Добро, имаше ваков револт и идеи за бунт кога се распадна (украде) скопска млекара? Нешто не видов тогаш рушење парламенти и тепање со полиција. А тогаш зошто не им цркнаа кравите на сточарите? Кога само битолска работеше, други приватни немаше, а откако се формираа беа со многу мал капацитет и малку на број. И ред други фирми, зикови... мзт-а, железари... не му текна некому тогаш да оди пред влада? А таа тогаш беше директно одговорна за сите присвојувања на фирмите (за помалку од евро). А Македонија Спорт?... Не се добројува. Сета невработеност потекнува од два извори- 1. превработеноста во претходниот поредок во СФРЈ и 2. начинот на приватизација на фирмите и вложување/инвестирање во нив за зголемување на капацитет и усовршување на производството.
Жито Лукс, Железара... сега-ден денес прашајте ги работниците што останаа како сеуште се распродаваат машините. Дали за ова е крива владата? Криви беа неколку души кои ја започнаа таа лавина на одземање на фирмите и имотот, а кои и ден денес изигруваат ослободители и душегрижници.
Но сепак, кога се презема власт/влада, сите побарувања, обврски, проекти таа влада ги наследува и треба да ги реши. Како фирма кога се купува, сите добра, недвижнини, но и долгови се наследуваат. Според тоа владата би требало да делува на разрешување на проблемите на стечајците од "загубарите" (ова загубари е во наводници од други причини-не беа во прав смисол загубари, ги заглавија сегашните газди со кредити со енормни камати) во 90-тите како и бранителите, без разлика што оваа влада не ги предизвикала тие стечаи.