3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
преглед на колот има во емисијата Куќа на фудбалот и тоа на крајот. и токму затоа ретко кој го знае. треба да ја гледаш емисијата за случајно да го начекаш прегледот. бар ан Јутуб да го поставуваа прегледот како посебно видео ќе имаше и тоа како гледаност.

сепак ТВ си е ТВ. каков и да ни е фудбалот, треба да има еден натпревар во живо на ТВ. стримовине се сепак со низок квалитет и плус треба да гледаш на мобилен и на компјутер.

ТВ Нова подобро шо не дава веќе пренос. тоа не беше тв пренос, туку стримовите ги земаа и ги пуштаа како пренос. сликата ужас! така и јас можам дома со кабел да си приклучам компјутер со тв и да ги гледам истите.

Нема шанси да најдеш од Кисела Вода табела.
Славија е прва ао само еден пораз. Аеродром има 2 порази, откако во последно коло загубија од Цементарница. Цементара има 2 порази и е на делба на второ место. Другите небитни :D
Аеродром имаат доставено жалба за поразот од Цементарница бидејќи овие наводно играле без лекарски.

иначе од каде знаеш дека Цементарница дели второ место и има два пораза? ваљда имаш некаде видено табела...!?[DOUBLEPOST=1546084265][/DOUBLEPOST]
И да стадионите ги претворија во руини бидејќи се дадени на разноразни газди. Единствен добар во околината на градот е оној на Студена Вода и Јуниор. Секоја чест на сопственикот и искрено му посакувам да влезе во повисок ранг.
каков е стадионот во Доброшане? да не имаш и некоја фотка да го видиме?
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Аеродром имаат доставено жалба за поразот од Цементарница бидејќи овие наводно играле без лекарски.

иначе од каде знаеш дека Цементарница дели второ место и има два пораза? ваљда имаш некаде видено табела...!?
Цела лига освен нив игра без лекарско и правилно регистрирани играчи :LOL:
Ќе играле во трета лига (каде овие работи се мачкина кашлица према тоа што се случува), а не може да завршат први пред екипи собрани од кафана или од улица :D

Ми кажа некој од играчите. Табела немаат ни самите екипи...
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
Цела лига освен нив игра без лекарско и правилно регистрирани играчи :LOL:
Ќе играле во трета лига (каде овие работи се мачкина кашлица према тоа што се случува), а не може да завршат први пред екипи собрани од кафана или од улица :D

Ми кажа некој од играчите. Табела немаат ни самите екипи...
ако си во контакт со таков речи му да ги ти каже нивните резултати. освен оние против Славија и Аеродром, тие ги знаеме нели.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.091
иначе од каде знаеш дека Цементарница дели второ место и има два пораза? ваљда имаш некаде видено табела...!?[DOUBLEPOST=1546084265][/DOUBLEPOST]

каков е стадионот во Доброшане? да не имаш и некоја фотка да го видиме?[/QUOTE]

Teренот е одличен, се одржува често и убаво плус има рефлектори. Немам фотка, ама кога ке возам точак натаму ке го сликам
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Тоа куќа на фудбалот на Мтв1 ли идеше, шо го снимаа у ходник на влез во зградата на Телеком?
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
Тоа куќа на фудбалот на Мтв1 ли идеше, шо го снимаа у ходник на влез во зградата на Телеком?
не, тоа беше друга емисија. Куќа на фудбалот си се снима во ФФМ, а одеше на Канал 5. не сум сигурен дали во псоледно време они на некоја тв или само на јутуб.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Господо да не знае некој каде во МК може да се купи ваква работа. Нз ни како се вика ова, количка, машина нз :)
Вие шо играте регион сигурно имате вакви :)
 
Attachments

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Аеродром имаат доставено жалба за поразот од Цементарница бидејќи овие наводно играле без лекарски.

иначе од каде знаеш дека Цементарница дели второ место и има два пораза? ваљда имаш некаде видено табела...!?
Мал апдејт од играчи на Аеродром.
Жалбата им била одбиена. Инаку и Славија и Цементарница имале само по 1 пораз, а Аеродром 2 порази.

Во однос на третиве лиги, веќе станува јасно кои екипи ќе бидат идни третолигаши (односно, шампиони во своите региони).
Осогово и Охрид се сигурни шампиони на истокот и југозападот.
Полека станува јасно дека Превалец ќе биде шампион во централниот регион, откако Питу Гули изгубија два натпревари пролетва и Велешани избегаа на 4 бода разлика (плус, меѓусебниот дуел се игра во Велес).
Кадино продолжи да гази на северот и има 6 бода предност пред Фортуна и ССК. Плус, меѓусебните дуели со силните екипи ги играат дома (освен со ССК). Чудна работа, од овој регион тешко е да се процени која екипа е заинтересирана за влез во втора лига. Наслушнав дека Кадино ќе влегле во втора лига и ќе им го дале местото на Маџари Солидарност, кои настапуваат во четвртата лига на Гази Баба и во моментов се први таму.
Исто така, скоро сигурно Дојранско езеро ќе бидат шампиони на југоистокот, иако минатото коло загубија бодови кај Спартмани. Сепак, Тиверија загуби од Василево и Дојранско езеро е на +4 и натпревар помалку, кој се чини ќе го добијат службено.

Значи, Охрид, Осогово, Дојранско Езеро, Кадино и Превалец би требало да бидат новите пет второлигаши.

Останува да видиме кој ќе победи од западот. Вардар Форино ремизираше кај Љуботен и Дрита доби шанса да го бутне од прво место. Вардар Форино има 2 бода предност, но и натпревар повеќе. Сезоната е долга, а меѓусебниот дуел се игра во Боговиње.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Како тоа Кадино може да му го даде местото на Маџари Солидарност кои се во општинска лига? Зарем тие дирекно од 4 во 2ра може да влезат? До сега имало ли ваков случај?
Памтам дека Маџари играа едно време во втора лига, најверојатно имаат и инфраструктура некаква
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.167
Поени од реакции
3.136

Па Вардар цело време игра во Маџари..
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.091
Како тоа Кадино може да му го даде местото на Маџари Солидарност кои се во општинска лига? Зарем тие дирекно од 4 во 2ра може да влезат? До сега имало ли ваков случај?
Памтам дека Маџари играа едно време во втора лига, најверојатно имаат и инфраструктура некаква
Преку фузија?
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
500
Поени од реакции
159

Едноставно ФК Кадино би бил преземен од управата на Маџари Солидарност, и ќе му го сменат името како што нив ќе им чини. Од вистинскиот Маџари ќе се откажат. А за случаеви такви досега!? Еден куп се. Алумина-Брегалница, Миравци-Вардар, Албарса-Шкупи, Корзо-Шкупи, Треска-Македонија ЃП, Љубанци-Тиквеш и многу многу.[DOUBLEPOST=1554235536][/DOUBLEPOST]
Преку фузија?
Правно не постојат фузии. Чиста размена на клубовите е.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Како тоа Кадино може да му го даде местото на Маџари Солидарност кои се во општинска лига? Зарем тие дирекно од 4 во 2ра може да влезат? До сега имало ли ваков случај?
Памтам дека Маџари играа едно време во втора лига, најверојатно имаат и инфраструктура некаква
Маџари играа и во прва лига, играа и во финале на куп.
Стадионот во Маџари е во нивна сопственост.
За другото ти одговорија.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Тури и пепел на таква управа ако успеала да го доведе Маџари Солидарност до општинска лига, па сеа ќе купува место дирекно во втора лига. Баш ме интересира која е историјата зад оваа приказна, не сум упатен, ама звучи нон сенс од 4 у 2ра. Стварно не знам кои се придобивките.
Освен шо управата на Кадино ќе фати некој кеш.
ФФМ ќе фати кеш.
Маџари ќе претураат од шупливо во празно.
Кој е финансиер на таа екипа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom