back_rest
ex mod coder
- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 1.590
- Поени од реакции
- 107
Истепаните студенти ќе бараат заштита од универзитетскиот сенат
недела, 29 март 2009, 18:15
По вчерашните протести на плоштадот во Скопје помеѓу студенти од Архитектонскиот факултет и поддржувачите на изградба на црква на плоштадот, во кој подебелиот крај пред очите на полицијата го извлекоа студентите, денеска студентскиот лидер Самуил Малчевски изјави дека не се чувствува повикан да коментира и осудува. Тврди дека вчера на протестите не препознал студенти од архитектура..
Во вчерашните инциденти на плоштадот во Скопје се појави и свештеникот од скопската епархија прота Стојко и уште неколкумина свештени лица. И по ден од инцидентот од синодот на МПЦ молк. Владиката Тимотеј портпарол на МПЦ вели дека не сака да коментира нешто што се случило надвор од неговата епархија.
Студентите на Архитектонскиот факултет кои го организираа вчерашниот протест денеска изјавија дека ќе се состанат за да одлучат како ќе реагираат понатаму по вчерашниот настан. Неофицијално дознаваме дека ќе побараат реакција од Универзитетскиот сенат, да ги земе во заштита како студенти на Универзитетот Свети Кирил и Методиј и да ги осуди напаѓачите.
Извор.
Доволно јасно.