3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Член од
25 октомври 2012
Мислења
813
Поени од реакции
1.181
За бразилецот од Криволак ли има толку муабет,мислиш Меси е :D:D
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.051
Поени од реакции
4.011
За бразилецот од Криволак ли има толку муабет,мислиш Меси е :D:D
А се има овој пробано во 2 лига па не го бивало или? Овдека апла прави разлика, имаше еден слободен од 30м прееска, бомба в пречка заврши.
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
813
Поени од реакции
1.181
А се има овој пробано во 2 лига па не го бивало или? Овдека апла прави разлика, имаше еден слободен од 30м прееска, бомба в пречка заврши.
Играше во Вардар,па Градско,па сега овде дошол.Во трета лига секој со малце брзина и нешто техника прави разлика,очајни фудбалери,очај од фудбал како сите останати лиги
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Дојди играј ти ако се очај фудбалерите :)
За бразилецот од Криволак викаат дека има срце на врапче, затоа секоја година мења екипа :) Терсене карактер
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.051
Поени од реакции
4.011
Аааа бразилиано :pos:
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Аааа бразилиано :pos:
Ќе направи трансфер таму, ќе го префрлат во вториот тим на Фрајбург и нема да заигра ни во вториот. Ако воопшто направи трансфер.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.161
Ќе направи трансфер таму, ќе го префрлат во вториот тим на Фрајбург и нема да заигра ни во вториот. Ако воопшто направи трансфер.
Барем ќе лапне некоја пара и ќе заигра во Германија, не као другиве шо одат до Србија и Хрватска демек повеќе ќе успееле и на крај ајде назад, ќе одам во држави каде секој трет е фудбалер и такви играчи као мене имаат еден тон на располагање.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.992
Ќе направи трансфер таму, ќе го префрлат во вториот тим на Фрајбург и нема да заигра ни во вториот. Ако воопшто направи трансфер.
Tи што постигна во животот па изиграваш паметен? Овој барем нема да биде пропалица како тебе.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
Tи што постигна во животот па изиграваш паметен? Овој барем нема да биде пропалица како тебе.
Па овде не сум тема на разговор јас. Си ја утнал темата очигледно. И на татко ти само можеш пропалица да му викаш, а мене само можеш да ми плукнеш под прозорец. Беа на проба деца од Форуна во Баерн и ги вратија, никој не ти вложува во играчи со сомнителен квалитет. А со оглед на тоа како е напишан текстот и на какво ниво, не е ни чудо да е новинарска патка. Само за да му ја кренат цената на детево.

Барем ќе лапне некоја пара и ќе заигра во Германија, не као другиве шо одат до Србија и Хрватска демек повеќе ќе успееле и на крај ајде назад, ќе одам во држави каде секој трет е фудбалер и такви играчи као мене имаат еден тон на располагање.
Не викам дека нема да земе пари ако направи трансфер таму, ама таму за разлика од тука си ги ценат домашните играчи и нема некој ваков играч да му завзема место на некој домашен играч. Во поглед на развој на кариерата тешко дека би направил кариера, со оглед дека не би добил соодветна минутажа. На крај пак ќе се врати во нашиве лиги.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Полека се знаат победниците на третите лиги.
Во двете трети лиги кои почнаа од есента, победници со сигурност ќе бидат Караорман од Струга и Арсими од Чегране. И двете екипи прилично доминантно се шетаат низ југозападниот и западниот регион.
Во двете лиги кои почнаа пролетва, веројатно Вардар Неготино и Овче Поле од Свети Николе ќе бидат победници.
Во јужниот регион, забрзано се играат кола по принцип среда-недела, па Вардарци по 12 кола, му бегаат 3 бода на Превалец. Веројатно ќе завршат први на крајот.
Трета лига Исток, повеќе се комплетираше за да стигнат до паричка задолжените во регионот, односно колку да има некаква лига. Немаа доволно екипи, па на крај го присобраа Дојранско езеро (кој патем, лани со административно одземање бодови, отпадна од трета лига југ) за да достигнат минимум од 6 екипи за да се одигра лига. Карбинци, Чешиново, Рудар и Малеш, повеќе се декор во лигата, колку истата да опстои. По 4 кола, Дојранско Езеро и Овче Поле имаа по 12 бода, ама во вчерашното дерби Овче Поле славеше со 7-0 и покажаа дека се најсилна екипа во регионот.

Овие 4 победници на третите лиги ќе играат бараж кој ќе даде 2 места за идната единствена втора лига. Само не знам дали ќе играат меѓусебе за тие две места...
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
73
Поени од реакции
204
Се гледа дека не знаеш ништо за Трета лига - Исток.
ФК Рудар после 2 годишна неактивност се врати во лигата, повеќето фудбалери и не беа активни за тие 2 години.На крајот на летото почнавме со подготовки,но не почна сезоната. Оваа година сите клубови имавме ептен краток период за подготовки, и можам да кажам дека квалитетот на сите е тука-некаде. Овче Поче имаа најмногу среќа,ние изгубивме во Св.Николе 4-0, но 3 од тие голови беа чисти наши грешки, домаќините не покажаа никаков посебен квалитет.
Ги има речиси сите натпревари на јутуб или фејсбук, гледај па дури тогаш коментрај за квалитет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom