Црвенковски и Керим работат со намера да пропаднат претседателските избори!

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Изборите кои се во тек се од исклучителна важност за Република Македонија. За важноста изборите да се случат во мирна, легална и демократска атмосфера се свесни безмалку сите во земјава и, токму затоа, првиот изборен круг помина на таков начин. Ова подразбира по изборите на мирен, легален и демократски начин да добиеме советници, градоначалници и претседател на држава. Но, безмалку сите не значи и - сите.

Веќе се зборува, во политичките и дипломатски кругови, дека Бранко Црвенковски и Срѓан Керим соработуваат за бојкот на вториот круг претседателски избори. Целта на бојкот е Срѓан Керим, овојпат како кандидат на СДСМ, да се појави на повторените избори и да се обиде да ја замаскира клиничката слика, односно да го дифузира поразот на СДСМ. Знаејќи дека Керим има мерак кон помпезни и гламурозни појави, Црвенковски деновиве има намера да го одликува со орден. Ем ќе му направи атер, ем двајцата ќе имаат јавна промоција. Предлагач за именување орден е главниот уредник на Дневник, Сашо Коколанов, и група истомисленици, меѓу кои и контроверзниот албански бизнисмен, сопственик на Алсат М, Веби Велија.

Подривањето на изборниот процес за претседател со ова добива нова димензија. Самиот факт дека Црвенковски го избра аутсајдерот Фрчкоски за кандидат на неговата партија за кој малкумина би гласале, беше знак дека тој има задна намера со изборите.

И во самата партија, во СДСМ, на денот на изборите се знаеше дека треба да се гласа за Љубе и тој, Бошкоски, а не Фрчкоски, да влезе во вториот круг. Бидејќи со таков избор, Иванов или Бошкоски, гласачите на СДСМ не би имале ништо заедничко - би се остварил тивок бојкот на изборите, и нивно пропаѓање. Враќањето на Црвенковски назад во СДСМ би се обележило со впечатокот дека освен него, и по него, Македонија не може да избере претседател. Но, гласачите не го послушаа Црвенковски и Фрчкоски, сепак, се најде во вториот круг.

Сега Црвенковски бара нови начини за подривање на претседателските избори. Му нуди соработка на Срѓан Керим, го презема бенефитот од неговиот авторитет и ја добива поддршката од весниците Дневник, Вест и Утрински, на кои Керим им е директор. Секој што последниве месец-два читал Дневник, Утрински и Вест може да забележи радикално заземена страна во полза на СДСМ откако Керим не бидна кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.
Новиот играч на СДСМ Љубе Бошкоски, по завчерашнатата средба со Црвенковски, изјави дека нема да ги повика неговите гласачи да гласаат за било кого. Не ги повика ни да гласаат воопшто.
Амбасадорот на ОБСЕ пред некој ден го повтори предупредувањето: изборите, вклучително и претседателските, мора да бидат успешни!

Сега е изборот на граѓаните. Ќе излезат, и гласајќи по свои избор, ќе придонесат за успешни и мирни избори, и отворање на вратата за соработка со ЕУ и НАТО, или ќе учествуваат во игри за лична политичка корист, а штета за сите.

Црвенковски традиционално ја темели својата политика на трикови и интриги од овој тип. Но, овојпат, намерата е откриена благовремено и секако ќе има последици на неговата понатамошна, партиска борба. Срѓан Керим има свој неспорен политички авторитет кој мошне евтино, речиси за бадијала, му го става на располагање на Црвенковски кој како премиер му подготви кривична пријава и истрага за финансиското работење на Керим додека бил амбасадор во Германија. Дали Керим е подготвен да помине преку тоа само за да се најде на кандидатската листа. Во таков случај треба да се види кој од нив двајца бил во право: Црвенковски кој го обвини Керим за проневера, или Керим кој истата ја демантираше. Освен тоа, малку е веројатно дека после вакви политикантски сплетки со уривање на претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои имаат прилично доминантна власт и поддршка во јавноста во моментов, би се согласиле да признаат дека се лузери и жртви, и би прифатиле да го поддржат Керим за претседател. А без нив, со поддршка од СДСМ, Керим би загубил на изборите и би завршил како некогаш угледен политичар кој кариерата ја завршува со изборен пораз, и со политикантски сплетки.

Без поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ Керим не би можел да биде избран за претседател. И тие избори би пропаднале, а Македонија би влегла во сериозна политичка криза. Тоа би се совпаднало со промоцијата и почетокот на Бранко Црвенковски како претседател на СДСМ, што би било повеќе од добро за негова промоција.

