3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Ќе "нема дилеми кој е нов второлигаш" коа ќе го поминат баражот напролет (колку шо се разбирам) хаха
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
@Colt Willcox Еве погоре објасна Матрикс, баш ради овие причини не одам на фудбал и не би сакал како група да одиме . Мада во иднина дел мислам дека ке почне и на фудбал да се навива , јас лично како поединец не.
Од мал сум со третиве и општинскиве лиги, сите знаеме како одат тие работи :D
Се знаеше дека Охрид е единствен фаворит за прво место и ќе се фрлат многу пари за да дојдат до втора лига. Се сомневам дека не се работи за стариот Охрид, барем кај нас тие работи лесно се наследуваат, особено што општината е спонзор.

@Корисничко име: нема баражи, сите првопласирани одат во втора лига.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
@Colt Willcox шо мислиш кои стандарди треба да ги исполнат овие првите од региони за да бидат лиценцирани за втора лига?
На пример треба да основаат младински категории? И колку?
Ова е според правилникот за натпреварување во втора лига шо го читав, значи сите второлигаши без исклучок имаат младински категории?
Гледав и домашниот терен треба да исполнува стандарди ама повеќето од нив се банални како - обележано место за ова, за она, нема нешто посебно, на пример капацитет на седишта минимум 500 итн....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
@Colt Willcox шо мислиш кои стандарди треба да ги исполнат овие првите од региони за да бидат лиценцирани за втора лига?
На пример треба да основаат младински категории? И колку?
Ова е според правилникот за натпреварување во втора лига шо го читав, значи сите второлигаши без исклучок имаат младински категории?
Гледав и домашниот терен треба да исполнува стандарди ама повеќето од нив се банални како - обележано место за ова, за она, нема нешто посебно, на пример капацитет на седишта минимум 500 итн....
Реално не се големи стандардите за учество во втора лига.
Треба да имаат млади категории, што воопшто не е проблем. И за стадион има минимални услови кои треба да ги исполнат.
Охрид сигурно исполнува услови, другиве екипи од региониве што се на прво место мислам дека имаат стадиони што ги исполнуваат условите исто така. Мој тип е дека прво место ќе бидат
Охрид (стадионот исполнува услови и за прва лига), Осогово (стадионот исполнува услови и за прва лига), Питу Гули (стадионот има монтажни трибини, дополнително ќе го средат), Дојранско Езеро (стадионот задоволува услови за втора лига), Дрита (задоволува услови и за прва лига, барем според наши стандарди) и Кадино (мислам дека имаат монтажни трибини, ако не ќе играат на стадиончето во Марино во втора лига).

Други екипи кои би можеле да се вклучат во борбата се Вардар Форино (има трибини, но треба да се средат, можно е да играат во Боговиње како алтернатива или во Тетово на некој од терените), Превалец (имаат мало теренче, но за втора лига ќе играат на градскиот стадион во Тетово) или Турново (има услови за прва лига). На северот е многу нејасна ситуација. ССК немаат амбиции, Локомотива мислев ќе бидат главен кандидат, ама слабо. Кадино е најсилен и трите порази им се на најтешките гостувања, така што имаат лесен пат до прво место.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Тие трибините шо ги правеа од страните на градскиот стадион во Струмица се рачунаат како монтажни? Немам претстава како изгледаат монтажни трибини па затоа хаха
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Тие трибините шо ги правеа од страните на градскиот стадион во Струмица се рачунаат како монтажни? Немам претстава како изгледаат монтажни трибини па затоа хаха
Монтажните во Крушево:


Монтажни во Петровец:



Еве ти пример :D
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
А да, ова се стадионите шо ги правеше државата порано, мислам дека направија 50 стадиони низ Македонија. Шо мислиш колку капацитет имаат овие стадиони, сите се унифицирани. Со оглед на тоа дека се три реда по 100 метра, мислам дека лабаво собираат 1000 луѓе. И задоволовуваат безбедносни стандарди, пошо у секој момент може да се прескокне оградата и да се бега ако се деси нешо хаха
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
Нема врска со Охрид 2004, уште помалце со Охрид Лоте. Едно заедничко е шо сите играа на исти стадион, толку.
наследник е на Охрид 2004. ама ако гледаш правно, тогаш 99% од македонскиве клубови се нови субјекти.[DOUBLEPOST=1543432524][/DOUBLEPOST]
a ova koj ohrid e? mislam povrzan e so poslednite prvoligasi ohrid 2004 i ohrid lote, i ako ne sto bidna so spomnatite klubovi, se uste se aktivni?
целото име му е Охрид Лихнидос[DOUBLEPOST=1543432774][/DOUBLEPOST]
Реално не се големи стандардите за учество во втора лига.
Треба да имаат млади категории, што воопшто не е проблем. И за стадион има минимални услови кои треба да ги исполнат.
од младински тимови треба да пријават бар во две од топ четирите категории. ама има места каде што едноставно нема луѓе па не можат деца да соберат. лани валандовска Победа ја казнија со одземање на бодови на сениорскиот тим ради тоа што двата младински тима не можеа да соберат играчи за неколку утакмици и на крај ги исклучија од лигите.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Упатени ли сте во оваа реформава со „ваучери“ со која се олеснува на малите клубови да бараат спонзорство од фирмите. Не знам од кога важи тоа, али гледам дека во 2016 државата им дава можност на фирмите да спонзорираат спортски клуб и се ослободени од дел од данокот за добивка. Е сеа од 1ви Јануари 2019 го воведуваат и ова со ваучери. Шо мислите за ова?
Еве и линк еден, има на гугл повеќе, правеле турнеја од УЈП по големите општини и состаноци со спортските работници за да ги информираат за ова.
https://www.prilep.gov.mk/zakonot-za-sport-ke-ovozmozhi-poveke-sredstva-za-sportistite-i-sportskite-klubovi/?fbclid=IwAR0OY2y9dXnOGBsc0xw0YOD0oRWxK6aq5gtY4DH-wko1ClhDBCE72aM-jkk
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Има негде од 4 лига ОФС Куманово табела и кај можат да се пратат резултатите? Фала многу
https://www.facebook.com/Општински-Фудбалски-Сојуз-Куманово-1927303377313731/

Тука ќе најдеш информации за распоред на натпреварите и табела.
Последната објавена табела е од 8 коло. Речица тепале и во последното 9-то коло и се први со скор 8-0-1.
Штета што ФК Куманово не опстојува во ниту една лига.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
https://www.facebook.com/Општински-Фудбалски-Сојуз-Куманово-1927303377313731/

Тука ќе најдеш информации за распоред на натпреварите и табела.
Последната објавена табела е од 8 коло.
Штета што ФК Куманово не опстојува во ниту една лига.
Фала братка. За Куманово има долга приказна, но неговото гасење има партиска позадина, иако можеше да биде прволигаш...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Фала братка. За Куманово има долга приказна, но неговото гасење има партиска позадина, иако можеше да биде прволигаш...
Мене ми е чудно што и другите силни екипи од минатото не се реактивираат. Милано и Башкими веќе неколку сезони се без никакви амбиции во четвртата лига. Куманово мислам дека играше лани во некоја од лигите. Знам дека тука има и паралелни лиги, лига поддржана од ФФМ и лига која не беше поддржана од ФФМ.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
паралелна имаше пред години, нема сега. а Куманово играше последен пат 2006/17 во четвртата лига. заврши претпоследен ама мислам дека при крај се откажа. наредната сезона не играше ни во петта, а ни оваа сезона не игра никаде.

иначе и четвртите лиги со табели од полусезона ќе ги објавивиме, само да ги дособереме сите. не можеме да најдеме табели од Кисела Вода, Охрид и Пробиштип. за првите две знам сигурно дека се играа, за последната немам инфо ама беше најавена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom