading

tunel.png

Mi se gadese od kniguleto no pakleno dobro napisano. Mrazev se povrzano so likot no morase da docitam. Nekogas ke prodolzam i so drugite.

Ден #21...book that is poetic

373_8_54_14__17__4_2012okean-more.png

Instant ljubov. Tuka pretendira i Zamoci na gnevot. Mozebi ke bide prv avtor koj bi go kompletiral celosno pa i procital celosno, mada zena mi e dosta pred mene. IN THIS HOUSE WE APPRECIATE BARICCO.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
24
Поени од реакции
145
Day 21 / A book that is poetic: „Физика на тагата“ - Георги Господинов
fizikanatagata.jpg
Мојата скривница од времето. Јас сме. [...] Јас бевме.
И „Дервишот и смртта“ на Селимовиќ, безвременска поезија.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.299
Поени од реакции
12.300
Дем #21 книга која ме има напраено да се осеќам поетично - Canone inverso од Паоло Мауренсиг. би ја стаил и во една од подобрите романси, ама музичката жичка додава екстра чувство на поетична хармоничност.

ден #22 ептен секси книга збирката поезија на Жак Превер - "За тебе љубов моја".
Кратки песни без многу заврзлами што гаѓаат у центар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom