Грција е бељаџијата во регионот

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&EditionID=355&top=1&ArticleID=21511

САД, Велика Британија и другите сојузници треба да извршат силен дипломатски и политички притисок врз Грција и Словенија за да ги сопрат нивните агресивни намери и бесмислени барања кон Македонија и Хрватска, бара „Хенри Џексон сосајети“, влијателен институт од Велика Британија чии членови се професори од универзитетот Кембриџ и Оксфорд. „Со тоа што им даваат можност на Грција и на Словенија да го употребат правото на вето за влез на нивните соседи во евроатлантските групации, ЕУ и НАТО им помагаат на регионалните предатори да водат агресивна политика“, пишува Марко Атила Хоаре, аналитичар од организацијата и виш научен соработник на универзитетот Кингстон.

Деновиве и угледниот институт „Херитиџ“ во Вашингтон подвлече дека американската администрација треба да ги искористи дипломатските канали во Атина и во Брисел за да ја потсети Грција дека земјите-членки не треба да ги носат билатералните проблеми во НАТО и на тој начин да го блокираат проширувањето.

Аналитичарот на „Хенри Џексон сосајети“ во анализа под наслов „НАТО и ЕУ не треба да ја олеснуваат агресијата и експанзиционизмот во Југоисточна Европа“, бара да се укине правото на вето при влез на нови членки на НАТО. Според него, правото на вето би било помалку проблематично кога земјите-членки би биле навистина демократски и без агресивни амбиции.

„Не можеме да дозволиме интеграцијата на Источна и Југоисточна Европа во евроатлантските институции да биде заложник на билатералните проблеми, а уште помалку да се привилегираат државите што ги иницираат“, се вели во анализата. Според Хоаре, кој е истражувач на историјата на поранешна Југославија, со дозволата Грција да и стави вето на Македонија, западните влади и дале зелено светло и на Словенија да ја блокира и да ја уценува Хрватска.

Ова, според него, е опасен преседан што го олеснува патот за националистичките барања на некои земји-членки на НАТО и ЕУ.

„Тоа се случува и покрај фактот што ваквите агресивни политики го поткопуваат како западното општество, така и регионалната стабилност и се во спротивност со заедничките интереси на членките на НАТО и ЕУ“, пишува во анализата. Хоаре оценува дека Грција бара од Македонија да го смени името затоа што не го признава постоењето на македонската нација. „Во 1912-1913 Грција го освои делот од отоманската територија на Македонија, кој денес се нарекува грчка Македонија. Од тогаш води политика со која го форсира хеленизмот на оваа територија, преку искоренување, протерување и присилна асимилација на населението што не е грчко. Благодарение на ваквите мерки, територијата што во 1912 година имаше едвај две петтини етнички Грци, денеска е речиси етнички чиста. Политиката на етничка хомогенизација вклучува и негирање на постоењето на македонско етничко малцинство во Грција. Кога се распадна Југославија, Грција ја засили ваквата политика обидувајќи се да ја збрише од мапата новата независна држава Македонија, барајќи да го смени името“, пишува Хоаре. Тој Грција ја нарекува „бељаџијата во регионот“ што дејствува против интересите на Западот во Југоисточна Европа. Институтот во анализата уште подвлекува дека со ветото во Букурешт Грција ја прекршила Привремената спогодба и дека Македонија е подобар сојузник во демократскиот свет од Грција зашто учествува со поголем број војници во мировните мисии. Недостигот од притисок врз Грција, според Хоаре, е резултат на поддршката кон нашиот јужен сосед од францускиот претседател Никола Саркози. Тој додава и дека „исклучувањето на Македонија од евроатлантските интеграции се заканува да ја дестабилизира Македонија и да изврши катастрофални последици врз безбедноста на Балканот“.

Ив.К.
 
абе не ги навредувајте бе греота сме
Нели сме браќа со нив :) остај ти политика македониа името останува Македониа
а грците треба да сменат Егејска македонија да се вика ЕМ (егејска Македониа)
не бидете глупи:pos2:
 
Moра да се изврши притисок врз Гејција од страна на САД, Франција само ја турка и и дава мотив.Не смее да се злоупотребува правото на вето кое го има.
Неможе една земја да има толку непријатели.Со сите земји што се граничи би можело да има конфликти, Гејција е Израел ама на балканот.Само војна треба да се почни и да ја згазиме.
 
Дека Грција има проблеми со македонскиот идентитет знаеме сите:

Знаат и малите деца.

Знаат и странците.

Знаат и кокошките.

Само Фрчко и СДС тврдат дека предмет на преговор било само името и дека треба смешното име ФИРОМ(што они ни го закачија) да го замениме со друго. Па каде живеат овие луѓе? Дај бе да си ги осудиме за велепредавство, па јавна егзекуција, ко во некои поубави земји(Иран):pos2:.
 
Jas mislam deka ne treba popustanje za nisto na GEJCITE, tie ke bidat izlozeni na pritisok od Amerika i od Brisel vo nasa polza
 
абе не ги навредувајте бе греота сме
Нели сме браќа со нив :) остај ти политика македониа името останува Македониа
а грците треба да сменат Егејска македонија да се вика ЕМ (егејска Македониа)
не бидете глупи:pos2:
абе не ги навредувајте бе греота сме
Нели сме браќа со нив :) остај ти политика Mакедониjа името останува Македониjа
а грците треба да сменат Егејска Mакедонија да се вика ЕМ (Eгејска Македониjа)
не бидете глупи:pos2:

Неможев а да не поправам....

Гејланд е само едно разгалено европско галениче .... така да повикувањата на одредени личности или институции тешко дека ќе се земат во предвид
 
Грците одиграа со нас многу паметно, а нашиве политичари(и едните и другите) многу лошо.Според поларизацијата во нашата држава кај и да е ќе се свртиме едни против други.
 
ГРЦИЈА НЕПРИНИЦИПИЕЛНО ЈА БЛОКИРА МАКЕДОНИЈА ЗА НАТО И ЕУ

Хрватска и Албанија на претстојниот јубилеен самит на НАТО ќе станат дел од Алијансата. Се радуваме заради тоа, но сме разочарни што и Македонија нема да биде со нив, иако ги исполни сите услови за членство, вели премиерот Никола Груевски во колумната за денешното издание на германскиот весник „Ди Велт“.

- Македонија како и другите земји, ги исполни условите за членство во НАТО. Нашето место дури и потешко си го заработивме од останатите, преку долгогодишната поддршка на НАТО во косовската криза. Македонските мировници се целосно ангажирани во Авганистан, а учествувавме и во Ирак. Но, на Самитот во Букурешт во 2008 година од страна на Грција одеднаш беше воведен нов критериум за нашето членство: промена на нашето име, истакнува Груевски.

Според него, Атина во името Република Македонија наводно гледа непосредна опасност по својот национален сувернитет.

- Ова прашање во најдобар случај би било вредно за академска расправа. Но, токму поради тоа, Грција против нас воведе повеќегодишно економско ембарго, а сега го бојкотира нашето членство во НАТО и ЕУ. Ова се случи и покрај тоа што во 1995 година со нас потпиша спогодба, која ја обврзува Атина да го допушти нашето членство во меѓународни организации доколку тоа се случува со привремената референца. Ова за нив очигледно веќе не важи. И покрај нашиот ангажман за НАТО, нашиот сосед го бојкотира членството на Македонија во Алијансата и под привремената референца, додава Груевски.

Тој напоменува дека во спорот за името Македонија е подготвена и натаму да преговора со посредство на Метју Нимиц, но нема да дозволи уцени.

- Досега веќе ги променивме нашето знаме и Уставот само со цел да излеземе во пресрет на загриженоста на Грците. Но, дали некоја туѓа сила има право нам, на Македонците, да ни наложува како да се нарекуваме самите или како да не нарекуваат трети земји? Мислам не! Затоа апелирам до нашиот сосед Грција да се придржува до своите ветувања во Времената спогодба од 1995 година и да престане со блокирање на нашето членство во НАТО и ЕУ. Исто така, замолувам да ги удвоиме нашите напори да го решиме спорот за името со посредството на ОН, потенцира премиерот Никола Груевски во колумната за „Ди Велт“.

http://www.sitel.com.mk/?ItemID=469DF9FD778AEC418C09A54CA2FF8758
 
Грција би ја нарекла вака ( ХИТЛЕР на балканот ) :vozbud: :vozbud: :vozbud: кај испадна таква земја да ни биде сосед ц ц ц викам јас македонија е проколната земја...за никаде сме...:uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom