Не верувам дека во блиска, па и во подалечна иднина стандардот нешто ќе мрдне нанапред .......... без разлика значи кој е на власт, тоа е ирелевантно дали Н.Г. или Б.Ц. проблемите се повеќегодишни(конкретно зборам за невработеноста и ниските плати кои ги земаат голем дел од вработените граѓани, не сите секако) ............ средната класа почна да осиромашува овие последни години, а што се однесува до 30% невработеност и сиромаштија тие проблеми си беа и пред 2006 год. тоа се стари рак рани уште од почетокот на 90ите(при промената на системот од Соц. во Кап.), голем број фабрики едноставно рикнаа(од ХХХХ причини) и за краток врем.период стечајци на улица колку сакаш ................. мене повеќе ме плаши тоа што и средната класа постепено иде надоле некако во последно време, не сите има и такви кои сеуште се држат(оние со јаки примања), ама многумина од средната класа дефинитивно одат надоле во ниската класа ........... поради стагнацијата на платите и поради постојаниот континуиран пораст на сите трошкови за живот !