Мене ме интересираше дали од правен аспект во одредени случаи имаат дел од одговорноста државните институции, како во случаите со повеќето пропаднати штедилници каде НБРМ требаше да ги контролира и укаже за ризиците (малку поголем % да имате во ризична група кредити, одма ви се намалува оценка и рејтинг на штедилница/банка), немањето ликвидност и слично. Дали во случај со фирми како Свидмилк каде гледаме дека допрва влегува инспекција (а настаните се од многу порано), дали овде нема дел од одговорноста некоја владина институција која можела да провери уште лани работата, ликвидноста, даноците, исплатите во оваа фирма.