account сметка
бизнис интилегенција не знам како би излгледало во превод...
lead е водоење... не знам дал има и друго значење ..
проспект искрено појма неам што значи камоли прведо... проспект можи колу што знам да биди изгледи нешто да се оствари т.е нешто со иднина ...
или па да се работи за проспект како објект т.е во деловниот свет тоа е книже со кое за време на емисија на акции емитентот ги инфомриа потенцијалните инвеститори за подорбностите на емисијата
Мало појаснување: Овие термини се среќаваат во литературата на англиски јазик при деловни, поконкретно во продажни активности.
lead е лице (правно или физичко) кое е потенцијален клиент, направен е контакт со него но сеуште зделката не е договорена.
prospect е исто така потенцијален клиент но со ова лице продажниот процес е во некоја понапредна фаза, на пример изработена е детална понуда и се чека неговата одлука.
account е клиент, значи лице кое веќе купило наш прoдукт или услуга. мислам дека клиент е ОК.
sales pipline - сум сретнал дека кај нас се користи изразот 'мрежа на контакти' што мислам дека не е најдобар. Овој израз се однесува на сите оние лица (правни или физички) кои во моментов се контактираат за да се оствари продажба.
business intelligence - Се однесува на информации и технологи кои помагаат менаџерите да добијат увид во состојбата на бизнисот. Кај нас се користи изразот 'деловна интелигенција'. Во знглискиот зборот intelligence може да значи и интелигенција но и разузнавање и мислам дека овдека во има второво значење.
Јас секогаш се залагам за користење на македнски зборови, но јазикот е динамична категорија, се менува. Со напредокот на технологиите се јавува потреба од користење на нови термини. За жал институциите задолжени за овие работи, конкретно Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ не си ја вршат работата.
Затоа ме интересира кои термини се користат при секојдневата деловна комуникација.