2CELLOS во Метрополис арена - 4.12.2015

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
„Таксират“ во соработка со „Охридско Лето“ со гордост го најавуваат првото гостувањето на 2CELLOS во Скопје

Супергрупата од двајца, 2CELLOS (Ту Челос) на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоја целиот свет, доаѓа во Скопје. 2CELLOS ќе настапат пред македонската публика на 4. декември на сцената на Метрополис Арена. Концертот е дел од офф-програмата на „Таксират“ кој за своето 17. издание подготвува повеќе настани кои ги задоволуваат различните музички вкусови. Во тоа име, на овој концерт на „Таксират“ кој е организиран во сорабтока со културната манифестација „Охридско Лето“, маестарлните 2CELLOS гарантираат незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус. Дотолку повеќе и поради задоволството што групата прв пат настапува во Скопје и тоа во атмосфера и арена која најмногу доликува за спектаклот кој таа го приредува.

"Ако сакате да видите нешто навистина неверојатно, гледајте ги 2CELLOS во живо. Зачудувачки е! Не сум видел ништо повозбудливо од времето кога во '60-те го гледав Џими Хендрикс." вели Сер Елтон Џон за 2CELLOS.

2CELLOS во светот "експлодираа" како Јутјуб сензација во 2011-та, по видеото во кое на две виолончела свират преработка на Мајкл Џексон. Скромниот и јасен спот за десетина дена беше прегледан 3 милиони пати и... останатото е историја. Виртуозите од малата Хрватска се вивнаа во поп светот, следуваше гостување во ток шоуто на Елен Деџенерис (два пати во само шест месеци) и појавување во емисијата на Џеј Лено. Шулиќ и Хаузер како 2CELLOS гостуваа и во екстремно популарната музичка серија „Glee“ (Гли), во чија историја влегуваат како првите гости со инструменти во вокалното шоу. Токму таа изведба на „Smooth criminal“ на кралот на попот, во придружба на актери од „Glee“ дебитираше на Жешката Билборд Топ 100 листа на неверојатното 10-то место.

Во Јапонија се најмногу познати, каде што добија награда за најдобар инструментален албум во 2014-та. Неодамна одржаа целомесечната турнеја низ Земјата на изгрејсонцето, но и во Кореа, Сингапур и Хонк Конг, а во Скопје 2CELLOS доаѓаат по нивните концерти во Москва и Санкт Петербург, за веќе во јануари да заминат на турнејата во С.А.Д. и Канада во чии рамки само досега се закажани повеќе од 40 настапи. Во последнава година бележат настапи по најважните европски музички центри - Берлин, Милано, Лондон, Виена, Брисел.... инаку на домашен терен во арената „Лисински“ во Загреб, закажаа еден концерт кој што беше веднаш распродаден, па мораа да закажат втор.

Но, ништо не може да се спореди со учеството на Лука и Стјепан во светската турнеја на Сер Елтон Џон и неговиот бенд, во кој Хрватите беа вклучени по силно инсистирање на самиот Елтон. 2CELLOS беа дел од „ол стар“ составот на Сер Елтон Џон на стотици настапи по светот и задолжително се појавуваа на концертите на англискиот хитмејкер во хотелот „Цезарс Палас“ во Лас Вегас.

До сега имаат издадено три албуми: „2CELLOS“ во 2011-та, „I2ition“ (Интуишн) во 2013-та, плоча потпишана од славниот Боб Езрин, продуцент кој соработувал со Пинк Флојд, Питер Гебриел, Лу Рид и многу други. На овој албум на 2CELLOS гостуваат Стиви Ваи, Наја Ривера, Ланг Ланг и Цукеро и секако Сер Елтон Џон..

На почетокот на годинава го издадоа третиот – „Celloverse“ (Человерс) каде покрај преработките на поп песни во препознатливиот стил, Лука и Стјепан додадоа и авторски материјал.

Она што е еднакво импресивно за Лука и Стјепан е величината на нивната кариера во сериозната музика. Двајцата многу мали почнуваат да свират, се развиваат како исклучителни таленти и двајцата се образоваат во елитни училишта и академии во Британија и САД. Националните хрватски и меѓународни награди на Лука и Стјепан не се бројат, а нивната виртуозност со воодушевување е прифатена и од кралеви и кралици и од принцеви и принцези. Речиси и да не постои престижна концертна сала во светот каде момците не измамиле громогласни аплаузи. Од Нов Зеланд до Америка, 2CELLOS се прифатени со восхит и неверување во нивниот музичко сценски капацитет. 2CELLOS се познати по огнената енергија и неизмерната љубов кон музиката која не можат да ја сокријат на сцена.

Многу специфично е дека академски музичари со светски признанија за достигнувања во класичната музика криеле таков талент за таков настап и анимација на илјадници луѓе на концерти, генијален хумор и беспрекорна спонтаност. Опуштени и секогаш подготвени да ја доведат публиката во еуфорија.

Билетите за концертот на 2CELLOS кои чинат 800, 1000 и 1200 денари, се веќе достапни во продажба преку мрежата на МкТикетс како и онлајн.

Од официјалниот сајт на Пасворд Продукција
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Не го разбрав делот околу настапот... ќе бидат дел од "Таксират" или посебен концерт ќе имаат? Ако настапуваат на "Таксират", познато е кои др групи ќе настапат?
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Не го разбрав делот околу настапот... ќе бидат дел од "Таксират" или посебен концерт ќе имаат? Ако настапуваат на "Таксират", познато е кои др групи ќе настапат?
Посебно ќе биде. Има неколку настани пред главната вечер стално. Овој концерт е закажан за 4 ти декември додека главната вечер е на 7 ми декември.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.173
Поени од реакции
2.112
Trebashe letovo u Ohrid da nastapat... go otkazaa koncertot
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
У Охрид настапија пред 3 години, прекрасна изведба. Годинава не го пратев ''Охридско лето,, Едвај чекам пак. Се радувам ко мало дете на сладолед. :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom