3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Има ли некаде некој документ каде шо е објаснет системот за натпреварување во Куп на Македонија, конкретно од прва рунда четвртолигаши? Не знам ако има во билтени на ФФМ или нешо...
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
нема. таа прва рунда што ја зборуваш се квалификации. всушност тоа си се општинските купови со кои ФФМ нема врска. за ФФМ прва рунда е онаа што почнува во август и што ја организира самата ФФМ. ФФМ само има правилник според кој се определува на кој од шесте региони колку места му припаѓаат во купот и потоа самите региони си се задолжени да ги пријават екипи кои се квалификувале преку општинските купови. тоа им е останато од памтивек, најверојатно од Југославија и затоа ден денес има проблеми секоја сезона, односно играат помалку клубови од основните 32.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
тоа е за претходната сезона, овој е за оваа: http://ffm.mk/media/files/Propozicii-KUP-seniori-uo-mf-2018-19.pdf

ама изглеа само го препишале пошо има клучна грешка уште во Член 3. и ради тоа Саса извиси од купот годинава. стои дека во локалните квалификации може да се пријават и второлигаши кои заврши на 8-10 место, а пак во Член 15 каде кажува кои имаат право на директен пласман стои првите 5 од вторите лиги. значи оние кои биле 6 и 7 не се опфатени никаде. Саса лани завршија 7ми и на ждрепката се бунеа зошто ги нема (бев на ждрепката). типот од ФФМ им вика дека регионот не ги пријавил, а овие му го цитираат членот каде вели дека за 8-10 место треба пријавување. абе аматеризам чист. и пази, купот почнува со две екипи помалку, а оставиле непријавени клубови кои сакаат да играат.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
А календарот/распоредот со куп натпревари од надлежните ОФС/регион, го објавуваат на Комет системот, или комуницираат со клубовите поединечно?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Доста неизвесни се третите лиги сезонава.

Сигурно е единствено дека Охрид ќе биде патник во втора лига, како шампион на југо-запад со оглед на тоа што на 9 кола од стартот на сезоната, веќе има 9 поени предност.

Осогово е голем фаворит на истокот, но изненадува што веќе по 8 кола има 2 порази (од Овче Поле во Свети Николе и од Кежовица). Овче Поле е втор со 2 порази и едно нерешено и веројатно е единствена екипа која би им ги поматила сметките на Кочанчани.

Лигата со најмал број на екипи е југо-источниот регион во кој настапува некогашниот прволигаш Турново. Во лигата која брои 6 екипи, Дојранско езеро е прво со 12 поени, 2 повеќе од Тиверија која изигра нерешено со Спартмани на домашен терен. Да видиме дали после долги години, Дојранско езеро ќе успее да се пласира во втората лига.

Централниот регион почна со доминација на Превалец, но во последните два дуели загубија 5 бода. Најпрвин беа декласирани од Питу Гули во Крушево со 4-0, а денес изиграле 1-1 на домашен терен со Напредок од Крушеани. Питу Гули има шанси да се израмни со бодовите со Превалец, ако утре ги добијат Братство на гостински терен. Превалец е прв со 19 поени, Питу Гули има 16 и нтпревар помалку, а Бабуна има 14 поени, исто така со натпревар помалку. Чудно е што екипите губат поени и на домашен терен, Питу Гули ремизираа со Горно Коњари, а загубија кај Тополка. Бабуна загуби дома во дербито со Превалец. Ќе гледаме израмнета борба до крајот.

Северот и западот се калакурница, особено на северот.
По 8 кола, 7 екипи се во трка за прво место.
Локомотива и Братство имаат по 16 поени, Фортуна и Кадино по 15, Беса, Волково и Кадино по 14.
Локомотива ми изгледаа за фаворити откако тепаа кај Братство со 2-5, за потоа да загубат дома од Кадино со 0-2.
Кадино има 3 порази на терените во кои задолжително се губи (Беса и Фортуна) и во дербито кај Братство. Па од сегашна перспектива, делуваат можеби и како најголеми кандидати за втора лига. Чудно е што само по 8 кола, водечките веќе загубиле 8 поени. Локомотива има нерешено 0-0 кај Волково, пораз на домашен од Кадино и пораз во Драчево кај ССК. Братство загуби дома од Локомотива, одигра нерешено во Драчево кај ССК и загуби од Студена Вода од Доброшане.
Тешко е да се предвиди кој ќе биде прв. Мислев дека Братство ќе фрла највеќе пари, но се е можно.

На западот не се случило досега Вардар Форино да загуби бодови на домашен терен.
Сепак, изиграа само 3-3 со Љуботен и 0-0 со Речица.
После 7 кола, Вардар и Љуботен имаат по 14 поени, а Напредок има 13.
Вардар Форино загуби кај Трабзонспор покрај двете нерешени. Напредок почна одлично, но загуби кај Трабзонспор со 3-2, а потоа киксираше со Нераште на домашен (1-1) и загуби во дербито во Форино од Вардар со 1-0. Сепак, се уште имаат шанси за прво место.
Љуботен загуби кај Напредок на гости (дури со 6-1), извади бод од Форино, а одигра и 0-0 дома со Дрита. Импресивно, тепаа со 0-5 кај Фљамуртари, а на гости го добија и Арсими.
Убаво би било Љуботен или Напредок да финишираат како први, како две единствени македонски екипи во лигата.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
рачунај и дека Напредок има натпревар помалку, а и ремито со Нерашти е на дисциплинска бидејќи во записник навеле млади играчи кои не биле присутни само колку за да ги има според правилник.

А календарот/распоредот со куп натпревари од надлежните ОФС/регион, го објавуваат на Комет системот, или комуницираат со клубовите поединечно?
некогаш за некои има во Комет, ама најчесто не[DOUBLEPOST=1540660749][/DOUBLEPOST]еве распоред од есенскиот дел за Кисела Вода. ако знае некој резултати нека пише. Првото коло не се играло, го одложиле, така да до сеа играни се 2 и 3, додека 4 е викендов.

4.MFL Kisela Voda 2018-19.jpg
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Тешко да најдеш резултати од другиве натпревари. Треба да прашам по играчиве...
Иначе како што напишав во фан клуб Славија, средбата Славија 19 - Славија Пржино е прекината во 5-та минута.
Славија 19 е клуб на стариот Мандар кој порано ја држеше Славија Пржино, клуб кој е воден од неговиот внук.
Славија 19 имале 8 играчи, Славија Пржино имале повеќе. Стариот Мандар барал да се прегледаат книшките на играчите на Славија Пржино. И на крај некој ја добил службен, но од две верзии слушнав различна приказна :D

Денес Славија Пржино го растури Аеродром. Во прво полувреме има 3-4 чисти шанси сами со голман, но реализираа само една. Во второ полувреме пресисаа, со оглед на тоа што имаа престари играчи, додека противниците имаа просечна возраст од 20 години, па гостите притиснаа и имаа две убави прилики. Откако не ги искористија, Славија даде гол од контра и судијата свирна крај пред да завршат 90-те минути. Наптреварот привлече многу публика и изобилуваше со остри стартови, особено од домашните играчи. Мислам дека нема дилеми дека на крајот Аеродром ќе биде нов третолигаш.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Продолжуваат изненадувачките резултати.

Во централниот регион Питу Гули дојде до пол-позиција. Имено, Крушевчани тепаа во Житоше со 0-3, додека Превалец, изненадувачки изигра само 1-1 на домашен терен против претпоследниот Напредок од Крушеани.
Сега Превалец е прв со 20 бода, но Питу Гули имаат 19 поени и натпревар помалку.

Фаворитот (барем според мене) за прво место на северот, Братство Влазними, загуби на гостувањето кај Беса со 2-1.
Вториот фаворит Локомотива, загубиле со 2-0 кај Илинден.
Фортуна го тепале Волково со 6-1, а немам инфо како завршиле Кадино против Студена Вода. ССК тепале со 2-4 кај Петровец и они се при врвот.
Така што, во моментов Фортуна 18, Беса 17 и ССК по 17, Братство и Локомотива по 16, Кадино 15 (натпревар помалку) итн.
Којзнае кој ќе биде прв на крајот.

Љуботен инаку загуби со 0-3 на домашен терен од Беса од Добри дол и со тоа докажаа дека немаат амбиции за втора лига. Се чини дека битката ќе биде меѓу Вардар Форино и Напредок. Вардар тепале денес на гостување кај Нераште со 0-1.

На истокот, Овче поле изиграле само 1-1 со Кежовица, што значи веројатно Осогово си го потврдува фаворитскиот статус во лигата.
 
Последно уредено:

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.529
Поени од реакции
1.508
Продолжуваат изненадувачките резултати.

Во централниот регион Питу Гули дојде до пол-позиција. Имено, Крушевчани тепаа во Житоше со 0-3, додека Превалец, изненадувачки изигра само 1-1 на домашен терен против претпоследниот Напредок од Крушеани.
Сега Превалец е прв со 20 бода, но Питу Гули имаат 19 поени и натпревар помалку.
не ти е точна табелата ;) ниту Превалец е прв, ниту Питу има натпревар помалку.

http://macedonianfootball.com/round-overview-of-all-3-mfl-groups-video-2/
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
@Harry Potter два резултати од општинска на Кисела Вода.
Славија Пржино - Славија 19 0-3 (службено, од пред три кола)
Славија 19 - Титан 4-6 (ова од денес)
Утре играат Славија Пржино со Победа од Долно Лисиче и Аеродром со ССК.
 
Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
Има ли некој контакт од ОФС Велес, оти на интернет не можам да најдам ни број ни е-маил...
Сакам да побарам Правилник за натпреварување конкретно за ОФС Велес, оти овој од ФФМ е многу општ и е за државно ниво. Ме интересираше да видам котизации за 4-та и 3-та лига, парични казни за жолти и црвени картони, котизации и систем за куп натпреварување, колку екипи одат во 3-та лига, а колку се враќаат од 3-та во 4-та и по кој систем итн итн.
Овие работи би требало да се јавно достапни некаде, пратив меил на ФФМ пред некој ден, ама ги нема да вратат...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Има ли некој контакт од ОФС Велес, оти на интернет не можам да најдам ни број ни е-маил...
Сакам да побарам Правилник за натпреварување конкретно за ОФС Велес, оти овој од ФФМ е многу општ и е за државно ниво. Ме интересираше да видам котизации за 4-та и 3-та лига, парични казни за жолти и црвени картони, котизации и систем за куп натпреварување, колку екипи одат во 3-та лига, а колку се враќаат од 3-та во 4-та и по кој систем итн итн.
Овие работи би требало да се јавно достапни некаде, пратив меил на ФФМ пред некој ден, ама ги нема да вратат...

Еси ми добар, друже? :D Тие не знаат ни меилот да го отворат, камо ли да ти одговорат на прашањава.
Оваа општинска лига е поврзана со трета лига - центар. Од централниот третолигашки регион отпаѓаат 2 екипи. Сезонава тука играат Превалец, Бабуна и Тополка како претставници на ОФС Велес. Може да отпаднат две, една или ниедна екипа од регионот, зависи од нивниот пласман на табелата, односно дали ќе завршат на последните две позиции (реално, само Тополка може да отпадне во четврта лига). Од ОФС Велес во трета лига треба да влезе само една екипа. Во зависност од тоа кои екипи отпаѓаат од втора лига (Борец, Тиквеш и Вардар Неготино) се од оваа трета лига, можно е четвртолигашите (кои се шампиони на ОФС Велес, Прилеп, Неготино и Кавадарци) да треба да играат дополнителен бараж, наместо директно да влегуваат во лигата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom