3 МФЛ-Региони и Општински Лиги

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Гоблен го тепале ССК сред Драчево. @Дим4е како успеавте да изгубите дерби дуел на домашен или паднаа амбициите со смената на локалната власт?

Значи, решени се шампионите во четири региони. Нови второлигаши се Кораб Дебар, Кит-Го Пехчево, Детонит Јуниор Радовиш и Гоблен Куманово.
Битката за последните две места се води уште на западот, каде што во мртва трка се Вардар Форино и Генчкалемлери и во централниот регион каде што борбата е меѓу Вардар Неготино и Партизан од Обршани. Иако, се чинеше дека Партизан ја обезбеди првата позиција, со победата на гости во директниот дуел, сега Вардарци изгледаат како фаворити, иако имаат еден бод заостанување.

До крај играат:
Превалец-Партизан Младост (Кривогаштани)-Вардар Н
Вардар Н-Питу Гули Партизан-Слога
Марена-Вардар Н Големо Коњари-Партизан
Вардар Н-Габер Младост (Кривогаштани)-Вардар Н

Наредното коло е решавачко според мене. Мислам дека Партизан ќе изгуби кај Превалец, но и Вардарци имаат тешко гостување. Прилепските екипи играат за Партизан, така што ќе биде колење во Кривогаштани. Партизан има три дуели со екипи од Прилепска екипа, така што само кај Превалец може да изгуби бодови. Вардар сигурно ги тепа Марена и Габер, а ќе има потешка задача со Питу Гули. Сепак, ако во наредното коло Вардар го мине Партизан, мислам дека ќе ги добијат сите натпревари до крај.

На запад ситуацијата е:
Вардар Форино 53
Генкалемлер 50

Арсими-Генчкалемлери
Камењане-Вардар Ф Генчкалемлери-Фљамуртари
Вардар Ф-Дрита
Генчкалемлер-Вардар Ф

Утре според мене е решавачкиот дуел. Генчкалемлер има претешко гостување во Чегране против Арсими. Ќе видиме кој платил повеќе. Ако не тепа утре Генчкалемлер, тогаш готово е. Вардар нема шанси да изгуби бодови со Камењане и Дрита, така што последниот дуел ќе биде само ревијален.
Ама, ако тепа утре Генчкалемлер, мислам дека во последно коло ќе го сомелат Вардар и ќе завршат први. Првата заврши 1-0 за Вардар, така што овие ќе треба да тепаат со поголема разлика.
 
Последно уредено:

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Гоблен го тепале ССК сред Драчево. @Дим4е како успеавте да изгубите дерби дуел на домашен или паднаа амбициите со смената на локалната власт?

Значи, решени се шампионите во четири региони. Нови второлигаши се Кораб Дебар, Кит-Го Пехчево, Детонит Јуниор Радовиш и Гоблен Куманово.
Битката за последните две места се води уште на западот, каде што во мртва трка се Вардар Форино и Генчкалемлери и во централниот регион каде што борбата е меѓу Вардар Неготино и Партизан од Обршани. Иако, се чинеше дека Партизан ја обезбеди првата позиција, со победата на гости во директниот дуел, сега Вардарци изгледаат како фаворити, иако имаат еден бод заостанување.
Па вака идеше редоследот.

1) последно коло од есенска полусезона ССК заврши прв. Гоблен последното коло го киксна со Кадино, ама ај што киксна па и имаа некој играч што играл во рок од 24ч две официјални утакмици (една футсал) и тука се раширија вести Гоблен готово казнет е со одзимање бодови.. арно ама овие платиле кај што треба да се плати направиле жалба и им беа вратени бодовите. Пријава имаше пуштено ССК и почнале овие одма со закани дека нели не се директен учесник на натпреварот Кадино-Гоблен. И наводно зелкиве почнале одма да се закануваат дека ќе плаќаат кај другите клубови за да зимаат бодови против ССК.
2) Е тоа не беше потребно затоа што им избегаа 2-3 играчи на ССК. Едниот беше најдобриот и потпиша за Еуромилк во втора лига. Од таа еуфорија и ветувања што ја имаа за плати ништо не испадна и наеднаш си го свиткаа опашот. Башка и еден играч беше суспендиран 5 кола затоа што ркна судија .
3) Утакмицава со Гоблен апла беше очигледно дека судијата е дојден со намера. ССК повеле со 1-0 во први 5 минути (шашав гол). Јас малце каснев :). Од тука натака се што е старт на ССК копитово суди фаул а се што е планински старт од Гоблен како ништо да не било (мислиш англиски фудбал суди). Гоблен прави шанси ама ништо посебно (ама и факт е дека се поспремни). И тука некаде 30-40 минута еден млитав фаул на некој 25-30 метри од гол по средина и ја плесна тој 10-ката во лев долен агол. И така ССК имаа уште кондиција за до крај на прво па ништо посериозно немаше и на двете страни.
Второ почна напето ептен и нашиве се испровоцираа почнаа со лактови со клизачи ама пак смешно изгледа тоа кога повеќето се дечишта и така цело полувреме провокации неколку пати и прекини заради пцуење со клупа и со публика. И ССК одзима една топка и коплето си легна и не станува, а ССК почна контра. Судијава ја прекина акцијата и овој се исправи како ништо да не му е, дури и не го извади надвор од терен. Нема врска немаше ова да биде проблем се додека на 10-15 минути пред крај не се случи истото ама во обратна ситуација. Ама копилето тогаш дозволи да се продолжи акцијата на Гоблен и ако гостиве го прашаа додека траеше дали да продолжат, а овој покажа да се продолжи. И тогаш направија фаул ССК некаде малце понапред од левиот ќош на шеснаесетникот.Тука одма му се пуштија на педерот судија прв пат. И како што секогаш се случува после такви ситуации следи педерски гол. Десетчето пак ја лупна и 2-1 за Гоблен.Тука почнаа му се сипаа на судијата сите и играчи и стручен штаб црвен за, ССК.. падна по некој шамар изгледа.. прекин имаше 10-ина минути. Се врати педерот на терен продолжи и така исто.. ССК слабо кондиција, а овие имаат кондиција ама се гледа дека не се ништо посебно. Посебно не за втора лига. Овие напаѓаа безвезе. Корнер еден им искочи од десна страна, набација и безвезе падна топката на втора, а еден само ја чепна и 3-1. Тоа е, свирна крај педерот ама безпотребни тензии направи.
Дечките врска немаат за втора лига, имаа предност од 7 бода чинам и плаќаат судии поучени од ланската ситуација кога им го збрца Локомотива.

За тоа викаат “Стравот го чува лозјето”. Што си е сигурно сигурно си е плати си судии и мирна глава.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Најгрев екипа се овие, секоја година фрлаат тон при и едвај ќе дочекаат после 4-5 сезони конечно да влезат во втора лига. Сепак, знаејќи им ги можностите не им давам многу шанси за опстанок во втора лига.
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
па ваљда ќе фрлат некоја пара на засилувања за наредна сезона пошо ептен се утепани. а тоа зборува и колку цел север е утепан кога најдобрата екипа е најслаба од сите шампиони. иначе спонзор им е кумановска фирма за врати и прозорци (goblen.com.mk).

иначе, некој има инфо што се дешава во општинска Кисела Вода? кој води? и дали воопшто тој што води има амбиции да оди трета лига...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
иначе, некој има инфо што се дешава во општинска Кисела Вода? кој води? и дали воопшто тој што води има амбиции да оди трета лига...
Господ знае...
Минатава недела играа Славија и Драчево, Славија тепаше со 5-2 или 6-2.
Веројатно Славија ќе бидат заинтересирани да играат трета лига, иако во прва полусезона изгубија се што можеа од утакмиците.

На запад, Арсими-Генчкалемлер 1-3.
Значи, првакот ќе се решава во директен дуел во последно коло.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Господ знае...
Минатава недела играа Славија и Драчево, Славија тепаше со 5-2 или 6-2.
Веројатно Славија ќе бидат заинтересирани да играат трета лига, иако во прва полусезона изгубија се што можеа од утакмиците.

На запад, Арсими-Генчкалемлер 1-3.
Значи, првакот ќе се решава во директен дуел во последно коло.
Drugarce zema kapiten da bide vo SSK vo opstinska od 2-3 kolo navaka i ednas ne povebedija od togas. Pocnaa maalski muabeti deka go bojkotiraat :D :D :D :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
Господ знае...
Минатава недела играа Славија и Драчево, Славија тепаше со 5-2 или 6-2.
Веројатно Славија ќе бидат заинтересирани да играат трета лига, иако во прва полусезона изгубија се што можеа од утакмиците.
значи се реактивирале Драчево, не играа општинска откако се откажаа од трета пред 3 сезони.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
значи се реактивирале Драчево, не играа општинска откако се откажаа од трета пред 3 сезони.
Ne ne. Za SSK zborime. Ova e stariot klub so dolgovi...
SSK Nova e vo 3-ta liga so taa razlika sto nema nikakvi dolgovi zatoa sto e novoformiran.

Inace SSK vo opstinska vikendot izgubija 1-7 od Tekstilec.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
значи се реактивирале Драчево, не играа општинска откако се откажаа од трета пред 3 сезони.
Изгледа не биле Драчево, туку вториот тим на ССК (Нова, Младинец, кој и да знае...).

Славија немала амбиции за трета лига, Текстилец ќе завршеле први, ама не верувам ниту они да сакаат да влезат во трета. Со оглед на тоа што Цементарница ќе отпадне во четврта лига, само ССК ќе остане преставник од нашава општина...

Meanwhile...
Партизан Обрашани го тепале Превалец на гости :cautious:
Вардар Неготино тепале кај Младост Кривогаштани на гости, ама и покрај оваа победа, не верувам дека Партизан би кикснал некаде.

До крајот:
Вардар Н-Питу Гули
Марена-Вардар Н
Вардар Н-Габер (Габер се откажале од лигата, значи Вардар тепа службено)

Партизан-Слога
Големо Коњари-Партизан
Младост (Кривогаштани)-Партизан

Неготинци многу веројатно ќе ги добијат преостанатите 9 бодови, ама со оглед на тоа што Партизан игра само со екипи од околината на Прилеп, тешко дека би загубиле некој бод. Ќе игра паричката ваљда, ама чим тепале со Превалец на гости, ваљда ќе ги подмират и овие три екипи.

На запад ситуацијата е:
Генчкалемлер 59 бодови (+1 натпревар)
Вардар Форино 59

До крај, Вардар игра со Дрита дома, а Генчкалемлер е слободен. Со оглед на тоа што во последно коло играат меѓусебно, патникот за втора лига ќе се решава на тој дуел, во кој Генчкалемлер треба да анулира пораз 1-0 во директен дуел. Ако не се лажам, на крајот решава директниот дуел. Гол разликата во моментов е +6 во корист на Генчкалемлер, ама Вардар може многу лесно да им даде 7 комада на Дрита.
За пофалба е втората полусезона на Напредок, кој минатово коло со победа од 9-3 над Арсими се искачи до петтата позиција, а на полусезона им се закануваше испаѓање во општинска лига.

По општинскиве лиги, во ОФС Битола први се Поешево каде што сеуште активно играат Тони Мицевски и Ставревски.

Во петтата лига, Стрела од Могила ќе бидат први.


Во ОФС Прилеп, нов шампион е Ново Црнилиште. Незамисливо ми е како етнички албанска екипа завршува прва во Прилепска лига :D

Се надевам дека и Динамо од Мажучиште ќе дојде до третата лига. Во петтата прилепска лига, први се Кадино.


Во ОФС Тетово, први завршија Љуботен, па заедно со Напредок сега ќе има две македонски екипи во трета лига запад. Ако не дај боже испадне Тетекс, тогаш ќе има три на број.
https://sportclub.mk/video-najstariot/
Љуботен имал поддршка на последниот дуел од навивачка група Фурија од Тетово.
Шампион на ОФС Гостивар и патник во трета лига запад е Трабзонспор од Бањица, кои лани ја загубија битката со Генчкалемлер, но годинава беа подобри од Беса од Добри Дол.

Тополка е шампион на ОФС Велес, втори се веројатно Башкими, а трети Мартолци (ФК Чашка уствари). ФК Согле ја заврши лигата без освоен поен :(
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.168
Поени од реакции
3.136
@Colt Willcox друже од втора лига запад испаѓаат 3 екипи а другите 2 ги води во бараж... Е сега некој вика нема бараж некој вика има . Што е точно тука?
И уште нешто како ќе се игра за пополнување на 1вата лига кога ќе бидат двете втори од двете лиги и една од прва лига?? Тоа се 3 екипи ..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
@Colt Willcox друже од втора лига запад испаѓаат 3 екипи а другите 2 ги води во бараж... Е сега некој вика нема бараж некој вика има . Што е точно тука?
И уште нешто како ќе се игра за пополнување на 1вата лига кога ќе бидат двете втори од двете лиги и една од прва лига?? Тоа се 3 екипи ..
Три екипи испaѓaaт директнoи ќе бидaт зaменети сo шaмпиoните нa третите лиги. Кoлку екипи плус ќе oтпaднaт зaвиси oд тoa кoј ќе oтпaдне oд првa лигa. Нaјвеќе мoже дa oтпaднaт пет екипи и Тетекс вo мoментoв е вo мнoгулoшa ситуaцијa. Требa дa јa зaдржaт пoзицијaтa и дa се нaдевaaт декa Скooје и Пелистер немa дa oтпaднaт вo пaкет. Акo oтпaднaт пелистер и скoпје штo е мнoгу реaлнo, тoгaш aкo Тетекс не јa пoмине Лaбуништa нa тaбелa, ќе чекa дa втoрoплaсирaниoт (нaјверoјaтнo Гoстивaр) избoри плaсмaн вo првa лигa преку бaрaжи сo втoриoт oд истoк и третиoт oд пoзaди oд првa лигa (Пoбедa). Сo oглед нa тoa штo е мнoгу верoјaтнo декa Пелистер иСкoпје oтпaѓaaт, a Пoбедa би oпстaнaлa преку бaрaжите, тoгaш Тетекс мнoгу верoјaтнo би oтпaднaл вo третa лигa.

Едит: Грешкa сум. Јa зaбoрaвив екипaтa кoјa влегувa вo првa лигa кaкo првoплaсирaнa. Знaчи се oслoбoдувa уште еднo местo плус, пa дoбoлнo е Тетекс дa зaврши пред Гoрнo Лисиче.
 
Член од
23 јануари 2016
Мислења
2.137
Поени од реакции
5.481
И уште нешто како ќе се игра за пополнување на 1вата лига кога ќе бидат двете втори од двете лиги и една од прва лига?? Тоа се 3 екипи ..
vtoroplasiranite ke imaat play off, a pobednikot od toj duel ke se najde vo vtor play off protiv osmiot od 1. MFL. barem procitav takvo nesto pred nekoj mesec, neka me popravi nekoj ako gresam.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Вардар-Дрита 9-0

И во дербито на колото, Генчкалемлер-Вардар Форино 3-0 (два решавачки гола во 91 и 95 минута).
На Вардар има требаа 9 гола за да го надминат Генчкалемлер во гол-разлика и нормално ја тепаа Дрита токму со толкава разлика.
Така што, во последно коло на Генчкалемлер им требаше победа од над 1 гол разлика.
Вардар добиле црвен картон во 45-та минута, па сега се бунеле на лошо судење и бараат преигрување на натпреварот.
Генчкалемлер повеле на почеток на второ и според видеото од последните десет минути, напаѓале цело време за повисока победа. Вториот гол е кардинална грешка на одбраната, лошо вратена топка до голман и ситуација еден на еден. Третиот гол е повеќе ревијален, во последните моменти од средбата.
Сосема заслужен влез на Генчкалемлер во втора лига.
Иначе натпреваров се играл во Гостивар, со присуство на две навивачки групи и огромен број на публика.

Вардар Неготино и Партизан Обршани си ги добија своите дуели и остануваат последните кола за да се одлучи последната екипа што ќе оди во втора лига, покрај Кораб, Детонит, Кит-Го, Гоблен и Генчкалемлер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom