- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 777
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&EditionID=355&top=1&ArticleID=21511
САД, Велика Британија и другите сојузници треба да извршат силен дипломатски и политички притисок врз Грција и Словенија за да ги сопрат нивните агресивни намери и бесмислени барања кон Македонија и Хрватска, бара „Хенри Џексон сосајети“, влијателен институт од Велика Британија чии членови се професори од универзитетот Кембриџ и Оксфорд. „Со тоа што им даваат можност на Грција и на Словенија да го употребат правото на вето за влез на нивните соседи во евроатлантските групации, ЕУ и НАТО им помагаат на регионалните предатори да водат агресивна политика“, пишува Марко Атила Хоаре, аналитичар од организацијата и виш научен соработник на универзитетот Кингстон.
Деновиве и угледниот институт „Херитиџ“ во Вашингтон подвлече дека американската администрација треба да ги искористи дипломатските канали во Атина и во Брисел за да ја потсети Грција дека земјите-членки не треба да ги носат билатералните проблеми во НАТО и на тој начин да го блокираат проширувањето.
Аналитичарот на „Хенри Џексон сосајети“ во анализа под наслов „НАТО и ЕУ не треба да ја олеснуваат агресијата и експанзиционизмот во Југоисточна Европа“, бара да се укине правото на вето при влез на нови членки на НАТО. Според него, правото на вето би било помалку проблематично кога земјите-членки би биле навистина демократски и без агресивни амбиции.
„Не можеме да дозволиме интеграцијата на Источна и Југоисточна Европа во евроатлантските институции да биде заложник на билатералните проблеми, а уште помалку да се привилегираат државите што ги иницираат“, се вели во анализата. Според Хоаре, кој е истражувач на историјата на поранешна Југославија, со дозволата Грција да и стави вето на Македонија, западните влади и дале зелено светло и на Словенија да ја блокира и да ја уценува Хрватска.
Ова, според него, е опасен преседан што го олеснува патот за националистичките барања на некои земји-членки на НАТО и ЕУ.
„Тоа се случува и покрај фактот што ваквите агресивни политики го поткопуваат како западното општество, така и регионалната стабилност и се во спротивност со заедничките интереси на членките на НАТО и ЕУ“, пишува во анализата. Хоаре оценува дека Грција бара од Македонија да го смени името затоа што не го признава постоењето на македонската нација. „Во 1912-1913 Грција го освои делот од отоманската територија на Македонија, кој денес се нарекува грчка Македонија. Од тогаш води политика со која го форсира хеленизмот на оваа територија, преку искоренување, протерување и присилна асимилација на населението што не е грчко. Благодарение на ваквите мерки, територијата што во 1912 година имаше едвај две петтини етнички Грци, денеска е речиси етнички чиста. Политиката на етничка хомогенизација вклучува и негирање на постоењето на македонско етничко малцинство во Грција. Кога се распадна Југославија, Грција ја засили ваквата политика обидувајќи се да ја збрише од мапата новата независна држава Македонија, барајќи да го смени името“, пишува Хоаре. Тој Грција ја нарекува „бељаџијата во регионот“ што дејствува против интересите на Западот во Југоисточна Европа. Институтот во анализата уште подвлекува дека со ветото во Букурешт Грција ја прекршила Привремената спогодба и дека Македонија е подобар сојузник во демократскиот свет од Грција зашто учествува со поголем број војници во мировните мисии. Недостигот од притисок врз Грција, според Хоаре, е резултат на поддршката кон нашиот јужен сосед од францускиот претседател Никола Саркози. Тој додава и дека „исклучувањето на Македонија од евроатлантските интеграции се заканува да ја дестабилизира Македонија и да изврши катастрофални последици врз безбедноста на Балканот“.
Ив.К.