Студенти Албанци за бојкот на изборите
Албанските студенти сметаат дека изборите кои ќе се одржат на 5-ти април треба да се бојкотираат.
Според нив нелогично е Албанците да гласат за претседател кој во својата платформа не нуди ништо за Албанците. Претседателот на Студентската Унија на ДТУ Гадаф Узаири го дели истото мислење со поголемиот број свои колеги.
„Би било подобро ако сите студенти Албанци, но и целото албанско население ги бојкотираат претседателските избори затоа што знаеме дека ние немаме сила да ги условуваме за ние да имаме некоја придобивка од нивната функција претседател. Би рекол нека излезат да гласат за избор на градоначалници, но за претседателските избори мислам дека е морално право да се бојкотираат“.
Агон Ферати претседател на Студентската Унија на УЈИЕ вели дека албанските политички субјекти требаше да бидат повнимателни и да ги поднесат нивните барања кон македонските субјекти кои го бараат гласот на Албанците.
„За жал јасно е дека нема конкретни условувања од албанската страна, дури може да се каже дека нема ни комуникација меѓу нив кога тие се убедени во тоа што го сакаат и не ја земаат во предвид албанската страна, а сепак ја достигнуваат целта“.
Студентите кои ги анкетираше Алсат-М се за бојкот на претседателските избори.
„Мислам дека е редно албанскиот народ да докаже дека неговиот глас вреди и мислам дека ова е најповолниот случај за да се каже колку вреди албанскиот глас и преку бојкотирање тоа ќе се докаже. Ова е мое лично мислење, затоа што никој од кандидатите ништо не спомена околу Албанците, за реализирањето на точките кои се бараат неколку години, затоа мислам дека бојкотот ќе биде оправдан“.
„Јас не планирам да гласам за претседател на државата затоа ќе ги бојкотирам“.
„Јас мислам дека Албанците треба да излезат само со поставени услови, за она што им недостига на Албанците во Македонија, што значи дека треба да условуваме, без оглед дали тие барања се големи. Но, мислам дека ова е последна опција затоа што цело време гласаме за македонските опции“.
„Не треба, јас мислам дека не треба затоа што е залудно, јас ќе излезам само за избори за градоначалници“.
„Ако не излезат Албанците, може да имаме повторни избори, јас мислам дека ова треба да им се направи и уште еднаш да имаме нови избори“.
„Според моето мислење и мислењето на другите студенти треба да ги бојкотираме, особено Албанците затоа што ги знаеме двајцата претседатели, едниот е про бугарски а Фрчковски е про српски насочен, според мене изборите во целост треба да се бојкотираат“.
http://alsat-m.tv/mk/index.php/vesti/zemja/11926.html