Како и да се случи, Црвенковски со орден за Керим, доделен по предлог на неговиот главен уредник од Дневник, би го имал Керим на располагање и за други потреби, како што со години си го држеше за истите цели и намери, Трифун Костовски. Времето покажа каде се денес и Црвенковски и Костовски.

Дали некој пишуваше, дека медиумите кај нас работат за политичките интереси на своите газди? Ги заборави ли директорите притоа?

(Р.В.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0317FEB53F8D1245B675AD475F611720
 
Komentar na nokjnite mori na Latas ? Covekov ima tezok son, pa sekoe sabajle ni gi preraskazuva kosmarite, a nie da go komentirame, abe aj.
 
Реторикава на ВЕЧЕР ...лол...??

Типично плачипичкосување
Секој што последниве месец-два читал Дневник, Утрински и Вест може да забележи радикално заземена страна во полза на СДСМ откако Керим не бидна кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.
 
Затоа Дневник нагло скршна од својата независност.
Во последно време неможам да го препознавам.
За Утрински ајде ги знам рециклираните комуњари од Нова Македонија.
Ама Дневник се повеќе ме изненадува негативно, во смисла на својата декларирана независност.
 
Реториката на вечер наспрема реториката на дневник, утрински, вест, шпиц, време и уште неколку други.:tapp::tapp:
 
Реториката на вечер наспрема реториката на дневник, утрински, вест, шпиц, време и уште неколку други.:tapp::tapp:

реторикава е онаа српската:рџавом к..рцу и длаке сметају....., не ми е јасно која е ова логикава на постојано барање на некакво оправдување , или градење на одстапница ..:)
Овој Гwујо ни во морскиот рејтинг, ни во другиот "успех" и слава не знае да ужива :)
 
Ќе има над 40% излезеност но и да нема, не знам што се радуваат едни, а стравуваат други, ако пропаднат претседателските избори, т.е. ако нема цензус?
Тогаш ќе се обидат уште еднаш да изберат, ако не го бива и тоа, ќе биде променет уставот со 2/3 мнозинство, претседателот да се бира од парламентот и ај сиктер на сите.
Не се секирајте толку, за се има решение.
 
Уште колку ли сценарија ќе има ?
 
Кога ќе дојде предизборниот молк и да уживам у читањето на форумот?:uvo::uvo:
 
Уште колку ли сценарија ќе има ?

Сценарија нека си има, само да нема режисери.

Па дури и нив да ги има, битно е да не се најдат сценски изведувачи.
 
Сценарија нека си има, само да нема режисери.

Па дури и нив да ги има, битно е да не се најдат сценски изведувачи.

Scenski izveduvachi se naodjaat najlesno.
Dodeka vo Makedonija ne osamne vakov naslov "почна судењето против еден од поранешните лидери на Црвените кмери " ke ima i scenaristi i reziseri. Kandidaturata na Frchkovski go ptvrduva toa....
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=49131&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
 
Патетика не сваќам зошто пуштаат вакви вести не го сваќам ни стравот кога ќе има доволна излезност за изборите,
што ви е филмот сте се усрале од фрле тепачот на жени кандидат на ќоравото сдсм?
не ги сваќам фабрикантиве и сценаристите за што се плашат ?Зошто упорно го форсираат бране како некој ми ти опасен отровен не знам што ти ми не кога човеков гарант ќе отиде у пензија ,нема рејтинг,нема кредибилитет а е нафатиран навелико од што се плашат нашиве овчички и пастирот заедно со се нив?
 
Патетика не сваќам зошто пуштаат вакви вести не го сваќам ни стравот кога ќе има доволна излезност за изборите,
што ви е филмот сте се усрале од фрле тепачот на жени кандидат на ќоравото сдсм?
не ги сваќам фабрикантиве и сценаристите за што се плашат ?Зошто упорно го форсираат бране како некој ми ти опасен отровен не знам што ти ми не кога човеков гарант ќе отиде у пензија ,нема рејтинг,нема кредибилитет а е нафатиран навелико од што се плашат нашиве овчички и пастирот заедно со се нив?


Ма не се плашат они од бране ,мане,фрле.....Највеќе се плашат од тоа да не го изгубат прстот(показалецот) за забава на широките народни маси и за одвлекување на вниманието на истите народни маси од
проблемите што допрва ни стигнуваат.Без фрле,бране,керим..... прстот нема да им е потребен или пак ќе мораат да го стават малце на главата и да размислат.:salut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom