3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Кои се нови второлигаши и дали испаѓа директно 8-от од Втора лига или игра бараж?
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
нови второлигаши до сега ти се Кораби, Гоблен Јуниор, Генч Калемлер Споерт (Запад), Детонит Јуниор, Кит-Го (Исток) и уште една треба лига допва треба да даде второлигаш.

од втора испаѓаат директно 8, 9 и 10, бараж за испаѓање нема.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Во делот од останатите лиги, имаме и фото-финиш во првата женска фудбалска лига.

Драгон и Тиверија водат мртва трка за првата позиција. И двете екипи се со сите победи и еден пораз во меѓусебните дуели.
Драгон тепаше 2-0 во Пржино есента, а во средата изгуби со 2-1 во Струмица. Бидејќи, на крајот одлучува меѓусебниот дуел, многу веројатно е дека Драгонки ќе стигнат до титулата.
Во недела во Пржино играат со Истатов, но ќе биде интересно во последното коло кога гостуваат во Битола кај третоплсираниот Атлетико.
Тиверија едвај победи во Битола, а и Драгонки тепаа само со 2-1 во Пржино есента.
Сепак, Драгон сами си решаваат за титулата и многу веројатно дека ќе издвојуваат две победи.
Двете екипи треба да играат и во финалето на купот.

Интересно, ако дуелот од претходното коло завршеше со идентични 2-0, ќе решаваше гол-разликата.
Во моментов гол-разликата е +4 во корист на Тиверија (во случај на 2-0, ќе беше +5). Драгон ќе ја загубеше титулата од бизарна работа, затоа што на денот кога требаше да играат со противникот со кој се билда гол-разлика (Њу Јорк од Чаир), имаше такви поројни дождови и беше период на празници, што гостинките не допатуваа со доволно играчи и мечот беше регистриран со 3-0 (наместо да заврши со 10+ разлика) :D
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
нови второлигаши до сега ти се Кораби, Гоблен Јуниор, Генч Калемлер Споерт (Запад), Детонит Јуниор, Кит-Го (Исток) и уште една треба лига допва треба да даде второлигаш.

од втора испаѓаат директно 8, 9 и 10, бараж за испаѓање нема.
Не ми е јасно 2 лига Исток со оглед на тоа што играат за влез во прва лига Победа и Борец (Една Екипа секако ке остане во Прва лига) и влезе директно Беласица, а испаѓаат последните 3 екипи (8,9 и 10 место), Од трета во втора влегоа Детонит и Кит Го. Таа плус уште една екипа која ке остане во втора лига е една од екипите кои ќе играат Бараж од третите лиги коишто имаат завршено второ место и плус уште една позиција останува да се пополни со тоа што 8-миот од табелата има шанси да остане а да испаднат само последните 2 екипи. Зборам за втора лига Исток има ли некој направено калкулации затоа што вкупно 10 екипи се предвидени во лигата??
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
ти кажав веќе, бараж нема. трета лига Центар треба уште да го даде победникот (Партизан или Вардар) кој ќе оди во втора Исток.

за влез во Прва Лига не играат само Победа и Борец туку Победа, Борец И Гостивар. ако Гостивар победи тогаш и Победа и Борец одат во Исток и екипите ќе си се на број.

доколку победи една од Победа и Борец, тек тогаш се отвора едно место кое според правилникот на ФФМ се пополнува со една екипа од третите лиги и тоа редоследно. прво ќе им биде понудено на оние кои завршиле на второ место, значи Василево (Југоисток), Кежовица (Исток) и Партизан/Вардар (Центар). доколку сите три сакаат да одат втора лига, прво ќе треба да достават документација дека ги исполнуваат критериумите за учество во втора лига, за да им биде одобрено барањето. ако има повеќе од една кои исполнува услови, тек тогаш ќе играат бараж. потоа, доколку нема кандидати меѓу второпласираните, може да се пријави екипа која завршила на трето, па четврто итн место.

ако никој од третолигашите не сака да игра втора лига или пак сака ама не исполнува услови, е тогаш местото ќе му биде понудено на најдобриот од тие што испаднале од втора, во случајов Осогово.

ама еве јас ќе ти кажам како ќе биде, пошо не е тешко да се претпостави. во Црнтар прв ќе заврши Партизан, ама Вардар сепак ќе оди втора лига за да го пополни тоа едно место (дека Гостривар нема шанси да тепа во баражот за прва лига) пошо само тие ќе исполнуваат услови.
 
Од каде си толку сигурен со инфото? Јас мислам дека ниту еден од трите клубови кои се втори во третите лиги не исполнуваат критериуми ни па имаат желба и финансии да играат во втора лига, за останатите тимови да не збориме..
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
па Вардар да немаше амбиции немаше толку упорно да го брка тоа прво место ;)
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
ти кажав веќе, бараж нема. трета лига Центар треба уште да го даде победникот (Партизан или Вардар) кој ќе оди во втора Исток.

за влез во Прва Лига не играат само Победа и Борец туку Победа, Борец И Гостивар. ако Гостивар победи тогаш и Победа и Борец одат во Исток и екипите ќе си се на број.

доколку победи една од Победа и Борец, тек тогаш се отвора едно место кое според правилникот на ФФМ се пополнува со една екипа од третите лиги и тоа редоследно. прво ќе им биде понудено на оние кои завршиле на второ место, значи Василево (Југоисток), Кежовица (Исток) и Партизан/Вардар (Центар). доколку сите три сакаат да одат втора лига, прво ќе треба да достават документација дека ги исполнуваат критериумите за учество во втора лига, за да им биде одобрено барањето. ако има повеќе од една кои исполнува услови, тек тогаш ќе играат бараж. потоа, доколку нема кандидати меѓу второпласираните, може да се пријави екипа која завршила на трето, па четврто итн место.

ако никој од третолигашите не сака да игра втора лига или пак сака ама не исполнува услови, е тогаш местото ќе му биде понудено на најдобриот од тие што испаднале од втора, во случајов Осогово.

ама еве јас ќе ти кажам како ќе биде, пошо не е тешко да се претпостави. во Црнтар прв ќе заврши Партизан, ама Вардар сепак ќе оди втора лига за да го пополни тоа едно место (дека Гостривар нема шанси да тепа во баражот за прва лига) пошо само тие ќе исполнуваат услови.
Партизан тепа некни со Коњари 0-1 и се шампиони во трета.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Партизан тепа некни со Коњари 0-1 и се шампиони во трета.
Имa уште еднo кoлo дo крaј. Сепaк, ќе гo пoбедaт и Млaдoст Кривoгaштaни вo пoследнoтo кoлo и тoгaш oфицијaлнo ќе бидaт шaмпиoни.
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
Партизан ја освои групата Центар и е последниот патник во втора лига од третолигашите. неготински Вардар останува втор.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
Партизан ја освои групата Центар и е последниот патник во втора лига од третолигашите. неготински Вардар останува втор.
Откако знам, Вардар е секогаш втор.:icon_lol::icon_lol:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Интересно е што ССК кој беше прв на полусезона во северот, на крај заврши на 6-то место (екипите од 6-то до 9-то место имаат исто бодови), само 2 бода повеќе од Волково кој беше последен на полусезоната :D

Каков е квалитетот на лигата, доволно говори тоа што Беса заврши трета :popce::popce::popce:

Инаку, Драгон е нов шампион во женскиот фудбал, откако во последните две кола ги добија Истатов со 9-0, а во вчерашното последно коло славеа со 4-6 во Битола против Атлетико.
Драгон и Тиверија ги имаа сите победи и еден пораз (двете екипи тепаа на домашен терен во меѓусебниот дуел), но Драгон освои поради подобриот меѓусебен дуел (2-0 во Пржино, 2-1 во Струмица).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom